Спорт
Германија, репрезентација која е далеку од славното минато
Германија е противникот на Македонија, во второто коло на Европското превенство во ракомет, чии домаќин е Србија.
Германија е противникот на Македонија, во второто коло на Европското превенство во ракомет, чии домаќин е Србија.
Германците низ историјата имаат девет учества на европските првенства, а во 2004 ја освои шампионската титула, на последното континетално првенство, завршија, на за нив скромното десетто место.
Македонија досега два пати има игрно против Германија на големите натпреварувања и има забележано два порази, на СП во 1999 25:36 и на СП во 2009 23:33.
Сепак, и покрај позитивната статистика, Германија повеќе не е ракометна велесила, од која се плаши секој противник. Дека е тоа така покажа и првиот дуел на ова ЕП, на кој „панцирите“ можне лесно загубија од Чешка. Од друга страна, Македонија е селекција, која има квалитет да се натпреварува со секоја друга репрезентација.
Дуелот со Шведска го покажа тоа, квалитетот, тимскиот дух, цврстата и подвижна, 6-0 зона и френетичната поддршка од трибините, се гарант дека „црвено-жолтите“, можат преку Германија да забележат победа која ќе им го трасира патот во следната фаза.
Германија, по освоеното 10-то место на ЕП во Австрија, пред две години, доживеа многу промени во составот. Најзначајната се случи на селекторската позиција, Хајнер Бранд по 14 години го напушти кормилото, а во нов кормилар беше промовиран, неговиот асистент Мартин Хојбергер.
Од оние кои во минатото ја носе играта на Германија, најпрепознатливо е лицето на Паскал Хенс, новиот селектор реши да направи рез во селекцијата, внесувајќи во неа многу нови и млади лица, дел од јуниорската репрезентација која ја освои светската титула.
Клучни играчи на оваа реновирана германска репрезентација се голманот Силвио Хајнветер, пивотот Патрик Винцек и Уве Геншмаер, кој има добра сезона во Лигата на шампиони. Силата на оваа германска репрезентација е играта во одбрана, крилните напаѓачи и пивото Винцек, тенки се на позицијата среден бек, а најголема мана им е нетрпеливоста во нападот, често знаат без резон да ги завршуваат нападите.
Дуелот во „Чаир“ помеѓу Македонија и Германија ќе започне во 18:15 часот, а Ниш очекува уште една инвазија на македонските навачи. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Киву задоволен, Интер повторно е лидер во Серија А
Фудбалерите на Интер ја победија Џенова во натпреварот од 15-то коло од Серија А, со што се вратија на врвот на табелата. Интер ги искористи неуспесите на Милан и Наполи, на врвот има бод повеќе од градскиот ривал и два бода повеќе од актуелниот шампион.
Несомнено е дека ќе има жестока борба за титулата во Серија А, во текот на целата сезона.
„Беше тежок натпревар. Џенова игра добро од доаѓањето на Даниеле Де Роси. Освоивме три бода и тоа е најважно“, рече тренерот на Интер, истакнувајќи дека некои италијански фудбалски стручњаци го потцениле неговиот тим.
„Нè потценија и нè отпишаа на почетокот на сезоната, нè ставија на осмото и десеттото место. Сепак, работиме напорно за да ја покажеме нашата вредност“, рече Киву.
На 19 декември, фудбалерите на Интер ќе играат во полуфиналето на Суперкупот на Италија против Болоња во Ријад. Победникот од овој дуел ќе се сретне во финалето на Суперкупот на Италија со подобриот од натпреварот помеѓу Наполи и Милан.
Foto/ depositphotos
Спорт
Наполи најде уште едно засилување во Манчестер Јунајтед
По Скот Мектомини и Расмус Хојлунд, Наполи се подготвува да „посвои“ уште еден ретко користен играч на Манчестер Јунајтед. Станува збор за Коби Мајну, 20-годишникот роден во Стокпот, предградие на Манчестер.
Мејну е продукт на клупската кадемија, но во последните 18 месеци речиси и да не добива шанса од менаџерот Рубен Аморим и логично е дека размислува за заминување.
Португалецот се обиде да објасни дека причината е што игра на истата позиција со Бруно Фернандеш и дека не гледа како двајцата можат да бидат на теренот.
Добро информираниот италијански фудбалски „инсајдер“, Николо Скира, тврди дека луѓето од Наполи се во сериозни преговори со менаџерот на младиот Англичанец и дека е планирана позајмица во јануари, а потоа, како во случајот на Хојлунд, потенцијален откуп на договорот на крајот од сезоната.
Наполи има право да го откупи договорот на Хојлунд за 50 милиони евра во јуни 2026 година, што ќе го сторат според најавите.
Foto/ depositphotos
Спорт
Во Барселона се откажале од Влаховиќ, Србинот се договорил со Милан
Душан Влаховиќ беше цел на Барселона, но повеќе не, а сега ги договори сите лични услови со – Милан!
Ова го тврди каталонскиот „Спорт“, кој откри дека Барселона го следела развојот на ситуацијата во Јувентус, како и дека Влаховиќ бил потенцијална замена за Роберт Левандовски, најмногу поради фактот дека тој ќе стане слободен играч следното лето.
„Спорт“, истакнува дека Каталонците се откажале од неговиот трансфер поради фактот што тој доживеал сериозна повреда поради која ќе мора да паузира три месеци, но и затоа што бил неубедлив пред повредата.
Исто така проблем за Барселона била и платата што ја има Србинот. Влаховиќ од Јувентус, на годишно ниво добива нето плата од 12 милиони евра.
Во исто време, „Спорт“ тврди дека Влаховиќ од претходно водел интензивни преговори со Милан и дека кариерата ќе ја продолжи таму.
Кристофер Енкунку и Сантијаго Хименез не играат добро, не се по вкуст на Масимилијано Алегри, кој добро го познава Влаховиќ од периодот кога работеа заедно во Јувентус.
Влаховиќ, веројатно нема да потпише нов договор со Јувентус, што значи дека од 1 јануари, има право да потпише прелиминарен договор со друг клуб.
Foto/ depositphotos

