Спорт
Познати носителите на Австралија Опен

Познати се имињата на носителите за првиот тениски Грен слем турнир во сезоната, кој на 19. јануари ќе започне во Мелбурн.
Познати се имињата на носителите за првиот тениски Грен слем турнир во сезоната, кој на 19. јануари ќе започне во Мелбурн. Новак Ѓоковиќ, кој ќе ја брани титулата, согласно својот пласман на првото место на АТП листата е поставен за прв фаворит на турнирот. Зад Ѓоковиќ следуваат Рафа Надал, Роџер Федерер, Енди Мареј, Давид Ферер, Жо-Вилфрид Цонга, Томаш Бердих, Марди Фиш, Јанко Типсаревиќ, Николас Алмагро… Во конкуренција на тенисерките бранителката на титулата Ким Клајстерс е поставена за 12-та носителка, организаторот за прва фаворитка ја постави Каролин Вознијаки, потоа следуваат Петра Квитова, Викторија Азаренка, Марија Шарапова, Ли На, Саманта Стосур, Вера Звонарева, Агњешка Радванска, Марион Бартоли, Андреа Петковиќ… Двојките за првото коло на Австралија Опен ќе бидат извлечени во петок на 13. јануари. крај/ao.com/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Вернер е новиот тренер на Лајпциг

Неодамнешниот тренер на Вердер, Оле Вернер, е новиот шеф на тренерскиот штаб на РБ Лајпциг. Вернер со „биковите“ кого потпиша двегодишен договор.
Лајпциг бараше нов тренер откако го отпушти Марко Росе на крајот на март.
Золт Лев, кој претходно беше задолжен за развој на млади фудбалери во клубот, го презеде раководењето со првиот тим до крајот на сезоната, но не успеа да избори место во европските купови. Лајпциг сезоната ја заврши на седмото место.
„Оле е млад, амбициозен и исклучително посветен шеф на стручниот штаб кој ќе го направи следниот чекор во својот развој со нас“, рече генералниот менаџер на Лајпциг, Марсел Шефер.
Лајпциг ќе биде третиот клуб на Вернер како главен тренер. Откако ја заврши својата фудбалска кариера на само 22 години, тој работеше во младинските и резервните тимови на Холштајн Кил, пред трајно да го преземе првиот тим во 2019 година.
Тој го задржа Кил во Цвајта во текот на сезоната 2019/20, а следната сезона ги доведе на работ на Бундеслигата, но беа поразени од Келн во плејофот.
Во ноември 2021 година, тој беше назначен за тренер на Вердер Бремен, кој во тоа време се мачеше во втората лига. Сепак, Вернер успеа веднаш да се врати во Бундеслигата, а потоа со „зелено-белите“ постигна пласман на 13-то, 9-то и 8-мо место во три последователни сезони во елитниот ранг, надминувајќи ги очекувањата секој пат.
Вернер се раздели со Вердер откако изрази желба да не го продолжи договорот што важеше до 2026 година, па клубот го отстрани од тренерската позиција.
Спорт
Олимпик Лион исфрлен од Лига 1

Фудбалскиот клуб Олимпик Лион е исфрлен во втората француска лига поради неусогласеност на финансиите на клубот со прописите на натпреварувањето.
Олимпик Лион е седумкратен шампион на Франција и петкратен освојувач на Купот.
Според француските медиуми, долгот на клубот ја пробил границата од половина милијарда евра.
Во среда, Француската фудбалска федерација ја потврди одлуката донесена минатата зима, во меѓувреме, Лион не успеа да ги „испегла книгите“ и долговите што ги имаше, па следеше драконска казна.
Лион има право да поднесе жалба на оваа одлука од Француската фудбалска федерација.
„Лавовите“ паднаа во финансиска дубиоза кога паднаа во рацете на контроверзниот американски бизнисмен Џон Текстор, кој е сопственик и на Кристал Палас, Ботафого и Моленбек.
По состанокот со француското тело за финансиска контрола на професионалните клубови (DNCG), беше потврдено дека Лион е официјално префрлен во Втората лига – објави Фудбалската федерација на Франција.
Клубот претходно беше под привремена закана од испаѓање, со предупредување дека ќе испадне доколку не ја подобри својата финансиска состојба.
Групацијата „Игл Фудбал“, која е сопственик на Олимпик де Лион, се обиде да го убеди DNCG дека финансиите се подобруваат, го продадоа уделот на Џон Текстор во Кристал Палас, како и женскиот тим на Олимпик Лион.
Сепак, тоа не беше доволно за да се задоволат критериумите што ги бараа властите.
Оваа одлука доаѓа и покрај фактот дека сопственикот на клубот, Џон Текстор, беше оптимист по состанокот. Во разговор со новинарите, тој рече дека финансиската состојба е „значително подобра“ и дека е задоволен од тоа како поминал состанокот:
„Можете да видите дека нашите акционери инвестирале нов капитал, не само поради DNCG, туку и за лиценцирање на УЕФА. Исто така, има добри вести за продажбата на Кристал Палас. Нашата ликвидност сериозно се подобри“,ја пренесе „One Football“ изјавата на човекот кој буквално е „персона нон грата“ во Лион.
Сепак, сето ова не помогна. Како што стојат работите, Лион ќе игра во Втората лига почнувајќи од следната сезона.
Спорт
Ѓокереш го информирал Спортинг дека сака да си оди

Шведската гол-машина, Виктор Ѓокереш го информирал Спортинг дека нема да продолжи во клубот од Лисабон. Најдобриот напаѓач во Португалија минатата година има бројни понуди од други клубови, но најконкретната е онаа од Арсенал.
ЃокереШ имаше неверојатни две сезони во дресот на Спортинг, а веќе во јануари беше јасно дека Швеѓанецот нема да ја продолжи соработката со клубот од Лисабон. Напаѓачот го информирал претседателот на клубот. Според медиумите лично му ја соопштил одлуката дека повеќе не сака да го носи дресот на Спортинг.
Се очекува и дека Ѓокереш нема да се врати на тренинзите во Спортинг додека не најде нов ангажман, напаѓачот бара нов предизвик. Тоа може да биде во Лондон, а можеби и во Торино.
Во последните денови имаше и информации дека Јувентус „гризе“ за шведскиот напаѓач, но ќе мора да се ослободи од практично половина тим за да може да ги исполни условите што ги бараат Ѓокереш и Спортинг. Поради тоа најреална опција во моментов е негов трансфер во Арсенал.