Спорт
Сити, Ливерпул и Челзи во четвртфиналето од Лига купот
Откако во средата Манчестер јунајтед и Арсенал се пласираа во четвртфиналето од англискиот Лига куп или попопуларно Карлинг купот, во четвртокот тоа го повторија и Манчестер сити, Ливерпул и Челзи.
Откако во средата Манчестер јунајтед и Арсенал се пласираа во четвртфиналето од англискиот Лига куп или попопуларно Карлинг купот, во четвртокот тоа го повторија и Манчестер сити, Ливерпул и Челзи. Забревтаниот Манчестер сити докажа дека реално е вбројуван меѓу најголемите фаворити за освојување на овогодишниот англиски фудбалски шампионат. Откако во неделата го декласираше градскиот ривал и актуелен првак Манчестер јунајтед со 6:1, во четвртокот го совлада домаќинот Вулверхемптон со 5:2. Притоа треба да се одбележи дека менаџерот на Сити, Роберто Манчини се реши вчера да им даде шанса на играчите кои обично седат на клупата, комбинирајќи го составот со фудбалерите кои покажуваат добра форма, па така во тимот на манчестерските „граѓани“ се најдоа резервниот голман Костел Пејнтилмон, младиот Црногорец Стефан Савиќ, Италијанецот Лука Скапуци, Најџел де Јонг и Абдул Разак, а од првата минута играше и босанскиот интернационалец Един Џеко. Иако домашните поведоа во 19 минута преку српскиот репрезентативец Ненад Милијаш, при крајот на првото полувреме Сити за само три минути преку Џонсон во 37, Насри во 40 и Џеко во 41 минута направи пресврт и со предност од 1:3 замина на одмор. Во второто полувреме Скапуци во 50 и уште еднаш Џеко во 64 минута ја запечатија судбината на Вулврехемнтон кој во 65 минута успеа само да го ублажи поразот преку Џејми О’Хара. Ливерпул гостуваше кај Сток сити и забележа победа од 2:1, благодарејќи на пресвртот што беше дело на двојниот стрелец Уругваецот Луиз Суарез кој беше ефикасен во 54 и 85 минута. Сток поведе во 43 минута преку Џонс.И Челзи забележа гостинска победа, но дури по продолжетоците го совлада Евертон. Победничкиот гол во 116 минута го постигна Андаверис. Мечот што се играше во Ливепрул изобилуваше се интересни моменти. Така, откако гостите од Лондон поведоа со голот на Салмон Калу во 38 минута, во 58 минута нивниот резервен голман Рос Тарнбал доби црвен картон, па менаџерот на Челзи, Португалецот Андре Вила-Боаш од клупата во игра го внесе првиот голман Петр Чех. Евертон по применито гол тргна во офанзива што резултираше о голот на Луис Саха во 83 минута, одведувајќи го мечот во продолженија. Но во 107 минута, силите на теренот бројно се изедначија, откако од игра беше исклучен фудбалерот на Евертон, Дренте, а девет минути подоцна следуваше голот на Челзи. Вилаш-Боаш на овој меч освен што се обиде да го одмори Чех, ги изостави и Хуан Мата, Фернандо Торес и Франк Лампард.Тежок пат до четврфиналето имаше и Блекбурн, кој на својот „Ивуд парк“ со 4:3 го совлада Њукасл во продолженијата, откако мечот во регуларниот дел заврши без победник 2:2. Откако домашните имаа водство постигнато со головите на Рочина во 5 и Јакубу во 64 минута од пенал, гостите изедначија буквално во последните мигови од мечот со головите на Гатри и Кејбеји во 90 минута. Преку Педерсен во 99 минута Блекбурн повторно дојде во водство а за Њукасл повторно изедначи во 106 минута со голот на Ловенкрандс. Последната минута од второто продолжение овојпат беше среќна за домаќините – стрелец во 120 минута беше Гивет. Во вторникот Арсенал го совлада Болтон со 3:1, Алдершот таун – Манчестер јунајтед 0:3,м Кардиф сити – Барнсли 1:0 и Кристал палас – Саутемптон 2:0./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Рајмунд сензационален победник на малата скокалница
Германецот Филип Рајмунд ја шокира конкуренцијата и го освои златниот медал на малата сколаница на Зимските олимписки игри во Милано и Кротина.
Покрај Германецот изненади и Полјакот Каспер Томашијак, тој заврши на втората позиција.
Оценките на судиите беа пресудни, во борбата межу нив двајца. Филип Рајмунд го освои златниот медал, и покрај тоа што Каспер Томашјак имаше подолги скокови и во првата и во втората серија. Благодарение на неговиот добар стил и доскок, Германецот стана олимписки шампион и покрај тоа што нема ниту победа во Светскиот куп.
Бронзата им припадна на Грегор Дешванген од Швајцарија и Рени Никаидо од Јапонија.
Разочара Словенецот Домен Превц, победникот на Новогодишната турнеја и светски првак во ски летовите. На крајот го освои шестото место.
Следниот натпревар, мажите ќе го имаат на 14 февруари на големата скокалница, ден подцна ќе се натпреваруваат и дамите.
Foto/ EPA
Спорт
Кам-бек на Серена Вилијамс
Серена Вилијамс се враќа на тениските терени.
Оваа ексклузива ја објави американскиот новинар Бен Ротенберг на својот блог.
„До крајот на овој месец, Серена Вилијамс, ќе се стекне со право да се натпреварува, бидејќи завршува шестмесечна програма за тестирање на нејзините можности“, напиша Ротенберг и додаде:
„Враќањето на Серена сега е официјално – официјално“.
Сопственичката на 23 гренд слем трофеи во сингл не играла професионален тенис 1.256 дена, практично откако загуби во третото коло на Отвореното првенство на САД од Ајла Томљановиќ на 2 септември 2022 година.
Една од најголемите тенисерки на сите времиња има 44 години и две деца.
Серена го имаше своето професионално деби во октомври 1995 година, пред 31 година.
Во меѓувреме, таа освои 73 титули во поединечна конкуренција, вклучувајќи седум титули на Австралија Опен, три на Ролан Гарос, седум на Вимблдон и шест титули на Ју-ес Опен.
Таа има и 23 титули во двојки, од кои 14 на „главните турнири“, каде што оствари и два триумфа во микс-дубл. Освои една титула во ФЕД и две во Хопман купот, секако е важно да се споменат четири олимписки златни медали – едно во поединечна конкуренција (2012) и три во двојки (2000, 2008 и 2012) освоени со постарата сестра Венус.
Серена Вилијамс помина 319 недели на врвот на ранг-листата на ВТА.
Ова ја прави втора најуспешна тенисерка во историјата според тој критериум, зад Штефи Граф (377 недели).
Foto/ depositphotos
Спорт
„Ова е доказ зошто ВАР системот апсолутно не функционира“
Легендарниот дански голман Петер Шмајхел се приклучи на дискусиите и негодувањата по дербито меѓу Ливерпул и Манчестер Сити, кое гостинскиот тим го доби со 2:1.
Некогаш еден од најдобрите голмани во светот не штедеше зборови кога коментираше за судењето и примената на ВАР технологијата.
Шмајхел, кој долго време јавно го оспорува воведувањето на видео асистентот во фудбалот, конкретно се осврна на ситуацијата на крајот од натпреварот на „Енфилд“.
Контроверзен момент беше поништениот гол на Рајан Шерки, со кој Сити можеше да поведе со 3:1, додека во исто време Доминик Собослај доби црвен картон, откако претходно го фаулираше Ерлинг Халанд.
Поранешниот голман на Манчестер Јунајтед и Сити им изјави на англиските медиуми дека не гледа логика во таквата одлука, потсетувајќи дека главниот судија Крег Посон првично го призна голот. Дури по консултација со својот колега Џон Брукс од ВАР собата ја променил својата одлука.
Шмајхел вели дека интервенцијата била целосен неуспех.
„Едноставно не разбирам. Одлуката на теренот е гол. Требаше така да остане. За мене, ваков епилог е доказ зошто ВАР апсолутно не функционира. Нема смисла да им се дозволи на судиите да прават нешто вакво… Која е целта? И Ливерпул сакаше голот да биде потврден, бидејќи кога го поништија црвен картон доби Собослај“, рече меѓу другото Петер Шмајхел.
Сличен став изрази и менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, кој по натпреварот оцени дека одлуката не и користи на ниту една страна, прашувајќи „каде е тука здравиот разум?“.

