Спорт
Наполи не ја совлада Болоња на свој терен
Во последниот натпревар од 18-то коло на италијанското фудбалско првенство, Наполи и Болоња ги поделија бодовите одигрувајќи скромни 1:1.
Во последниот натпревар од 18-то коло на италијанското фудбалско првенство, Наполи и Болоња ги поделија бодовите одигрувајќи скромни 1:1.Гостите поведоа со голот на Роберто Аквафреска во 14 минута благодарение на грешката на домашниот одбрабен играч Кампањаро. Изедначувањето за Наполи го донесе во 71 минута Единсон Кавани од пенал по контакт со раце на гостинскиот фудбалер Перез, што предизвика негодувања кај играчите на Болоња.Македонскиот интернационалец Горан Пандев имаше просечно издание, а во два наврата го проигра во изгледни ситуации Кавани, во првиот дел во 25 минута убаво во празно го проигра својот соиграч, но гостинскиот одбранбен играч ја отстрани опасноста, а во слична ситуација во 68 минута против Кавани беше досуден офсајд. Пандев во 77 минута се обиде низ тројца противници со дриблинг да мине низ средината но Черубин со лизгачки старт го затвори неговиот продор. Наполи со овој резултат остана на шестата позиција, но сега со четири бодови помалку од шестиот Интер кој во градското дерби со актуалниот шампион Милан во неделата навечер славеше со 1:0. Болоња, пак се искачи за едно место погоре на табелата и е 16-та со 19 бодови што не и’ дава спокој во идните мечеви од Серија А во кои ќе мора да си обезбеди опстанок.По коплетирањето на 18-то коло во Италија, нема промени на врвот од табелата, Јувентус е прв со 38 бодови, Милан откако ја пропушти можноста да го мине остана на 37, трет е Удинезе со 35 а четврт е Лацио со 33 бодови./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ – Челзи го победи Вест Хем
Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3:2).
По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.
По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.
„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0:2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.
Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.
На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.

