Спорт
Бекам сака на Олимпијадата следната година
Иако има 36 години и е многу блиску до завршувањето на фудбалската кариера, еден од најдобрите англиски фудбалери во историјата, Дејвид Бекам откри дека неговата преокупација е настапот на Летните олимписки игри што во 2012 година ќе се одржат во неговиот роден град Лондон.
Иако има 36 години и е многу блиску до завршувањето на фудбалската кариера, еден од најдобрите англиски фудбалери во историјата, Дејвид Бекам откри дека неговата преокупација е настапот на Летните олимписки игри што во 2012 година ќе се одржат во неговиот роден град Лондон. „Не ми е важно каде ќе ја продолжам кариерата. Не е битно дали ќе останам во ЛА Галакси, ќе минам во ПСЖ или во некој друг клуб. Единствено ми е важно да играм за да можам да изборам настап во репрезентацијата за Олимписките игри во Лондон“, вели Бекам. Дејвид Бекам е роден во лондонската четврт Лејтонстон и настапот во својот роден град на Олимпијадата е неговата голема желба,„Мечтаам, за тоа да со репрезентацијата на Велика Британија о градот во кој израснав да го освојам олимпиското злато. Само да се биде дел од екипата на Велика Британија би била голема работа“, изјави поранешниот капитен на англиската репрезентација, играч на европските фудбалски гиганти Манчестер јунајтед и Реал Мадрид.Британските медиуми пишуваат дека главен кандидат за селектор на британскиот олимписки тим е Стјуарт Пирс, сегашен селектор на англиската репрезентација за играчи до 21 година. На фудбалскиот турнир на Олимписките игри настапуваат селекции од фудбалери до 23 години, кои можат да се засилат со тројца играчи постари од оваа возраст./крај/хи/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ајакс го отпушти Хајтинга
По серијата лоши резултати, особено во Лигата на шампионите, Ајакс одлучи да го отпушти тренерот Џон Хајтинга.
Дебаклот против Галатасарај дома во Лигата на шампионите беше јасен знак дека е потребна промена на тренерската позиција. .
По четири кола од елитното натпреварување, Ајакс е на последното место без бодови, додека не им оди добро ниту во домашното првенство.
Тие моментално се на четвртото место со осум бода помалку од ривалите Феенорд и ПСВ, кои се на врвот на табелата.
Хајтинга беше член на тренерскиот штаб на Арне Слот во Ливерпул минатата сезона, каде што ја освои титулата во Премиер лигата, пред да одлучи да си замине и да започне самостојна работа во Ајакс.
Ајакс во следниот натпревар ќе ја предводи Фред Грим, кој ќе биде таму додека не дојде нов тренер.
Како ново решение се споменува Ерик тен Хаг, кој е без работа откако беше отпуштен во Баер Леверкузен.
Спорт
(Видео) Шкендија во 100-та минута остана без победа против Јагиелонија
FOTO/ EPA/GEORGI LICOVSKI
Во трилер завршница Шкендија остана без победа против Јагиелонија, во третото коло, во Конференциската лига. Дуелот во Скопје заврши 1:1, со што Шкендија го освои четвртиот бод и се наоѓа во група од осум тима, кои се наредени од 15-то до 22-то место на табелата.
Лиридон Љатифи во 49-та.минута со удар со глава по корнерот на Вебстер од десната страна, ја доведе Шкендија во водство.
Шкнедија беше на чекор до победата, кога во 96-та минута послкиот тим остана со фудбалер помалку на теренот, но не издржа.
По 100-та минута, Серхио Лозано успеа да израмни на 1-1.
Спорт
Ван Бастен. Го ограбија Бриж против Барселона
Легендарниот Марко ван Бастен жестоко ги критикуваше судиите по драматичниот натпревар од Лигата на шампионите во кој Клуб Бриж остана без голот за победа против Барселона во судиското надополнување на времето.
Холанѓанецот тврди дека белгискиот тим бил „ограбен“ откако ВАР системот го поништи голот за 4:3. Натпреварот заврши со резултат 3:3.
Погледнете ја контроверзната ситуација во приложеното видео од 11:14 минута.
Ромео Вермант постигна гол во судиското надополнување за 4:3. Сепак, прославата на домашниот тим беше прекината по долгата проверка на ВАР, а голот беше поништен поради прекршокот на Вермант врз голманот на Барселона, Војчех Шчесни.
Одлуката ја разбесни легендата на Милан и холандскиот фудбал, Марк ван Бастен.
„Клуб Бриж беше ограбен. Голот за 4:3 не требаше да биде понштен. Немаше фаул врз Шчесни, не го допре. Шчесни го направи да изгледа како прекршок, но не беше“, извика трикратниот освојувач на Златната топка.

