Спорт
Евро лига: Антиќ во Нанси, Илиевски против Реал

Со натпреварите од десеттото коло, во А и Ц групите, вечерва ќе заврши првата фаза во кошаркарската Евролига. Пет екипи од овие две групи се веќе сигурни меѓу најдбрите 16 тима, вечерва ќе бидат познати и последните трти екипи, кои ќе учествуваат во Топ 16.
Со натпреварите од десеттото коло, во А и Ц групите, вечерва ќе заврши првата фаза во кошаркарската Евролига. Пет екипи од овие две групи се веќе сигурни меѓу најдбрите 16 тима, вечерва ќе бидат познати и последните трти екипи, кои ќе учествуваат во Топ 16. Тимовите на македонските репрезентативци, Перо Антиќ (Олимпијакос) и Валдо Илиевски (Анадолу Ефес) веќе обезбедија пласман во следнната фаза. Олимпијакос, во А групата, ќе му гостува на Нанси, кој нема шанси за пласман понатаму. Оваа група е исклучително интересна, до крајот ќе биде неизвесни кои две екипи ќе одат понатаму, онаму каде што ќе играат Олимпијакос и Канту. Олимпијакос на мечот ќе биде ослабен, бидејќи поради повреди нема да настапат најдобриот играч Василис Спанули и центарот Лазарос Папдопулос. Група А: Нанси-ОлимпијакосКанту-ФенербахчеБилбао-Каха ЛаборалТабела: Каха Лаборал 5-4, Олимпијакос 5-4, Фенербахче 5-4, Канту 5-4, Билбао 4-5, Нанси 3-6.Последниот патник во Топ 16 ќе биде вечерва познат и во Д групата, за тоа место во директен дуел, во Белград ќе решаваат Партизан и Армани Милано. Италијанскиот тим доколку сака во Топ 16 ќе мора да победи со пет или повеќе кошеви разлика, во спортивно меѓу најдобрите 16 ќе игра Партизан.Група Ц:Анадолу Ефес-Реал МадридШарлроа-МакабиПартизан-Армани МиланоТабела: Реал 7-2, Макаби 6-3, Ефес 5-4, Партизан 4-5, Армани 3-6, Шарлроа 2-7. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Капитенот на Рома го напушта клубот

Лоренцо Пелегрини, капитенот на Рома би можел да го напушти кубот до крајот на преодниот рок.
„Калчомеркато“, тврди дека капитенот на „волчицата“ добил зелено светло од тренерот Џанпјеро Гасперини за трансферот.
Милан, Интер и Наполи се заинтересирани за услугите на 29-годишниот фудбалер. Според обложувалниците најголем фаворит за потписот на Пелегрини е Милан.
Пелегрини е дете на Рома. Тој е во клубот од почетокот на својата кариера.
Досега, на 316 натпревари за првиот тим на Рома, постигна 55 голови и забележа 59 асистенции.
Фото/ Принскрин
Спорт
Дијаз во Баерн за пет пати поголема плата

Колумбискиот напаѓач Луис Дијаз официјално ќе го засили Баерн во наредните денови.
Дијаз во текот на денот ќе слета во Минхен, каде што ќе се сретне со челниците на клубот, а медицинските прегледи се планирани за вторник. Потоа ќе следи официјализирање на трансферот вреден 75.000.000 евра со бонуси.
Дел од германските медиуми, во меѓувреме го објавија и финансискиот дел од договорот. Дијаз ќе има годишна плата од 14.000.000 евра, што е речиси пет пати повеќе од она што го имаше во Ливерпул. Таму заработуваше 2.700.000 по сезона.
Популарниот Лучо постигна 41 гол и асистираше уште 23 пати во 148 натпревари.
Фото/ Принскрин
Спорт
Гвардиола: Барселона? Таа приказна е завршена

Пеп Гвардиола импресивната тренерска кариера ја започна во Барселона. Најпрвин како тренер на Б тимот, а потоа го презеде првиот тим. Три години неговата Барселона доминираше во Европа.
Гвардиола ја напушти Барселона во 2012 година, се пресели во Баерн, а потоа во Манчестер сити.
Изминатите години често го прашуваа дали некогаш ќе се врати на „Ноу Камп“.
„Таа приказна е завршена. Засекогаш е ставен крај. Беше прекрасно, но заврши и нема да се случи повторно“, рече Гвардиола.
Исто така, покрај враќањето во Барселона, искусниот Шпанец зборуваше и за Ламин Јамал и споредбите на младата ѕвезда со Лионел Меси.
„Треба да го оставиме Ламин Јамал да си го гради својот пат и само кога ќе игра 15 години тогаш ќе можеме да кажеме дали е подобар од Меси или не“, рече Гвардиола и дополни.
„Фактот дека веќе го споредуваат со Меси е голема работа. Но, тоа е како да споредувате сликар кој штотуку почнува со Ван Гог.“
Foto/ EPA