Спорт
Бурни, последни часови од преодниот рок
Заврши преодниот рок во сите европски фудбалски лиги, а како по правило, највозбудливо беше во Премиер лигата на Англија.
Заврши преодниот рок во сите европски фудбалски лиги, а како по правило, највозбудливо беше во Премиер лигата на Англија. Најголеми трансфери во последните часови се заминувањето на Микел Артета од Евертон во Арсенал, враќањето на Крег Белами во Ливерпул и трансферот на Раул Меирелеш, за сума од 13 милиони фунти, од Ливерпул во Челзи. Израелецот Јоси Бенајун не го смени градот, но ја смени екипата, од Челзи тој се пресели во Арсенал, слична е ситуацијата и со Скот Паркер, кој дресот на Вест Хем го замени со оној на Тотенхем. Тотенхем го напуштија Алан Хатон и Џермејн Џенас кои се нови играчи на Астон Вила. Од екипата на Хари Реднап замина и високиот напаѓач Питер Крауч кој е нов играч на Стоук. Стоук го засили нападот со Камерон Џером кој пристигна од Бирмингем и со фудбалерот на Тотенхем Вилсон Паласиос. Болтон се засили со Гаел Какута, тој како позајмен играч пристигна од Челзи, додека напаѓачот Давид Н`Гог за сума од четири милиони фунти пристигна од Ливерпул. Евертон кој остана без Артета го донесе некогашниот играч на Реал и Херкулес, Ројстон Дренте. Изненадувачки трансфер направи Џо Кол, тој од Премиер лигата се пресели во Франција и ќе настапува за актуелниот шампион Лил. Крилниот играч Шон Рајт-Филипс од Манчестер Сити замина во Квинс Парк Ренџерс, додека некогашниот англиски репрезентативец Овен Харгривс од Манчестер Јунајтед замина во градскиот ривал Сити. Арсенал покрај Артета потпиша и со јужнокореецот Парк Чу-јонг кој пристигна од Монако, додека клубот го напуштија Никлас Бентнер (Сандерленд) и Џоел Кембел (Лориен). Вест Хем одбраната ја засили со Гај Демел од Хамбургер, додека Шон Малони од Селтик премина од Виган. Во шпанската примера во последните часови од преодниот рок се случија неколку трансфери. Ромарик од Севиља се пресели во Еспањол, Атлетико Мадрид потпиша договор со Бразилецот Диего кој си замина од Волфсбург, додека во Сарагоза пристигнаа Хелдер Постига од Спортинг Лисабон и Луис гарсија од Еспањол. На Апенините последниот ден од преодниот рок го обележа трансферот на Диего Форлан од Атлетико Мадрид во Интер. Рома потпиша договор со Миралем Пјаниќ од Лион и со дефанзивецот на Волфсбург Симон Кјаер. Јувентус го напушти Зденек Григера кој замина во Фулам, додека нов член на „старата дама“ е Елиер Елиа. Актуелниот шампион на Италија, Милан, се засили со Антониот Ночерино. Двајца фудбалери за кои најмногу се зборуваше дека ќе ги сменат клубовите останаа таму каде што беа, Лука Мордиќ остана во Тотенхем, а Весли Снајдер во Интер. крај/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Сити за полувреме го реши Брајтон
Фудбалерите на Манчестер Сити убедливo славеа на гостувањето кај Брајтон со 4:0 (3:0) во натпревар од 29. коло на англиската Премиер лига.
Актуелните шампиони сите дилеми околу победникот ги решија во првото полувреме и тоа во интервал од 17 минути кога постигнаа три гола.
Кевин де Брујне го постигна првиот гол во кариерата со глава во 17. минута, по центаршутот на Кајл Вокер.
Потоа два гола постигна Фил Фоден во 26. и 34. минута, првиот од слободен удар со малку среќа, а вториот по груба грешка на одбраната на домаќините.
Хулијан Алварез во 62. минута ги постави конечните 4:0.
Избраниците на Пеп Гвардиола се втори на табелата, го прескокнаа Ливерпул, а имаа бод и натпревар помалку од лидерот Арсенал.
Спорт
(Видео) Димитријевиќ МВП на ВТБ лигата
Кошаркарот на Уникс, Ненад Димитријевиќ е прогласен за најкорисен играч на регуларниот дел сезоната на руската ВТБ лига.
Уникс прв заврши во лигата, првпат во историјата, а Македонецот беше еден од најзаслужните за ваков успех.
Сезонава Димитријевиќ имаше просек од 19 поени по натпревар со 6,6 асистенции, 3,6 скока и 1,3 украдени топки.
Во минатогодишното финале на ВТБ лигата неговиот тим ја совлада Локомотива (4:1), а Димитиријевиќ беше прогласен за МВП на финалната серија.
Сезонава во решавачкиот меч за првото место во регуларниот дел против ЦСКА Москва забележа рекордни 40 поени со девет асистенции.
„За мене е голема чест да ја добијам наградата МВП за регуларниот дел од сезоната на ВТБ лигата 2023/24“, изјави Димитријевиќ и додаде:
„Оваа година победивме во многу возбудливи натпревари и славевме во регуларниот дел од сезоната. Мислам дека ова е резултат на напорната работа на целиот тим. Би сакал да им се заблагодарам на ВТБ лигата, на мојот тим Уникс, на стручниот штаб на чело од Велимир Перасовиќ, медицинскиот штаб и нашите верни навивачи. Најголема благодарност до моите соиграчи, кои ми помогнаа да станам подобар играч.“
Спорт
Адријан Њуи ќе го напушти Ред Бул
Главниот директор за дизајн на Ред Бул, Адријан Њуи, треба да го напушти тимот по контроверзата, која вклучува обвинувања против шефот на тимот Кристијан Хорнер.
Њуи, кој важи за најдобар дизајнер во историјата на Формула 1, одлуката да го напушти тимот им ја сооптшил челниците на Ред Бул, објави денеска Би-би-си.
Адријан Њуи е вознемирен од ситуацијата во Ред Бул, откако Хорнер беше обвинет за сексуално вознемирување и насилно однесување кон колешка. Хорнер ги негираше обвинувањата, а тимот по спроведена интерна истрага ги отфрли обвинувањата против Хорнер и жената ја суспендираше од работа.
Тој има договор со Ред Бул до крајот на следната сезона, а претходно беше поврзуван со преселба во Ферари.