Спорт
Фергусон: Повредата на Видиќ голем проблем
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон, смета дека повредата на капитенот Немања Видиќ е голем удар за клубот, но е уверен дека има фудбалери кои можат успешно да го заменат.
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон, смета дека повредата на капитенот Немања Видиќ е голем удар за клубот, но е уверен дека има фудбалери кои можат успешно да го заменат. „Неговото неиграње ќе претставува голем проблем за нас, сите можеа да забележат колку ни недостигаше на почетокот од сезоната кога беше повреден. Тој е извонреден човек, врвен фудбалер кој одлично се снаоѓа во казнетиот простор. Сепак, имаме неколку фудбалери кои можат да го пополнат неговото место, Еванс, Џонс, Смолинг, а тука секако е и Рио“, рече Фергусон. Видиќ, во средата навечер, на натпреварот во Базел, во Лигата на шампиони, ги скина лигаментите на коленото и нема да биде во составот на Манчестер до крајот од сезоната. „Веднаш беше видливо дека во прашање е сериозна повреда. Немања во понеделник ќе оди кај лекар специјалист и тогаш ќе знаеме како ќе се одвива неговата рехабилитација. Сигурно е дека, поради отокот на коленото, нема да може веднаш да замине на операција“, појасни Фергусон. Манчестер Јунајтед со поразот во Базел се прости од Лигата на шампиони и ќе продолжи да игра во Лига Европа. Фергусон првично изјави дека тоа е заслужена казна за неговиот тим, но потоа го корегира својот став. „Тоа е добро и силно натпреварување, погледнете само кои екипи играат во Лига Европа. Реков казна затоа што овој клуб во последните 20 години константно игра во Лигата на шампиони“, изјави трофејниот стратег. Фергусон нагласи дека Манчестер Јунајтед ќе се обиде да го освои пехарот во Лига Европа. Овој трофеј сер Алекс го нема освоено во својата кариера. крај/б92/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Неверојатниот Клебо победи во спринтот
Јоханес Хесфлот Клебо го освои седмиот златен олимписки медал.
Фантастичен ден имаше Клебо во трката со спринт во класичен стил во крос-кантри на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина.
Клабо го освои второ злато на овогодинешните Игри, откако претходно победи во скијатлонот 10+10 километри. Во кариерата има седум златни олимписки медали, на вечната листа пред него, со осум е само неговиот легендарен сонародник, Бјорн Дели.
Клебо ја заврши последната трка за 3:39,74, пред Американецот Бен Огден, кој го следеше брилијантно и конечно ја помина целната линија со само 0,87 секунди заостанување. Огден беше деветти во оваа дисциплина пред четири години во Пекинг, а ова е неговиот прв олимписки медал во кариерата.
Бронзата оди во Норвешка, а ја освои Оскар Опстад Вике, кој беше 6,81 секунди зад шампионот. Ова е и првиот олимписки медал на Вике.
Во квалификациите во оваа дисциплина се појави и македонскиот репрезентативец, Ставре Јада. На крајот во конкуренција на 95 натпреварувачи, го освои 88-то место.
Foto/ EPA
Спорт
Швеѓанките ги освоија медалите корс-кантри спринтот
Спринтот во крос-кантри на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина мина во знакот на Швеѓанките. На патеката од 1,6 километри ги освоија сите медали.
Победи најголемата фаворитка, Лин Свон со време 4.03.05. За оваа 26-годишна девојка ова е прв златен медал од големите натпреварувања.
Свон а за 1.59 секунди беше побрза од бранителката на олимпиското злато, Јоана Сундлинг. Бронзениот медал и припадна на Маја Далквист.
Foto/ EPA
Спорт
Реал најде засилување во Тотенхем
Реал Мадрид сака да ја заврши реконструкција во дефанзивниот дел од тимот, што ја започна, што значи дека во летниот преоден рок приритет ќе биде централен дефанзивец.
Упамекано и Гуехи беа мети, се споменуваше и Конате од Ливерпул, а сега „Кралскиот клуб“ го насочи вниманието кон Кристијан Ромеро.
Дефанзивецот на Тотенхем е на листата на желби на Реал, а самиот Аргентинец не ја исклучи можноста за потенцијално заминување на крајот од сезоната, со оглед на тоа што не е во најдобри односи со раководството.
Според „Ел Чирингито“, Реал ќе се обиде да го донесе во Мадрид. Ромеро беше на прагот да се пресели во Атлетико Мадрид минатото лето, но тој трансфер поропадна поради обесштетувањето што го бараа од Тотенхем.
Тогаш, Тотенхем бараше 75 милиони евра. Се претпоставува дека клубот од Лондон и од Реал ќе ја бара истата сума.
Foto/ depositphotos

