Спорт
Еуро 2012: Франција стартуваше со пораз
Репрезентацијата на Шпанија, иако се наоѓа меѓу фаворитите за освојување на медал на Еуро 2012, направи мало изненадување, победувајќи ја Франција со 29:26.
Репрезентацијата на Шпанија, иако се наоѓа меѓу фаворитите за освојување на медал на Еуро 2012, направи мало изненадување, победувајќи ја Франција со 29:26. Шпанија до победата стигна со разновидна игра во нападот и сигурна и цврста одбрана со која диригираше голманот Хомбрадос. Угалде, Ентрериос и Канелас постигнаа по четири гола, но јунак на Шпанците е голамнот Хомбрадос кој имаше 15 одбрани. Жером Фернандез и Лук Абало со седум, односно шест гола беа најекспонирани во составот на Франција, репрезентација која е актуелен европски, светски и олимписки првак. Во вториот натпревар, од првото коло во Ц групата, Русија и Унгарија ги поделија бодовите играјќи 31:31. Натпреварот беше сличен на оној кој го одиграа Македонија и Шведска, на крајот и Русите и Унгарците се задоволни од освоениот бод, двете селекции во финишот имаа можност да забележат победа. Чипурин постигна пет гола, а уште четворица играчи на Русија по четири пати се запишаа меѓу стрелците. Унгарија ја предовдеа Кашар со осум и Иваншик со шест гола. Првото коло вечерва се комплетираше и во Д групата. Хрватска, дури во финишот, со серија од 4:0, го скрши Исланд и забележа победа од 31:29. Голманот Алиловиќ со 17 интервенции беше најзаслужен за победата на „коцкестите“, додека најефикасни беа Штрлек со осум, и Бунтиќ, односно Чушиќ со пет гола. Кај Исланѓаните најефикасен беше Сигурдсон со осум гола. Норвешка до првата победа на ЕП стигна со минималецот од 28:27 против Словенија. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ѓоковиќ: Разни „стручњаци“ ме испратија во пензија, им благодарам на тоа
Новак Ѓоковиќ, в недела ќе се бори за 11-та титула на Австралија Опен. Десеткратниот шампион во Мелбурн, во полуфиналето, во спектакуларен меч го победи бранителот на трофејот, Јаник Синер со 3:2 (3:6, 6:3, 4:6, 6:4, 6:4) за четири часа и девет минути игра.
„Никогаш не престанав да верувам во себе. Многу луѓе се сомневаа во мене. Гледам дека одеднаш се појавија многу „стручњаци“ кои сакаа да ме пензионираат или веќе го направија тоа неколку пати во последните години“, рече Ѓоковиќ и додаде:
„Сакам да им се заблагодарам затоа што ми дадоа сила и мотивација да им го докажам спротивното. Ова не е изненадување за мене. Знам на што сум способен“, рече Ѓоковиќ.
Неговиот настап прптив Синер, особено беше импресивен во петтиот сет, кога спаси осум брејк топки. Во текот на мечот Ѓоковиќ спаси 16 од 18-те топки за брејк.
Противник во финалето в недела ќе му биде Карлос Алкараз.
Foto/ depositphotos
Спорт
Заврши сезоната за Џек Грилиш
Џек Грилиш, еден од најдобрите играчи на Евертон ја заврши сезоната.
Како што стојат работите, Грилиш ќе мора да се подложи на операција поради фрактура на стапалото. Со ова паднаа во вода сите надежи дека би можел да добие повик од Томас Тухел за настап на Светското првенство.
Менаџерот на Евертон, Дејвид Мојес, ја потврди веста.
„Веруваме дека на Џек му треба операција. Иако сè уште не е 100 проценти потврдено, повредата веројатно ќе го држи надвор од терените до крајот на сезоната“, рече Мојес.
Откако пристигна на позајмица во Евертон, Грилиш повторно почна да игра како во времето кога беше играч на Астон Вила. Сезонава дресот на Евертон го носи како позајмен играч од Манчестер Сити.
Foto/ depositphotos
Спорт
Данска ќе се бори за европската титула
Данската ракометна репрезентација ќе игра во финалето на Европското првенство против Германија, откако во второто полуфинале во Хернинг го победи Исланд со 31:28 (14:14).
Данците, в недела ќе се борат за третото европско злато, исто како и Германците.
Данска последен пат беше европски шампион во 2012 година во Белград, оттогаш двапати беше во финалето и двапати загуби од Франција (2014 и 2024).
Тимот предводен од Николај Јакобсен од клупата ги освои последните четири светски првенства и е актуелен олимписки шампион.
Во натпреварот против Исланд, Данците го скршија отпорот на својот ривал во второто полувреме, откако првиот дел беше израмнет.
Најдобар стрелец во победничкиот тим беше незапирливиот Матијас Гидсел, најдобриот ракометар во светот, со седум гола од исто толку обиди.
Веднаш зад него по ефикасност беше Јохан Хансен со шест гола (седум шута), додека Симон Питлик постигна пет.
Во поразениот тим, Јанус Даги Смарасон и Ори Фрајр Поркесон беа најдобри со по седум гола. Омар Инги Магнусон постигна шест.
Финалето ќе се одигра во недела од 18 часот, претходно во 15.15 часот ќе се одигра натпреварот за третото место.
Foto/ EPA

