Спорт
Шуми со најмногу претекнувања во 2011
Зад седумкратниот светски шампион во Формула 1, Михаел Шумахер, е уште една тешка сезона, која ја заврши на осмото место, во вкупниот поредок меѓу возачите. Сепак, 42-годишниот Шумахер, во една категорија се наоѓа на првото место.
Зад седумкратниот светски шампион во Формула 1, Михаел Шумахер, е уште една тешка сезона, која ја заврши на осмото место, во вкупниот поредок меѓу возачите. Сепак, 42-годишниот Шумахер, во една категорија се наоѓа на првото место. Германецот е прв на листата, на возачи, кои имаат најмногу претекнувања на патеката, возачот на Мерцедес ГП, во 2011 година, на 19 трки имал 116 успешни преткнувања на патеката, две повеќе од Себастијан Буеми од Торо Росо и 17 поевеќе од пилотот на Заубер, Камуи Кобајаши. Според статистиката, фановите на Формула 1, во 2011 година, биле сведоци на вкупно 1468 претекнувања, што се однесува до трките, најмногу се претекнувало на ГН на Турција 85 пати, додека најмалку претекнувања, само 16 имало на ГН на Монако, на патеката во Монте Карло. Возачи со најмногу претекнувања во 2011: 1.Михаел Шумахер 116 претекнувања2.Себастијан Буеми 1143.Камуи Кобајаши 994.Хаиме Алгуерсуари 945.Пастор Малдонадо 916.Пол ди Реста 907.Серхио Перез 878.Рубенс Барикело 869.Џенсон Батон 8510.Фелипе Маса 82. крај/fia.com/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Сити за полувреме го реши Брајтон
Фудбалерите на Манчестер Сити убедливo славеа на гостувањето кај Брајтон со 4:0 (3:0) во натпревар од 29. коло на англиската Премиер лига.
Актуелните шампиони сите дилеми околу победникот ги решија во првото полувреме и тоа во интервал од 17 минути кога постигнаа три гола.
Кевин де Брујне го постигна првиот гол во кариерата со глава во 17. минута, по центаршутот на Кајл Вокер.
Потоа два гола постигна Фил Фоден во 26. и 34. минута, првиот од слободен удар со малку среќа, а вториот по груба грешка на одбраната на домаќините.
Хулијан Алварез во 62. минута ги постави конечните 4:0.
Избраниците на Пеп Гвардиола се втори на табелата, го прескокнаа Ливерпул, а имаа бод и натпревар помалку од лидерот Арсенал.
Спорт
(Видео) Димитријевиќ МВП на ВТБ лигата
Кошаркарот на Уникс, Ненад Димитријевиќ е прогласен за најкорисен играч на регуларниот дел сезоната на руската ВТБ лига.
Уникс прв заврши во лигата, првпат во историјата, а Македонецот беше еден од најзаслужните за ваков успех.
Сезонава Димитријевиќ имаше просек од 19 поени по натпревар со 6,6 асистенции, 3,6 скока и 1,3 украдени топки.
Во минатогодишното финале на ВТБ лигата неговиот тим ја совлада Локомотива (4:1), а Димитиријевиќ беше прогласен за МВП на финалната серија.
Сезонава во решавачкиот меч за првото место во регуларниот дел против ЦСКА Москва забележа рекордни 40 поени со девет асистенции.
„За мене е голема чест да ја добијам наградата МВП за регуларниот дел од сезоната на ВТБ лигата 2023/24“, изјави Димитријевиќ и додаде:
„Оваа година победивме во многу возбудливи натпревари и славевме во регуларниот дел од сезоната. Мислам дека ова е резултат на напорната работа на целиот тим. Би сакал да им се заблагодарам на ВТБ лигата, на мојот тим Уникс, на стручниот штаб на чело од Велимир Перасовиќ, медицинскиот штаб и нашите верни навивачи. Најголема благодарност до моите соиграчи, кои ми помогнаа да станам подобар играч.“
Спорт
Адријан Њуи ќе го напушти Ред Бул
Главниот директор за дизајн на Ред Бул, Адријан Њуи, треба да го напушти тимот по контроверзата, која вклучува обвинувања против шефот на тимот Кристијан Хорнер.
Њуи, кој важи за најдобар дизајнер во историјата на Формула 1, одлуката да го напушти тимот им ја сооптшил челниците на Ред Бул, објави денеска Би-би-си.
Адријан Њуи е вознемирен од ситуацијата во Ред Бул, откако Хорнер беше обвинет за сексуално вознемирување и насилно однесување кон колешка. Хорнер ги негираше обвинувањата, а тимот по спроведена интерна истрага ги отфрли обвинувањата против Хорнер и жената ја суспендираше од работа.
Тој има договор со Ред Бул до крајот на следната сезона, а претходно беше поврзуван со преселба во Ферари.