Спорт
Македонија-Германија 12:12 (полувреме)
Вистинска ракометна „војна“ во овие моменти во Ниш водат ракометните репрезентации на Македонија и Германија. По 30 минути игра, во пеколна атмосфера, што ја создадоа македонските навивачи – резултатот е 12:12.
Вистинска ракометна „војна“ во овие моменти во Ниш водат ракометните репрезентации на Македонија и Германија. По 30 минути игра, во пеколна атмосфера, што ја создадоа македонските навивачи – резултатот е 12:12, јавува репортерот на Макфакс од Ниш.
Германците го отворија натпреварот со три гола, нашиот напад се мачеше против силната и цврста 6-0 одбрана на противникот во првите пет минути, којашто прв ја проби Кире Лазаров. До шестата минута Македонија успеа да израмни на 3:3.
Следува период на играта во кој се игра гол за гол, а Германците свесни за важноста на натпреварот и со провокации се обидуваат да извлечат нешто повеќе. Македонија до првата предност стигна во 16 минута – 7:6, со вторито гол на Стоилов.
Македонија од 17 до 19 минута игра со двајца ракометари помалку, поради исклучувањата на Марковски и Јоновски.
Во овој период од играта во кој во преден план е германскиот голман Лихтлеин кој со три одбрани не и’ дозволува на Македонија да се одлепи на пристојна разлика. Германија, користејќи ги нашите грешки, во 26 минута оди на два разлика 9:11.
Предноста Германија ја има само две минути. Стоилов и Алушовски постигнуваат голови за 11:11.
Пивотот Стојанче Стоилов е прво име во нашиот состав, тој постигна пет голови. Во нашиот состав уште само тројца се запишаа меѓу стрелците Лазаров постигна четири гола, Мојсоски – два и Алушовски еден, нашите голмани во првиот дел искомбинираа само три одбрани: Ристовски два, Ангелов една.
Наспроти нив, во противничкиот табор Кауфман со четири гола и голманот Лихтлеин со пет одбрани се први имиња во репрезентацијата на Германија. /крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ – Челзи го победи Вест Хем
Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3:2).
По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.
По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.
„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0:2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.
Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.
На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.

