Спорт
Што сè ѝ направи Македонија на Шпанија, а другите не беа ниту блиску до тоа
Македонија единствена на турнирот водеше на полувремето против Шпанија, која само од нас прими 27 поени за една четвртина, имаме најдобар процент за два поени на меч против „фуријата“ и сето тоа со двајца играчи на паркетот (Владо Илиевски и Перо Антиќ), кои немаа ни edna секунда одмор вчера
Кошаркарската репрезентација на Македонија загуби во полуфиналето од европскиот првак Шпанија, но статистиката од натпреварот покажува дека момчињата на Марин Докузовски успеаја во многу категории вистински да ја намачат „Црвената фурија“, па дури да бидат и многу поуспешни од претходните противници што на ЕП во Литванија му се спротивставија на тимот на тренерот Серџо Скариоло.Така, никој на првенството не успеа да води на полувреме против Шпанија, освен се разбира, нашите херои, кои имаа предност од еден поен (45-44). Дури и селекцијата на Турција, која единствена ги порази Шпанците на ЕП во Литванија, на полувремето губеше, но на крајот победи, благодарение на фуриозната игра во последната четвртина (16-2). Токму оваа четвртина е најслабиот период што воопшто го одиграле Шпанците во Литванија и во оваа категорија ние сме „втори“, зашто втората четвртина во дуелот со утрешниот финалист ние ја добивме со девет разлика (27-18).Исто така, македонските репрезентативци се единствените на турнирот што успеаја да и’ дадат на Шпанија 27 поени за една четвртина, а најблиску до ова беа Полјаците (26) и Турција (25). Процентот на успешност за два поени е исто така највисок – Македонија гаѓаше со 59,2 отсто, а зад нас се Португалија со 57,4 и Франција со 54,5 отсто.Последно, но не и најмалку важно, Македонија е единствената селекција на турнирот што успеа да и’ се спротистави на Шпанија во меч во кој двајца наши кошаркари (Владо Илиевски и Перо Антиќ) беа присутни на паркетот во текот на сите 40 минути од мечот. Најблиску до нив се Германците Дирк Новицки и Хеико Шафарцик (двајцата по 36 минути). Токму затоа сите овие остварувања против тимот на Шпанија се неколкукратно повредни од остварувањето на другите репрезентации, за што признание по мечот ни даде и шпанскиот селектор Скариоло. Тој упати низа комплименти на адресата на македонскиот национален тим и додаде дека е среќен бидејќи Шпанците извојувале победа над многу квалитетна селекција.„Тимот што ја совлада Литванија среде Каунас никако не смее да биде окарактеризиран како слаб или наивен. Македонците се прикажаа во одлично светло на целиот шампионат, но и на мечот против нас. Тие се екипа што никогаш не се откажува, што секогаш игра со срце и со памет. Голема чест е да се биде во финалето токму по победа над еден олку квалитетен ривал“ – рече италијанскиот стратег.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Јунајтед стави 11 играчи на трансфер листата
Манчестер Јунајтед игра уште една лоша. Поради тоа Сер Џим Ретклиф и останатите челници на „црвените ѓаволи“ донеле радикална одлука, во летниот преоден рок на продажба ќе биде половина од тимот.
Шестото место, 53 бодови и 24 бодови зад лидерот Арсенал по 33 одиграни натпревари сигурно никого не задоволува на „Олд Трафорд“.
Покрај тоа, клубот го загуби финалето на Лига купот и заврши на четвртото место во групата на Лигата на шампионите во конкуренција на Баерн, Копенхаген и Галатасарај.
Пред неколку дена Манчестер Јунајтед на „мускули“, по изведувањето пенали го елиминираше Ковентри во полуфиналето на ФА Купот. За трофејот ќе игра против Манчестер Сити на 25 мај на Вембли.
Поради тоа во клубот донеле радикална одлука. 11 играчи ќе бидат ставени на трансфер листата и ќе можат да го напуштат клубот во летниот преоден рок.
На списокот има Во него има неколку звучни имиња:
Арон Ван-Бисака
Виктор Линделоф
Хари Мегваер
Рафаел Варан
Касемиро
Кристијан Ериксен
Антони
Дони Ван де Бик
Џејдон Санчо
Ентони Марсијал
Маркус Рашфорд
Спорт
Судењето на Манчестер Сити ќе започне во „блиска иднина“
Првиот човек на Премиер лигата, Ричард Мастерс, изјави дека „во блиска иднина ќе се одржи рочиште за случајот со Манчестер Сити по сите 115 точки“.
Бен Рамсби, истражувачки новинар на англиски Телеграф, ја објави веста на својот профил на мрежата „Х“.
Со коментар дека „ова е најблиску до кое Мастерс дошол да спомне конкретен датум“.
Некои информации кои се појавија во јавноста на крајот на минатата година укажуваа дека судењето би можело да започне есента 2024 година.
Сити е обвинет по 115 точки од обвинението за повеќекратни финансиски прекршоци. Истрагата започна уште во 2018 година и продолжи до почетокот на 2023 година, а беа проверени и одлуките и работењето на клубот од сезоната 2009/10.
Што значи тоа „во блиска иднина“ останува да видиме. Судењето веќе е одложено поради откривање на нови докази и сведоци подготвени да сведочат.
Спорт
Ибрахимовиќ му препорача тренер на Милан
Златан Ибрахимовиќ (42) од оваа сезона е советник за спортски прашања во фудбалскиот клуб Милан. Легендарниот шведски центарфор учествува во обликувањето на спортската политика на клубот, а наскоро „росонерите“ ќе треба да одберат нов тренер. Стефано Пиоли го напушта клубот на крајот на сезоната по пет години и едно освоено Скудето.
Италијанските медиуми пишуваат дека Златан лобира функцијата да ја преземе Марк ван Бомел (47). Поранешниот холандски играч за врска го предводи белгиски Антверпен.
Ибрахимовиќ и Ван Бомел играа заедно за Милан од јануари 2011 до јуни 2022 година. Наводно клубот веќе стапил во контакт со тренерот.
Ван Бомел во кариерата самостојно ги водеше ПСВ и Волфсбург, а работеше и како асистент во репрезентациите на Австралија и Саудиска Арабија. Во својата кариера настапуваше за Фортуна Ситард, ПСВ, Барселона, Баерн и Милан, а кариера ја заврши пред 11 години како играч на ПСВ Ајндховен.
Раководството на Милан размислува уште неколку кандидати. Според „Газета дело Спорт“, најголеми фаворити се Пауло Фонсека и Хулен Лопетеги. Фонсека е 51-годишен Португалец кој моментално раководи со Лил, а две години работеше во Италија како тренер на Рома.
Лопетеги (57) оваа сезона е без работа откако се раздели со Волвс, додека најпознат е по менаџирањето на Шпанија, Реал Мадрид и Севилја.