Контакт

Спорт

Тотенхем-Челзи, дерби во 17-тото премиерлигашко коло

Објавено пред

Следните три дена се резервирани за натпреварите од 17-то коло во Премиер лигата. Градското дерби помеѓу Тотенхем и Челзи ќе биде во центарот на вниманието, овој натпревар ќе се одигра во четврток во 21 часот.

dobivaj vesti na viber

Следните три дена се резервирани за натпреварите од 17-то коло во Премиер лигата. Градското дерби помеѓу Тотенхем и Челзи ќе биде во центарот на вниманието, овој натпревар ќе се одигра во четврток во 21 часот. Тотенхем, во пресметката на „Вајт Харт Лејн“ ќе влезат со два бода повеќе и натпревар помалку од Челзи. Колото утревечер ќе го отворат Вулверхемптон и Норич, односно Блекбурн и Болтон. Лидерот Манчестер Сити, во среда ќе го пречека Стоук, додека второпласираниот Манчестер Јунајтед, на „Крејвен Котиџ“ ќе му гостува на Фулам. На другите натпревари кои ќе се одиграат во среда: Астон Вила-Арсенал, Њукасл-ВБА, Евертон-Свонси, КПР-Сандерленд и Виган-Ливерпул. Табела: Манчестер Сити 41, Манчестер Јунајтед 39, Тотенхем (-1) 34, Челзи 32, Арсенал и Ливерпул 29… крај/макфакс/нц



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Дарвин Нуњез се извини: Свесен сум дека згрешив

Објавено пред

Напаѓачот на Ливерпул, Дарвин Нуњез, призна дека покажал лошо однесување на натпреварот против Кристал Палас (1:1) кога заработи црвен картон откако удри противнички фудбалер без топка. Тој вети дека тоа нема да се повтори.

dobivaj vesti na viber

„Свесен сум за лошото однесување што го имав. Тука сум да учам од моите грешки и тоа нема да се повтори“, напиша Нуњез на Твитер.

Набргу потоа, уругвајскиот интернационалец објави и фотографија на која го напушта теренот со наведната глава по црвениот картон.

„Се извинувам на сите во Ливерпул. Ќе се вратам“, додаде тој.

Новото засилување на Ливерпул сигурно ќе го пропушти дербито против Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ в понеделник.

Прикажи повеќе...

Спорт

Радукану ја „збриша“ Серена Вилијамс во Синсинати

Објавено пред

Една од најдобрите тенисерки во историјата Серена Вилијамс го одигра последниот меч во Синсинати. Таа беше поразена на самиот старт од Ема Радукану, а мечот траеше само еден час и пет минути.

dobivaj vesti na viber

Првиот сет ѝ припадна на Радукану со 6:4 во гемови, а потоа ја збриша Серена Вилијамс со 6:0 во вториот сет.

Серена Вилијамс најави дека заминува во пензија, а последниот насташ ќе го има на УС Опен.

Прикажи повеќе...

Спорт

Мајката на Рабио ќе му го растури и трансферот на „Олд Трафорд“?

Објавено пред

Трансферот на Адриен Рабио од Јувентус во Манчестер јунајтед би можел да пропадне откако мајката на играчот, а воедно и негова менаџерка Вероника ги постави нејзините барања пред Англичаните. Имено, ексцентричната госпоѓа Рабио раководи со кариерата на Адриен и во негово име преговара со клубови. Иако Јувентус и Јунајтед се договорија за обештетување од 17 милиони евра, а самиот Адриен сакаше да замине во Јунајтед, Вероника ги налути челниците на англискиот клуб.

dobivaj vesti na viber

Таа за синот побарала годишна плата од околу 10 милиони евра, а на тоа не сакале да се согласат во Манчестер. Адриен не е во плановите на Јувентус и сакаше да се испроба во Премиер лигата и да стане важен играч за врска во тимот на Ерик тен Хаг. Се чинеше дека трансферот е блиску до реализација бидејќи Јувентус веќе се договорил за доаѓањето на замената на Рабио, тоа е Леандро Паредес од ПСЖ.

Сепак, Рабио би можел да остане уште една година во Јувентус, со кого има договор до 30 јуни 2023 година.

Рабио мораше да го напушти ПСЖ, неговиот матичен клуб, поради неговата мајка. Пред три години му истече договорот со францускиот шампион, па тој замина во Јувентус како слободен агент. Му претходеше драма во режија на мајката и менаџерка Вероника. Откако се скараа со сите во Париз, во која Рабио му беше забранет пристап во соблекувалната освен непосредно пред натпреварите, таа го отфрли Тотенхем дека е „под нивото на Адриен“.

Зимата 2019 година се договорија со Барселона, но со неверојатно барање го нарушија трансферот кој практично беше договорен.

Исто така, додека тој играше за ПСЖ, таа веруваше дека нејзиниот син треба да заработува колку и Килијан Мбапе.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Шолц: Војната е на Путин, а не на рускиот народ

„Граѓаните на Русија не ја почнаа војната, но мора јасно да кажеме дека ја поддржуваат“, изјави во понеделникот вечерта финската...

Европа1 час

(Видео) Шумски пожар зафати патнички воз во Шпанија, патниците скокале од вагонот, повеќе од 20 луѓе се повредени

Повеќе од 20 патници се здобиле со изгореници откако скокнале од воз кој бил зафатен од шумски пожар во близина...

Свет2 часа

Жена од Саудиска Арабија е осудена на 34 години затвор поради користење Твитер

Салма ал Шебаб (34) е осудена на 34 години затвор бидејќи користела Твитер за да ги следи неистомислениците и активистите,...

Свет2 часа

Алигатор убил жена откако не сакајќи паднала во езеро додека работела

88-годишна жена е убиена од алигатор откако случајно паднала во езеро додека работела во градината на заедница на постари лица,...

Свет2 часа

Северна Кореја лансираше две крстосувачки ракети

Денеска Северна Кореја најверојатно тестирала две крстосувачки ракети кон Жолтото Море, изјави јужнокорејски воен претставник, а пренесува „Јонхап“. Лансирањето се...

Свет2 часа

Бајден го потпиша Законот за климата вреден 430 милијарди долари

Американскиот претседател Џозеф Бајден ја потпиша сметката од 430 милијарди долари, која се смета за најголем пакет климатски мерки во...

Македонија15 часа

(Видео) Невреме во Неготино – паднати дрвја, бандери, поплавени дуќани и автомобили

Големото невреме кое денеска го зафати Неготино зад себе остави паднати дрвја, бандери, поплавени дуќани и автомобили. Силниот ветер носел...

Топ16 часа

Скопјанка киднапирала бебе во ГТЦ и со такси го однела во Ѓорче Петров

Денеска полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода С.С. од Скопје, набрзо по добиена пријава околу 11.30 часот...

Македонија19 часа

Вилма Русковска е суспендирана, дисциплинска за уште две обвинителки

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Русковска добила решение за суспензија.  Според информации на „Макфакс“, одлуката е...

Македонија21 час

Обвинителството ќе го испитува регистрирањето на бугарските здруженија во Македонија

Основното јавно обвинителство Охрид денеска по допрен глас оформи предмет за да ги испита наводите за евентуални пропусти при регистрацијата...

Македонија21 час

ВМРО-НП: Тие што гласно се чудат да се прашаат зошто некој манипулирал и ги учел со лажни податоци

ВМРО-Народна партија го поздравува напредокот на двете историски комисии како чин на позитивниот пат на Северна Македонија кон Евро-атланската интеграција....

Економија21 час

Од септември мерки за штедење на струја, државните институции ќе мора да ги намалат сметките за 15 отсто

Државните институции од септември ќе мора да ги намалат сметките за електрична енергија за 15 отсто во однос на истиот...

Македонија21 час

Регистрирани 590 нови случаи на коронавирус, починаа 2 лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.593 тестови,...

Македонија23 часа

Бугарските историчари прогласија победа: „Ќе продолжиме да ги браниме позициите и за јазикот, браќата Миладиновци и Гоце Делчев“

Двегодишната битка за одбрана на позицијата на Бугарија во историските спорови со Северна Македонија ја достигна првата победа. Ова се...

Регион1 ден

Ќе требаат нови операции за децата повредени во автобуската несреќа во Бугарија

Двете повредени деца, кои вчера од Стара Загора беа пренесени во болницата „Пирогов“ во Софија, сè уште се во тешка...

Македонија1 ден

Демократски сојуз: Грешки со историски димензии

Демократскиот сојуз предупредува на процес на сечење на македонските корени преку заедничката комисија за историски и образовни прашања, со што...

Македонија1 ден

СДСМ: Потонаа сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ за наводно менување на историјата

„Паднаа во вода сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски со кои со месеци ги вознемируваа граѓаните и се обидуваа...

Европа1 ден

Киевскиот градоначалник Виталиј Кличко се разведува по 25 години брак

Градоначалникот на Киев и поранешен светски шампион во бокс Виталиј Кличко (51) се разведува од сопругата Наталија, по 25 години...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски да одговори, или уставни измени веднаш во Собрание или оставка и избори

„Секојдневните предавства од криминалната власт на СДСМ и ДУИ треба да престанат. Константните притисоци од власта на Ковачевски кон пратениците...

Европа1 ден

Путин: Тоа што го прави Западот е глупаво

Владимир Путин ги нарече „залудни“ обидите да се поништи руската култура и самата Русија. „Тоа е едноставно глупаво. А оние...