Спорт
Јуве повторно на врвот во Серија А

Во средбата од 15-то коло на италијанското фудбалско првенство, водечкиот Јувентус во Торино ја совлада Новара со 2:0, повторно враќајќи се на врвот од табелата.
Во средбата од 15-то коло на италијанското фудбалско првенство, водечкиот Јувентус во Торино ја совлада Новара со 2:0, повторно враќајќи се на врвот од табелата.Стрелци за Јувентус беа Симоне Пепе во 4-та и Фабио Кваљарела во 75 минута. Торинската „стара дама“ е на првата позиција со 33 бодови, два повеќе од вториот Милан и три од третопласираниот Удинезе кој вечерва го игра својот дерби натпевар во Рим против четвртопласираното Лацио. Новара, пак, е претпоследна на 19-то место со само 11 бодови.Во дербито на Сицилија, Катанија на стадионот „Анџело Масимино“ го совлада Палермо со 2:0, со головите на Франческо Лодиа во 32 и Макси Лопез во 61 минута од пенал. Палермо со овој пораз продолжи со очајните резултати на гостувањата, во осум средби освои само два бода без да постигне ниту еден гол. Оттаму Палермо не може значајно да напредува на табелата и останува на 9-то место со 20 бодови. Катанија со новите три бода, има вкупно 21 бод и го мина сицилискиот ривал на табелата – на 8-мо место. Интер со 1:0 на гостувањето ја победи Чезена која остана на 18-то место со 12 бодови. Стрелец на голот во 63 минута беше Андреа Ранокиа, овозможувајќи им на миланските „нераѕири“ да напредуваат на табелата со серија победи стигнувајќи до 5-та позиција со 23 бодови.Џенова во финишот успеа да ја совлада Болоња со 2:1. Стрелци беа Роси во 39 и Прато во 84 минута за домашните, а за гостите во 51 минута Рамирез. Џенова сега е 7-ма со 21 бод, а Болоња е 16-та со 15 бодови и и’ претстои остра борба за опстанок.Парма и Лече го одиграа најефиканскиот меч во неделата поделувајќи ги бодовите со резултат 3:3. Последнопалсираното Лече кое успеа досега да освои само 9 бодови, дури во продолжението го загуби овој меч карактеристичен по пресвртите. Парма поведе од пенал во 18 минута преку Флокари, а потоа Лече поведе со 3:1 преку Ди Мекеле кој беше прецизен во 58 и 61-та, и Квадрадо во 77 минута, а Пеље во 86-та и Гаљопа во третата минута од судското продолжение. Така Парма остана на 13-та позиција со 18 бодови. Во вечерниот термин се играат двата дерби меча Наполи – Рома и Лацио – Удинезе. Во саботата Киево со 2:0 го совлада Каљари, а со истиот резултат Милан ја победи Сирена, додека Фиорентина и Аталанта играа нерешено 2:2./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Реал Мадрид по петти пат го освои Суперкупот на УЕФА

Реал Мадрид уште еднаш покажаа дека се „кралеви“ на европскиот фудбал, откако на „Олимпискиот стадион“ во Хелсинки со 2:0 го совладаа шампионот од Лига Европа, Ајнтрахт Франкфурт за да се израмнат со Барселона и Милан со пет титули на Европскиот Суперкуп на УЕФА.
По фантастичната сезона 2021/22 во која ја освоија шпанската круна, и стигнаа до неверојатната 14. европска титула со победа над Ливерпул во финалето, тимот на Карло Анчелоти пристигна во Финска со желба за уште еден трофеј во неверојатната колекција. Против себе го имаа тимот кој лани ги шокираше сите со фантастичниот пат до титулата во Лига Европа, но кој минатиот викенд ја започна сезоната со 1:6 пораз од Баерн Минхен.
По израмнетиот старт на мечот, во кој неколку пати се заканија пред своите помногубројни фанови, Ајнтрахт направи една грешка, која веднаш ја казни Давид Алаба во 37. минута по одличната реакција на Карим Бензема. Во второто полувреме, шпанскиот тим беше поопасен пред голот на противникот, со неколку шанси и со една убава пречка, пред неизбежниот Бензема во 65. минута да го зголеми водството и уште еднаш да ја потврди „кандидатурата“ за „Златната топка“.
Спорт
Барса успеа да „сврти“ дел од навивачите контра Френки де Јонг

Летната „сага“ на Френки де Јонг продолжува, откако дел од навивачите на Барселона го пречекаа холандскиот репрезентативец на денешниот тренинг на клубот со навреди и со извици: „Намали ја платата, кучко“, објавува шпанскиот „Диарио спорт“.
Оваа доаѓа по вестите дека Барселона побарала од Холанѓанецот да се откаже од договорот потпишан во времето на претходниот претседател на клубот, Жозеп Марија Бартомеу поради „нелегалности“, по што тој одговори со ангажирање на адвокати сомневајќи се дека Барселона сакаат да му го нарушат угледот.
Барселона наводно уште пред речиси два месеци се договори со Манчестер јунајтед за неговиот трансфер, но тој одбива да си замине. Сега, пак, последните вести ги поставуваат Челси како главни фаворити за неговиот потпис.
#FCB????????
???? Graves insultos a Frenkie De Jong a su llegada a la Ciutat Esportiva
????️ ¡Bájate el sueldo, p****!
???? @DBR8 pic.twitter.com/Kq8L0SGQKP
— Diario SPORT (@sport) August 10, 2022
Френки де Јонг најмил адвокати за притисокот што му го прави Барселона
Спорт
Галијани: Ни треба брегзит во фудбалот, но без англиските клубови

Поранешниот генерален директор на Милан, Адријано Галијани ја поддржа европската Суперлига, оценувајќи дека на фудбалскиот свет му е потребен брегзит, но без англиските клубови, бидејќи другите лиги не можат да се натпреваруваат со парите кои се даваат во Премиер лигата.
Сега како директор на новиот италијански прволигаш Монца, Галијани смета дека Суперлигата и покрај неуспешниот обид на 12 клуба во април минатата година, останува валиден проект споредувајќи го со излегувањето на Велика Британија од Европската Унија.
„Премиерлигашките клубови заработуват четири пати повеќе пари од тие во Серија А. Монца добива 33 милиони евра од ТВ-правата, и три милиони треба да ги дадеме на Серија Б. Нововлезен премиерлигаш добива 160 милиони евра. Како можеме ние да се споредуваме со Нотингем форест? И како да ја сопреме ова тенденција? Потребен ни е ‘Брегзит’ во фудбалот. Кој ги тера Британците да даваат 4 милијарди евра, и секогаш да имаат полни стадиони? Затоа би имале вистински европски шампионат, без Англичаните“, вели Галијани за „Тутоспорт“.
Јувентус, Барселона и Реал Мадрид остануваат посветени на проектот за Суперлигата и покрај откажувањето на деветте други клубови (Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Тотенхем, Арсенал, Ливерпул, Атлетико Мадрид, Интер и Милан).