Контакт

Спорт

Фулам остана непоразен на „Стемфорд Бриџ“

Објавено пред

Натпреварот Челзи-Фулам го отвори 18-то коло во англиската Премиер лига. На „Стенфорд Бриџ“, во дуелот на градските ривали, Фулам успеа да го изненади фаворизираниот Челзи, играјќи 1:1.

dobivaj vesti na viber

Натпреварот Челзи-Фулам го отвори 18-то коло во англиската Премиер лига. На „Стенфорд Бриџ“, во дуелот на градските ривали, Фулам успеа да го изненади фаворизираниот Челзи, играјќи 1:1. Откако во првото полувреме немаше погодоци, Шпанецот, Хуан Мата, му донесе предност на Челси, во 47-та минута. Фулам успеа да изедначи девет минути подоцна кога Американецот Клинт Демпси го совлада Петр Чех. Челзи по денешниот меч, барем до утре кога својот дуел ќе го одигра Арсенал, ќе остане на четвртото место на табелата со 34 бода. Фулам, од друга страна, стигна до 19-от бод сезонава, но екипата сеуште е во втората половина на табелата. Од 16 часот на програмата во Премиер лигата се уште пет натпревари: Болтон-ФуламЛиверпул-БлекбурнМанчестер Јунајтед-ВиганСандерленд-ЕвертонВест Бром-Манчестер СитиВо вечерниот термин ќе се одигра дуелот помеѓу Стоук и Астон ВилаВторник, 27. декември:16:00 Арсенал-Вулверхемптон18:00 Свонси-Квинс Парк Ренџерс20:30 Норич-ТотенхемТабела: Манчестер Сити 44, Манчестер Јунајтед 42, Тотенхем (-1) 35, Челзи 34 (+1), Арсенал 32, Ливерпул 30… крај/мф/нц



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

МЗТ: АБА-лигата без најава и причина го смени терминот за мечот со Партизан

Објавено пред

Раководството на кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје оцени дека АБА лигата им „нанела неправда“ со презакажувањето на натпреварот од второто коло со Партизан. Лигата го помести терминот за одигрување на натпреварот во Скопје кој на програмата е следниот понеделник. Наместо во терминот од 21 часот, дуелот ќе се игра од 16 часот.

dobivaj vesti na viber

Од скопскиот клуб наведуваат дека „изненадувачки и без никаква најава и причина“ терминот на натпреварот е сменет во 16 часот, што, според нив е невиден преседан за АБА лигата.

„ И самите бевме шокирани од информацијата што ја добивме од канцеларијата на АБА за промена на терминот, без конкретно и валидно објаснување, со префрлање на топката на телевизијата Арена спорт, која, пак, не излезе со официјален став за ситуацијата. Но, пропозициите на регионалното натпреварување се јасни, а тоа е дека лигата и Арена спорт го имаат ексклузивното право за одредување термини, додека домаќинот не се прашува ништо.

Го разбираме револтот на нашите навивачи и симпатизери што играме во ептен ран термин во работен ден и го делиме нивното разочарување, но сакаме да знаат дека нашиот клуб и покрај сите напори, притисоци, користење врски и конекции стори сѐ за да се врати првобитно одреденото време, но не успеавме во тоа. Искрено се извинуваме, но постојат работи кои едноставно не сме доволно моќни да ги смениме, за разлика од некои други учесници во натпреварувањето.

Затоа сакаме да апелираме до сите на кои во вените им тече плаво-бела крв, но и до тие што имаат симпатии кон МЗТ Скопје и го сакаат кошаркарскиот спорт, неправдата што ни е нанесена да ја сфатат како дополнителен мотив да сторат сѐ и да се најдат на трибините во салата „Јане Сандански“. Ова е идеална шанса да покажеме единство и во несекојдневна ситуација и да докажеме дека Аеродром е населба која и покрај сите проблеми и неправди, секогаш и во сѐ стои зад своите миленици во плаво-бела опрема“, соопшти клубот.

Фото/ABA liga

Прикажи повеќе...

Спорт

Бензема надмоќно ќе ја освои Златната топка

Објавено пред

На 17. октомври на гала церемонијата во Париз ќе биде објавено името на добитникот на Златната топка. Тоа е секако најголемото индивидуално признание во светот на фудбалот, а на интернет протече името на наводниот победник.

dobivaj vesti na viber

Бразилскиот ТНТ го објави конечниот поредок при гласањето за Златната топка, а овогодинешниот добитник треба да биде напаѓачот на Реал, Карим Бензема со 521 глас.

Тоа не е неочекувано, бидејќи Бдензема секако е прв фаворит, откако минатата сезона го предводеше Реал до титулата во шпанското првенство и Лигата на шампионите.

На второто место со 298 гласа е Садио Мане, поранешен играч на Ливерпул и актуелен член на Баерн. По него следуваат Винисиус Јуниор (190 гласа), Мохамед Салах (179), Роберт Левандовски (99), Килијан Мбапе (94) и Кевин де Брујне (81), Лука Модриќ (73), Сон, Тибо Куртоа…

Ѕвездата на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд (31) е на 11 место.

Прикажи повеќе...

Спорт

Анчелоти: Секогаш е драма кога Реал не победува

Објавено пред

Фудбалерите на Реал Мадрид одиграа нерешено (1:1) против Осасуна во натпреварот од седмото коло на Примера и со тоа ја прекинаа победничката серија. Ремито предизвика бурни реакции во јавноста, а тренерот Карло Анчелоти смета нема причина за загриженост.

dobivaj vesti na viber

„Секогаш е драма кога Реал Мадрид не победува. Немаме оправдување за ова реми бидејќи тимот беше силен и покрај отсуствата. Досега игравме многу добро нво првенството, но се случуваат и вакви натпревари. Не се сомневам дека ќе се подобриме на следниот натпревар“, изјави Анчелоти.

Дополнителна драма на натпреварот донесе Карим Бензема кој го промаши пенал во 77.минута.

„Размислував и за промена на изведувачот на пенали, но објективно Карим е најдобриот што го имаме. Минатата сезона реши да ги шутира двата најважни пенали и погоди. Поради тоа решив да не го менувам“, изјави Анчелоти.

Реал во наредната рунда ќе гостува кај Хетафе.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија14 минути

Обвинетите за убиството на Тот имале грижа на совест и чувство на вина, сведочеше психијатарот Марцикиќ

Дваесет и еден ден по убиството на ракометарот Денис Тот, сега обвинетите Анџело Ѓорѓиевски, Клементина Лефковска и Андреј Костовски имале...

Македонија1 час

Тупанчески на првиот академски час: Не учете за оцена! Учете да научите! Учете за да знаете!

Министерот за правда, Никола Тупанчески, се обрати на првиот академски час на Правниот факултет „Јустинијан Први“. На идните студенти им...

Економија1 час

Бонус до 3.000 евра ќе добијат вработените во Германија поради инфлацијата

Вработените во Германија ќе може да добиваат регреси и премии до 3.000 евра годишно, без даноци и придонеси, за полесно...

Свет1 час

Захарова: Блинкен отворено и без двоумење рече дека имале мотиви да го уништат гасоводот

Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, отворено изјави дека САД и НАТО имаат мотиви да ги нападнат гасоводите „Северен тек 1“...

Свет2 часа

Рамзан Кадиров ги испраќа своите малолетни синови во војна

Лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров, најави дека тројца негови малолетни синови набргу ќе заминат на фронтот во Украина. „Тоа што...

Свет2 часа

Русија ќе го тестира новото оружје „Посејдон“, предупреди НАТО

Како што напредува војната во Украина, има сè повеќе информации за нов тип на оружје што го користат двете завојувани...

Економија3 часа

Меѓународната агенција за енергетика со совет до ЕУ: „Штедете гас“

Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) ја советува Европската Унија да штеди гас за да се избегнат празните магацини и ризикот...

Свет4 часа

Си-ен-ен: Времето на Путин истекува и тој тоа го знае

Времето на рускиот претседател Владимир Путин истекува и тој тоа го знае. Во меѓувреме, неговиот бомбастичен настап продолжува – објавувајќи...

Македонија4 часа

Без струја утрово во скопски Карпош, граѓаните во страв дека рестрикциите се почнати

Жители на Карпош 1, 2, 3 и 4 утрово пријавуваат дека останале без струја. Речиси еден час траел прекинот, а...

Свет5 часа

Бројот на загинати од ураганот Јан се искачи на повеќе од 80, штетата е проценета на десетици милијарди евра

Бројот на загинати од ураганот Јан во САД се искачи на повеќе од 80 бидејќи жителите на Флорида и Јужна...

Свет5 часа

Саливан вети дополнителна американска поддршка за Украина

Американскиот советник за национална безбедност, Џејк Саливан, вчера во Истанбул се сретна со Андриј Јермак, шеф на кабинетот на украинскиот...

Свет6 часа

Руски гувернер: Половина од мобилизираните во регионот вратени дома, командантот разрешен

Командантот на руската област Хабаровск е сменет од должност кога половина од мобилизираните мажи биле испратени дома бидејќи не ги...

Европа6 часа

Карл Нехамер: Ако ЕУ не дејствува, самите ќе треба да се заштитиме од илегалната миграција

Сè додека ЕУ не презема ефективни мерки, ние мора сами да дејствуваме и затоа Австрија прави сè за да се заштити...

Свет6 часа

Поранешниот шеф на ЦИА, Дејвид Петреус, испрати предупредување до Русија

Соединетите Американски Држави и нивните сојузници ќе ги уништат руските војници и опремата во Украина и ќе ја потопат нејзината...

Свет6 часа

Најмалку седум лица починаа од колера на Хаити поради недостиг на чиста вода за пиење

Најмалку седум лица починаа од колера на Хаити откога болеста ненадејно се врати поради недостиг на гориво и чиста вода...

Регион16 часа

Петков го призна поразот, нема да коалицира со ГЕРБ на Борисов

Коалицијата ГЕРБ-СДС преводена од Бојко Борисов победи на предвремените парламентарни избори во Бугарија. Излезните анкети на бугарските агенции предвидуваат освојување на...

Топ17 часа

Девет земји меѓу кои и Македонија го поддржаа членството на Украина во НАТО, Зеленски им се заблагодари

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска на Твитер објави дека девет земји од Централна и Источна Европа го поддржуваат членството на...

Свет21 час

НАТО: Украинците го ослободија Лиман благодарение на храброста, но и на американското оружје

Украинското ослободување на градот Лиман докажува дека украинската армија напредува и може да ги потисне руските сили, изјави денеска за...

Македонија23 часа

ЛДП го предлага Пенов за нов министер за локална самоуправа

Централниот одбор на ЛДП на синоќешната седница ја разгледа оставката на министерот за локална самоуправа Горан Милевски, и го прифати...

Македонија1 ден

Радев: Бугарија е подготвена да го зголеми извозот на струја во Северна Македонија

Бугарија е главен извозник на струја во регионот и подготвени сме да го зголемиме извозот во Северна Македонија, изјави бугарскиот...