Спорт
Очекувано, Украина домаќин на Евробаскетот во 2015

Европското првенство во кошарка, во 2015 година ќе биде одржано во Украина. Епилогот е очекуван, откако пред четири дена Германија, Франција, Италија и Хрватска ја повлекоа задничката кандидатура.
Европското првенство во кошарка, во 2015 година ќе биде одржано во Украина. Епилогот е очекуван, откако пред четири дена Германија, Франција, Италија и Хрватска ја повлекоа задничката кандидатура. Четирите земји кандидатурата ја повлекоа поради недвербата во ФИБА Европа. Натпреварите на Евробаскетот во 2015 година ќе се играат Харков, Доњецк, Дњипропетровск, Одеса, Лвов и Киев, каде ќе се одигра и финалниот натпревар. Нешто повеќе неизвесност, денеска во Минхен, имаше околу тоа кој ќе добие организацијата на ЕП за кошаркарки во 2015, во конкуренција на Белорусија и Унгарија, ФИБА Европа реши организацијата да ја добие Унгарија. ЕП во машка и женска конкуренција кои ќе се одиграат во 2013 година ќе се одржат во Слоенија, односно Франција. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Барди дебитираше, минимални порази за Трабзонспор и за Динамо Загреб

Енис Барди го имаше своето деби во дресот на Трабзонспор на гостувањето против Копенхаген во плејофот за ЛШ. Тој влезе во игра во 58.минута, а неговиот тим загуби со 2:1. Клаесон и Лерагер донесоа предност за Копенхаген, а Трабзонспор намали со голот на Бакасетас во 79.минута.
Динамо Загреб загуби на гости кај Бодо-Глимт со 1:0. Стрелец на победничкиот гол за норвешкиот тим беше Амал Вилијам Пелегрино во 37.минута од мечот.
Глазгов Ренџерс и ПСВ Ајндховен ремизираа 2:2.
Спорт
Валтер Мацари ќе седи на клупата на Мароко на СП во Катар

Селекторската позиција на Мароко по заминувањето на Вахид Халилхоџиќ треба да ја преземе Валтер Мацари. Италијанскиот стратег, како што откриваат медиумите на Апенините, од синоќа е во таа земја на преговори.
Негов последен ангажман беше на клупата на Калјари.
Мацари нема искуство во водење на репрезентации, а најуспешен беше како тренер на Наполи со кој го освои Купот на Италија во сезоната 2011/2012. Една сезона подоцна, тој го предводеше Наполи до титулата вицешампион на Италија.
Мароко на Светското првенство во Катар ќе игра во групата Ф со Белгија, Канада и со Хрватска.
Спорт
Интер без Мхитарјан во наредните три седмици

Италијанскиот калчолигаш Интер потврди дека ерменскиот репрезентативец Хенрик Мхитарјан заработил повреда и засега останува надвор од тимот. 33-годишниот играч од средниот ред беше доведен во клубот минатиот месец од Рома.
Мхитарјан беше меѓу замените на гостувањето кај Лече во првото коло од новата сезона во Серија А, но влезе во игра во 57. минута на местото на Марсело Брозовиќ.
По мечот, сепак, стана јасно дека Ерменецот има истегнување на мускулот и ќе се опоравува меѓу две и три седмици.
Минатата сезона во тимот на Рома, Хенрих Мхитарјан забележа 44 натпревари, на кои постигна пет гола и забележа девет асистенции.