Спорт
Вардар ја завери есенската титула
Со натпреварите Шкендија-Силекс и Вардар-Брегалница комплетирано е 18-то коло, последно во есенскиот дел, во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).
Со натпреварите Шкендија-Силекс и Вардар-Брегалница комплетирано е 18-то коло, последно во есенскиот дел, во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).
Есенската титула, која ја освои уште во минатото коло, Вардар ја завери на домашен терен против Брегалница. Вардар до победата стигна во последните 25. минти од натпреварот кога спеа конечно да го скрши отпорот на гостите од Штип, Вајс во 65., Грозадановски во 71. и Петров во 82. минута ги постигнаа головите за „црвено-црните“.
Вардар првиот дел од сезоната го заврши без пораз (единствен во лигата), со 13 победи и пет нерешени средби и гол разлика 31:7.
Со победа есенскиот дел од сезоната го заврши и актуелниот првак Шкендија. Во Тетово, Шкендија со пресврт го совлада Силекс со 2:1, гостите од Кратово водеа со голот на Нацев постигнат во третата минута од судиското надополнување на времето во првиот дел. Победата на Шкендија во вториот дел и ја донесоа Емини и Селамани со головите во 62. и 81. минута.
Табела:1. Вардар 442. Металург 393. Шкендија 364. Силекс 265. Брегалница 256. Ренова 247. Напредок 218.Охрид 209. Работнички 1910. Тетекс 1811. Хоризонт Турново 1512. 11 Октомври 10 .
Есенскиот дел од сезоната ќе продолжи на 3. март следната година со натпреварите од 19-то коло:
Вардар-ТетексБрегалница-ШкендијаСилекс-МеталургОхрид-Хоризонт ТурновоРенова-11.ОктомвриНапредок-Работнички. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Анчелоти: Естевао ќе игра за Бразил на Светското првенство
Селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, изјави дека играчот на Челзи, Естевао, ќе игра за Бразил на Светското првенство, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико во 2026 година.
Естевао (18) пристигна во Челзи од Палмеирас во јуни оваа година за 29 милиони фунти. Младиот бразилски фудбалер одигра 18 натпревари за Челзи оваа сезона и постигна пет гола.
„Мислам дека Естевао ќе игра за Бразил на Светското првенство 2026. Врз основа на тоа како Естевао играше во последните шест месеци, мислам дека ќе игра на Мундијалот“, изјави Анчелоти.
Естевао дебитираше за Бразил во 2024 година, а за репрезентацијата одигра 11 натпревари и постигна пет гола.
„Тој е многу, многу посебен играч. Тој е сосема поинаков, бидејќи е природно талентиран. Што се однесува до неговиот талент, не може да го подобри, но она што може да го направи е да обезбеди континуитет“, додаде селекторот на Бразил.
Анчелоти истакна дека е задоволен од настапите на младиот фудбалер во Челзи.
„Естевао напредува многу добро во Челзи. Не сум разговарал со претставниците на Челзи, но сум сигурен дека работат на посебна програма со него. Мислам дека националниот тим мора да го искористи овој голем талент“, заклучи Анчелоти.
Foto/ EPA
Спорт
Благоја Милевски повеќе не е селектор на Македонија
Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на денешната седница донесе одлука да не го продолжи договорот со селекторот на националниот тим, Благоја Милевски, чиј мандат истече на 30 ноември.
Во својот мандат на клупата, од 1. август 2021 година, Милевски ја предводеше Македонија на 48 натпревари. Под негово водство, репрезентацијата забележа 18 победи, 14 нерешени и 16 порази. Во овој период, Македонија успеа да избори два бараж дуели за пласман на Светско првенство, заврши како првопласирана во Ц сегментот од Лигата на нации и обезбеди настап во Б дивизијата во следното издание на натпреварувањето.
Фудбалската федерација на Македонија упатува искрена благодарност до селекторот Благоја Милевски и неговиот стручен штаб за посветената работа, професионалната соработка и постигнатите резултати.
„Управниот одбор на ФФМ смета дека на македонската репрезентација ѝ е потребна нова енергија и поинаков мотив за претстојните предизвици што ја очекуваат нашата национална селекција. Веруваме дека со нов стручeн тим ќе се внесе „нов ветер“ во работата на тимот, кој ќе овозможи уште поголема конкурентност и амбиција во натпреварите на Македонија.
ФФМ останува целосно посветена на создавање најдобри можни услови за работа, како и на обезбедување максимална поддршка за репрезентацијата. Досегашната соработка со стручниот штаб предводен од Милевски беше на високо професионално ниво и ја цениме нивната посветеност и односот кон репрезентацијата. Остануваме подготвени со истата посветеност, да ги поддржиме идните планови и предизвици на македонската А репрезентација“, соопшти ФФМ.
Управниот одбор на ФФМ најдоцна до 25. декември 2025 година ќе донесе одлука за назначување на нов селектор.
Foto/ EPA
Спорт
Антонели добил над 1.000 заканувачки пораки по обвинувањата од Хелмут Марко
Советникот во Ф1 тимот, Ред Бул, Хелмут Марко, јавно го обвини возачот на Мерцедес, Андреа Кими Антонели, дека намерно дозволил да биде престигнат од Ландо Норис на Големата награда на Катар. Ова обвинување на тинејџерот му ги нарави „пекол“ изминатите 24 часа. Антонели, како што објави неговиот тим, Мерцедес, добил над 1.000 сериозни закани.
Италијанскиот возач направи грешка, во претпоследниот круг од претпоследната трка во сезоната, влезе широко во еден свиок, што му овозможи на Норис да ја освои четвртата позиција и да освои два дополнителни вредни бода.
Макс Ферстапен во автомобилот на Ред Бул ја однесе победата на патеката „Лусаил“, пред вториот возач на Мекларен, Оскар Пјастри, и Карлос Саинц од Вилијамс.
По трката, Норис има 12 бода повеќе од актуелниот шампион и 16 повеќе од својот тимски колега, во пресрет на последната трка во сезоната.
Веднаш по завршувањето на трката, тркачкиот инженер Ферстапен, Џанпјеро Ламбиасе, му кажа на Холанѓанецот преку радио дека Антонели го пуштил Норис, а потоа Марко изјави дека е јасно дека Италијанецот се трнал од патеката. Овие коментари предизвикаа неприфатливи навреди на социјалните мрежи, поради што Антонели својата профилна слика на Инстаграм, ја обои во црно.
Потоа Марко призна дека згрешич и се извини за навредите и заканите што ги претрпе Антонели.
„Го гледав видеото повторно. Во првиот случај, Антонели можеше да се одбрани малку подобро од Пјастри, а во вториот случај тоа беше грешка при возењето, која не беше намерна. Жал ми е што Антонели беше цел на навреди, но дозволете ми повторно да разјаснам – тој не го пушти намерно Норис“, рече Марко.
Некои извори посочуваат дека Антонели добил над 1.000 закани на социјалните мрежи, а дека уште околу 300 стигнале до Мерцедес.
Овогодинешното првенство во Формула 1 завршува претстојниот викенд со Големата награда на Абу Даби.
Foto/ EPA

