Спорт
Челзи го напушта „Стемфорд бриџ“
Англискиот премиерлигаш Челзи се подготвува да го напушти својот досегашен стадион „Стемфорд бриџ“ на кој настапуваше 106 години, преку понудата до навивачите да се откупат акциите од стадионот кои им беа продавани во текот на 1990-те.
Англискиот премиерлигаш Челзи се подготвува да го напушти својот досегашен стадион „Стемфорд бриџ“ на кој настапуваше 106 години, преку понудата до навивачите да се откупат акциите од стадионот кои им беа продавани во текот на 1990-те.Како што пишуваат во вторникот британски Guardian, акционерите на компанија „Chelsea Pitch Owners“ која е основана во 1993 година, за да се сочува тогаш неизвесната иднина на клубот, во вторник ќе добијат понуда за откуп на акциите на стадионот. Оваа компанија купи имот во вредност од 10 милиони фунти со помош на заемот во висина од 8,5 милиони фунти, и сега се поставува прашањето дали отпишувањето на долгото од уште 1,5 милиони фунти ќе биде доволно за да се согласат на продажбата. Кога повторно би станал сопственик на овие акции, Челзи повеќе не би имал никакви пречки за продажба на стадионот „Стемфорд бриџ“ кој има капаците малку помалку од 42 илјади гледачи и со тоа е осми според големината фудбалски стадион во Англија и 60-ти во Европа. Според пишувањето на The Sun, новиот стадион на кој би настапувал Челзи, ќе има капацитет од 60 илјади гледачи што на клубот би му носел годишен приход од 50 милиони фунти по сезона. Иако од клубот нагласуваат сека се уште не е откриена локацијата којашто би можела да стане новиот фудбалски дом на Челзи, британските медиуми потсетуваат дека во минатото биле разгледувани локациите Батерси Најн Елмс, Ирлс Курт, Олимпиа, Вајт сити и Имепријал Варф, како можни места на кои би можел да биде подигнат новиот стадион, но се покажале како неадекватни. /крај/хи/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Гулит: Арсенал-Челзи? Ужасен фудбал
Легендарниот Холанѓанец, поранешен освојувач на Златната топка и член на славната генерација на Милан, Руд Гулит, не крие дека е разочаран од она што го нуди модерниот фудбал.
„Во последно време не уживам гледајќи фудбал. Го гледав натпреварот Арсенал-Челзи за време на викендот. Ужасен натпревар. Беше како да гледам Стратего. Ужасен натпревар за гледање. Се надевам дека ова нема да стане тренд. Секој играч е во супер форма, но ни недостасуваат фудбалери како Ламин Џамал, кој може да ги надигра ривалите“, рече Гулит гостувајќи во ТВ емисија во Холандија..
Холанѓанецот откри што најмногу му пречи.
„Ги видов играчите како се обидуваат да изнудат корнер, аут, видов момчиња како собираат топки, им додаваат крпи на фудбалерите. Играчите станаа изведувачи на задачи на теренот, преоптоварени се со барањата на тренерот. Сè изгледа како компјутерска игра, како да се контролирани од страна.“
Гулит исто така кажа што му недостасува кога гледа натпревари.
„Ми недостасува забавата, креативноста. Денес сите ја додаваат топката. Додавања, додавања, додавања. Каде се играчите со мад..а!? Каде се дриблерите“, постави реторичко прашање Руд Гулит.
Foto/ depositphotos
Спорт
(Видео) Винисиус провоцира, а не трпи провокации
Хетефе, синоќа приреди вистинска сензација, на „Сантијаго Бернабеу“ го победи Реал со 1:0. Малиот клуб од Мадрид, освои важни бодови во борбата за опстанок и воедно го оддалечи реал од трката со Барселона за шампионската титула.
Натпреварот го реши спектакуларниот гол на Мартин Сатријано во 39-та минута. Хетафе ја забележа прввата победа на теренот на Реал по цели 18 години.
Многу тензии, особено во финишот, го обележаа натпреварот. Главниот судија покажа десет жолти и два црвени картони.
Кога натпреварот заврши, во центарот на винанието беа дефанзивецот на Хетафе, Алан Нијом, кој воопшто не играше и кој друг ако не Винисиус Жуниор. Бразиелцот, од немоќ беше нервозен во текот на целиот натпревар, доби и ѓолт каартон, а поради честите приговири и распаравии со противниците, лесно можеше да добие уште еден.
По мечот Алан Нијом, му упати неколку зборово, што дополнително го разгневи Бразилецот. Нијом му се ситеше на Винисиус за се она што се случи на пвиот натпревар меѓу двата тима, кога Реал со многу контоверзи славеше со 1:0.
Трагичар беше токму Нијом. Влезе во финишот на мечот, да ја засили дефанзивата, а доби црвен картон по само 38 секунди минати на теренот. Потоа Мбапе го постигна голот за победа.
Тогаш Винисиус го провоцираше тренерот на Хетафе, Хосе Бордалас.
„Винисиус ми пријде и рече: „Многу добра измена“. Не мора да дојде и да ми го каже тоа, не мора да дојде и да ме провоцира. Нема што да се објаснува, тоа ми го кажа, а јас му реков да се фокусира на играта“, рече Хозе Бордалас по првиот натпревар, а потоа и Хуан Иглесијас имаше порака за Винисиус:
„Затоа сите те мразат, учи од соиграчите.“
Foto/ EPA
En la ida expulsaron a Nyom y Vinicius se burló del camerunés y de Bordalás. El karma es maravilloso. pic.twitter.com/eXO1t90hz1
— -1899- (@_Futbolero_) March 2, 2026
Спорт
Познато е дали Мбапе ќе мора да се оперира
Реал Мадрид по синоќешниот пораз од Хетафе (0:1), се соочува со уште еден проблем. На „Сантијаго Бернабеу“ не се сигурни дека Килијан Мбапе ќе игра против Манчестер Сити следната недела во осминафиналето на Лигата на шампионите.
Францускиот репрезентативец ги повреди лигаментите на коленото на левата нога кон крајот на 2025 година, но играше натпревари за Реал. Сепак, повремено повредените лигаменти предизвикуваа такви проблеми што мораше да пропушти некои натпревари.
Тој не играше во реваншот од нокаут фазата на Лигата на шампионите против Бенфика, по што отпатува во Париз на дополнителни прегледи.
„Во договор со клубот, беа направени тестови на коленото со цел да се пронајде најдобриот начин за закрепнување и подготовка за враќање на теренот. Засега не е планирана операција“, се вели во соопштението на тимот на Мбапе.
Привремениот тренер, Алваро Арбелоа, кој го замени Чаби Алонсо во јануари рече дека на Мбапе му е потребно време за да се врати во целосна физичка подготвеност.
„Тоа беше консензус на сите страни и сметаме дека е најдобро тој да застане, да се опорави и да се врати, а потоа да биде на 100 проценти. Нема да биде прашање на денови, ќе биде малку подолго, но не можам да кажам колку долго ќе трае. Се надевам дека нема да биде предолго“, рече Арбелоа.
Мбапе постигна 38 гола на 33 натпревари оваа сезона во сите натпреварувања.
Foto/ depositphotos

