Спорт
ИТФ и компаниите го местеле жребот во полза на Надал и Федерер
Катарина Пијетловиќ, професорка по спортско право на Универзитетот во Талин, тврди дека Меѓународната тениска федерација(ИТФ) и производителите на спортска опрема го местеле жребот за во финалето да играат Рожер Федерер и Рафаел Надал.
Катарина Пијетловиќ, професорка по спортско право на Универзитетот во Талин, тврди дека Меѓународната тениска федерација(ИТФ) и производителите на спортска опрема го местеле жребот за во финалето да играат Рожер Федерер и Рафаел Надал.
Таа на Антикорупциски симпозиум во Келн изнесе сериозни сомнежи во регуларноста на ова натпреварување, јавува Б92.
Пијетловиќ објави податок дека Новак Ѓоковиќ и Федерер од 2008 година 12 пати на Грен слемовите секогаш биле во истиот дел на жребување, без оглед на тоа дали биле рангирани како втор и трет, или како прв и трет на АТП листата. Шансата за такво нешто е 0,02 отсто.
„Тоа вие како да фрлите паричка 12 пати и секој пат да падне на онаа страна со бројката. Жребот се прави така што првиот на светот се става на врвот на еден дел од „скелетот“, а вториот на дното на вториот. Третиот, потоа, се уфрла во еден од тие два дела, како и четвртиот. Во сите случаи, секогаш Ѓоковиќ се поклопувал со Федерер, а Мареј со надал. Тоа е работено бидејќи преовладуваше ставот дека Швајцарецот полесно излегува на крај со Србинот, а Шпанецот со Шкотот. Со тоа, верувам дека овие жребови биле подложни на манипулација и дека Новак Ѓоковиќ бил во помалку добра ситуација во однос на другите, а сè заради профит во светот на бизнисот“, тврди Пијетловиќ.
Таа додава дека целата работа е потврдена и преку статистиката, која не греши.
„Направивме симулација на жребот и во само три од 1.000 случаи се поклопија Федерер и Ѓоковиќ. Не мислам дека тоа е случајно“, рече Пијетловиќ. /крај/б92/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Иџе во поход по нова европска титула: „Очекувам добра трка“
Трикратниот европски шампион, Игор Стефановски Иџе овој викенд со трката во Австрија започнува нова сезона во која ќе се обиде да стигне до четвртата титула во Европскиот шампионат на ридски патеки (еHC).
Летечкиот Македонец, Игор Стефановски викендов пред нов предизвик. Во Австрија, на патеката Рекбер тој ќе го започне својот најнов поход на Европскиот шампионат на ридски патеки, кој и годинава има 10 трки. Шампионатот започнува на 28.04.2024, а ќе заврши во септември со трката во Хрватска.
Стефановски и оваа сезона не ги крие своите шампионски амбиции, за кои верува дека ќе може да се реализираат, особено затоа што годинава на патеката ќе управува со новиот автомобилски ѕвер од Ферари 488 B8, специјално дизајниран за овие патеки.
„Очекувам добра трка. Посакувам да постигнеме одличен резултат. Би сакал да се заблагодарам на мојот тим, како и на тие кои го препознаа потенцијалот и ме поддржуваат за натпреварувањата во оваа сезона, особено моите спонзори кои веруваат во мојот потенцијал “- вели Стефановски.
Минатата година Иџе во текот на целата сезона беше во сигурна доминација со седум победи на 10 трки.
Спорт
Хулкенберг од наредната сезона во Заубер
Германскиот автомобилист Нико Хулкенберг од 2025 година, ќе има нов работодавец. 36-годишникот ќе вози за тимот на Кик Заубер.
„Среќен сум што возам за Кик Заубер од 2025 година и што во иднина ќе го претставувам германскиот производител на патеките во Ф1“, објави Нико Хулкенберг на социјалните мрежи.
Од 2026 година во Заубер влегува германскиот производител Ауди.
Хулкенберг е член на тимот на Хас во тековната сезона, а неодамна беше објавено дека нема да ја продолжи соработката со американскиот тим.
„Хулк“ дебитираше во Формула 1 во 2010 година како возач на Вилијамс на Големата награда на Бахреин. Во меѓувреме освои една пол-позиција.
Во претходната сезона, Хулкенберг го заврши натпреварувањето на 16. место во генералниот пласман во Ф1 со девет бодови.
Спорт
(Видео) Кари е најдобар „клач“ игра во НБА
Кошаркарот на Голден Стејт, Стеф Кари ја доби наградата „Џери Вест“ која му се доделува на најдобриот играч на НБА лигата во решавачките моменти од натпреварите во регуларниот тек на сезоната.
Во НБА, последните пет минути од последната четвртина или продолжението кога еден од тимовите има најмногу пет поени предност е дефинирано како „период на одлука“.
Како што соопшти НБА, Кари победи со вкупно 298 поени, а зад себе ги остави Демар Дерозан (Чикаго) (272), Шеј Гилџис-Александер (Оклахома) (160) и Никола Јокиќ (Денвер) (85).
Тој во регуларниот дел постигна 189 поени, во решавачките моменти, Демар Дерозан 182, додека Гилџис-Александер постигна 112 поени.
Неговите Голден Стејт Вориорс не влегоа во плеј-офот, беа елиминирани од Сакраменто Кингс во првиот плеј-ин натпревар.
Кари оваа сезона имаше просек од 26,4 поени, 4,5 скока и пет асистенции по натпревар.