Спорт
Шундовски го објави списокот за Еуро 2012
Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Звонко Шундовски, реши кои шеснаесет играчи ќе патуваат на Европското првенство во Србија, кое ќе започне во недела. По вечерашниот тренинг, Шундовски реши со репрезентацијата да патува и Ванчо Димовски, чии настап беше неизвесен.
Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Звонко Шундовски, реши кои шеснаесет играчи ќе патуваат на Европското првенство во Србија, кое ќе започне во недела. По вечерашниот тренинг, Шундовски реши со репрезентацијата да патува и Ванчо Димовски, чии настап беше неизвесен.
Македонија првиот натпревар, на Еуро 2012 против Шведска, на 15. јануари, во Ниш, ќе го дочека со следниве играчи:
Голмани: Борко Ристовски (Вардар Про), Петар Ангелов (Металург)
Бекови: Кирил Лазаров (Атлетико Мадрид), Наумче Мојсоски (Металург), Филип Миркуловски (Металург), Бранко Ангеловски (Констанца), Филип Лазаров (Вардар Про), Велко Маркоски (Металург), Ацо Јоноски (Металург), Влатко Митков (Бармбах)
Крила: Стевче Алушовски (Металург), Владимир Темелков (Башараж), Златко Мојсоски (Металург), Дејан Манасков (Металург)
Пивоти: Ванчо Димовски (Металург), Стојанче Стоилов (Вардар Про)
Од спискотот отпаднаа голманот Никола Митревски и играчите Милорад Кукоски и Никола Марковски.Покрај Шведска, противници на Македонија ќе бидат и Германија, на 17. јануари, односно Чешка, на 19. јануари. Три репрезентации од групата ќе изборат пласман во втората фаза од шампионатот.
Македонската ракометна експедиција за Ниш ќе замине во текот на утрешниот ден. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.
Спорт
Ѓоковиќ: Разни „стручњаци“ ме испратија во пензија, им благодарам на тоа
Новак Ѓоковиќ, в недела ќе се бори за 11-та титула на Австралија Опен. Десеткратниот шампион во Мелбурн, во полуфиналето, во спектакуларен меч го победи бранителот на трофејот, Јаник Синер со 3:2 (3:6, 6:3, 4:6, 6:4, 6:4) за четири часа и девет минути игра.
„Никогаш не престанав да верувам во себе. Многу луѓе се сомневаа во мене. Гледам дека одеднаш се појавија многу „стручњаци“ кои сакаа да ме пензионираат или веќе го направија тоа неколку пати во последните години“, рече Ѓоковиќ и додаде:
„Сакам да им се заблагодарам затоа што ми дадоа сила и мотивација да им го докажам спротивното. Ова не е изненадување за мене. Знам на што сум способен“, рече Ѓоковиќ.
Неговиот настап прптив Синер, особено беше импресивен во петтиот сет, кога спаси осум брејк топки. Во текот на мечот Ѓоковиќ спаси 16 од 18-те топки за брејк.
Противник во финалето в недела ќе му биде Карлос Алкараз.
Foto/ depositphotos

