Спорт
Мекејлеб втор стрелец, Антиќ трет скокач
По денеска сумираните податоци францускиот репрезентативец Тони Паркер е најдобриот стрелец на Европското кошаркарско првенство во Литванија, со просек од 22,1 поен по меч, а македонскиот бек Лестер Бо Мекејлеб е втор со 21,4 кошеви по натпревар, а Перо Антиќ е трет скокач на турнирот.
По денеска сумираните податоци францускиот репрезентативец Тони Паркер е најдобриот стрелец на Европското кошаркарско првенство во Литванија, со просек од 22,1 поен по меч, а македонскиот бек Лестер Бо Мекејлеб е втор со 21,4 кошеви по натпревар, а Перо Антиќ е трет скокач на турнирот. По Паркер и Мекејлеб, следува Шпанецот По Гасол со 20,1, Германецот Дирк Новицки со 19,5, и уште еден Шпанец Хуан Карлос Наваро кои истовремено е прогласен и за МВРП на шампионатот, о 18.7 кошеви по натпревар.Во другите категории македонскиот капитен Перо Антиќ е трет меѓу најдобрите скокачи на првенството со 8,5 скокови по меч, додека репрезентацијата на Македонија е четврта во категоријата најдобри одбрани со примени 68,3 кошеви по натпревар.Шпанските кошаркари беа и најефикасни како екипа со просек од 85,2 кошеви постигнати по меч, пред Литванија со 81,6 кошеви и Франција со 79,6 кошеви по меч. Русите во просек примале најмалку поени на меч – 65,7 кошеви (Македонија постигна во двата порази со Русите 68 и 62 поени)Најдобар стрелец:1 Тони Паркер (Франција) просек од 22,1 поени2 Бо Мекејлеб (МАКЕДОНИЈА) 21,43 Пау Гасол (Шпанија) 20,14 Дирк Новицки (Германија) 19,55 Хуан Карлос Наваро (Шпанија) 18,7Најдобра скокач:1 Крис Каман (Германија) 10.0 скокови просек2 Омар Ашик (Турција) 8.53 Перо Антиќ (МАКЕДОНИЈА) 8.54 Пау Гасол (Шпанија) 8.35 Јоаким Ноа (Франција) 8.0Асистенции:1 Милош Теодосиќ (Србија) 5.72 Виктор Крјапа (Русија) 5.13 Шарунас Јасикевичиус (Литванија) 4.64 Tеему Ранико (Финска) 4.55 Тони Паркер (Франција) 4.4Најефикансни екипи:1 Шпанија 85,2 поени во просек,2 Литванија 81,63 Франција 79,64 Србија 78,35 Русија 74.2Најдобра одбрана:1 Русија 65,7 поени во просек,2 Грција 67,43 Турција 67.84 МАКЕДОНИЈА 68,35 Словенија 68,6./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Сити за полувреме го реши Брајтон
Фудбалерите на Манчестер Сити убедливo славеа на гостувањето кај Брајтон со 4:0 (3:0) во натпревар од 29. коло на англиската Премиер лига.
Актуелните шампиони сите дилеми околу победникот ги решија во првото полувреме и тоа во интервал од 17 минути кога постигнаа три гола.
Кевин де Брујне го постигна првиот гол во кариерата со глава во 17. минута, по центаршутот на Кајл Вокер.
Потоа два гола постигна Фил Фоден во 26. и 34. минута, првиот од слободен удар со малку среќа, а вториот по груба грешка на одбраната на домаќините.
Хулијан Алварез во 62. минута ги постави конечните 4:0.
Избраниците на Пеп Гвардиола се втори на табелата, го прескокнаа Ливерпул, а имаа бод и натпревар помалку од лидерот Арсенал.
Спорт
(Видео) Димитријевиќ МВП на ВТБ лигата
Кошаркарот на Уникс, Ненад Димитријевиќ е прогласен за најкорисен играч на регуларниот дел сезоната на руската ВТБ лига.
Уникс прв заврши во лигата, првпат во историјата, а Македонецот беше еден од најзаслужните за ваков успех.
Сезонава Димитријевиќ имаше просек од 19 поени по натпревар со 6,6 асистенции, 3,6 скока и 1,3 украдени топки.
Во минатогодишното финале на ВТБ лигата неговиот тим ја совлада Локомотива (4:1), а Димитиријевиќ беше прогласен за МВП на финалната серија.
Сезонава во решавачкиот меч за првото место во регуларниот дел против ЦСКА Москва забележа рекордни 40 поени со девет асистенции.
„За мене е голема чест да ја добијам наградата МВП за регуларниот дел од сезоната на ВТБ лигата 2023/24“, изјави Димитријевиќ и додаде:
„Оваа година победивме во многу возбудливи натпревари и славевме во регуларниот дел од сезоната. Мислам дека ова е резултат на напорната работа на целиот тим. Би сакал да им се заблагодарам на ВТБ лигата, на мојот тим Уникс, на стручниот штаб на чело од Велимир Перасовиќ, медицинскиот штаб и нашите верни навивачи. Најголема благодарност до моите соиграчи, кои ми помогнаа да станам подобар играч.“
Спорт
Адријан Њуи ќе го напушти Ред Бул
Главниот директор за дизајн на Ред Бул, Адријан Њуи, треба да го напушти тимот по контроверзата, која вклучува обвинувања против шефот на тимот Кристијан Хорнер.
Њуи, кој важи за најдобар дизајнер во историјата на Формула 1, одлуката да го напушти тимот им ја сооптшил челниците на Ред Бул, објави денеска Би-би-си.
Адријан Њуи е вознемирен од ситуацијата во Ред Бул, откако Хорнер беше обвинет за сексуално вознемирување и насилно однесување кон колешка. Хорнер ги негираше обвинувањата, а тимот по спроведена интерна истрага ги отфрли обвинувањата против Хорнер и жената ја суспендираше од работа.
Тој има договор со Ред Бул до крајот на следната сезона, а претходно беше поврзуван со преселба во Ферари.