Спорт
Кошаркарите го започнуваат настапот на Евро баскет 2011

Литванија од денеска до 18. септември ќе биде домаќин на 37-от Евро баскет. Дел од 24-те репрезентации, на најсилниот континентален турнир во историјата на ЕП, ќе бидат и репрезентативците на Македонија.
Литванија од денеска до 18. септември ќе биде домаќин на 37-от Евро баскет. Дел од 24-те репрезентации, на најсилниот континентален турнир во историјата на ЕП, ќе бидат и репрезентативците на Македонија. Избраниците на селекторот Марин Докузовски во Литванија по трет пат ќе играат на Европските првенства, на првото учество, во 1999 година во Франција, Македонија не ја мина првата фаза, десет години подоцна во Полска „црвено-жолтите“ го освоија деветото место. Македонија на Евро баскет 2011 година ќе се натпреварува во Б групата, каде противници ќе и бидат Црна Гора, Хрватска, Грција, Босна и Херцеговина и Финска. Прв противник на Перо Антиќ и дружината, денеска од 14:30 часот, ќе им биде селекцијата на Црна Гора, предводена од еден од најдобрите европски центри, НБА играчот, Никола Пековиќ. Двете селекции во подготвителниот период одиграа две средби, Црна Гора победи во Љубљана на турнирот на селекциите од поранешна СФРЈ со 67:57, Македонија за поразот се реваншира ВО Скопје, на Трофеј Македонија, резултатот беше 79:74. Македонија сите натпревари во рамките на Ц групата ќе ги одигра во Шаулеј, чии капацитет изнесува 5.700 места. Натпревари во Литванија ќе се играат уште во четири града, Каунас, Клаипеда, Вилнус и Пеневежис. Титулата освоена во 2009 година ќе ја брани репрезентацијата на Шпанија. крај/макфакс/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ренџерс добија засилување од Борнмут

Глазгов Ренџерс добија нов десен бек. На едно годишна позајмица од Борнмут во Глазгов пристигна 25-годишниот Макс Аронс.
Аронс ја помина претходната полусезона во Валенсија, каде што одигра само четири настапи.
Поранешниот млад репрезентативец на Англија се наметна во дресот на Норич, со кој двапати избори промоција во Премиер лигата. Потоа, во 2023 година, потпиша за Борнмут во трансфер вреден седум милиони фунти.
Во првата сезона, тој одигра 20 натпревари за „црешите“, но во наредната сезона одигра само три натпревари.
Спорт
Ал Наср го отпушти Сетфано Пиоли

Италијанецот Стефано Пиоли повеќе не е тренер на саудискиот фудбалски клуб Ал Наср.
„Пиоли и неговите соработници повеќе не се во тренерскиот штаб на првиот тим“, се вели во соопштението на Ал Наср.
Италијанските медиуми шпекулираат дека Пиоли ќе се врати во Италија и ќе ја преземе Фиорентина.
Тој ја водеше Фиорентина две сезони, до 2019 година, а потоа пет години го водеше Милан, со кого ја освои титулата во Серија А. Тој го напушти Милан на крајот од сезоната 2023/24 и го презеде Ал Наср неколку месеци подоцна, кога Луис Кастро беше отпуштен.
Договорот на играчот на Ал Наср, Кристијано Роналдо, со клубот истекува во понеделник, но јасно е дека Португалецот ќе ја продолжи соработката.
Ал Наср не бил шампион од 2019 година, а откако Роналдо пристигна пред две и пол години, клубот смени три тренери.
Тимот го освои третото место во првенството оваа сезона и ќе игра во Азиската Лига на шампиони.
Спорт
Хендерсон се договорил со Нотингем Форест

Џордан Хендерсон ќе биде првото засилување на Нотингем Форест во летниот преоден рок.
Поранешниот англиски репрезентативец и легенда на Ливерпул постигна принципиелен договор со „шумарите“. Наскоро ќе потпише двегодишен договор.
Хендерсон се враќа во Премиер лигата по три години. Претходно играше за Ал Етифак во Саудиска Арабија и Ајакс.