Спорт
Чешка – тест за можностите на Македонија
Ракометната репрезентација на Македонија, вечерва го игра можеби најзначајниот натпревар во последните три години, натпревар, по кој ќе биде познато, дали „црвено-жолтите“ ќе го продолжат настапот на 10-то Европско првенство, кое од 15-29. јануари се одржува во Србија.
Ракометната репрезентација на Македонија, вечерва го игра можеби најзначајниот натпревар во последните три години, натпревар, по кој ќе биде познато, дали „црвено-жолтите“ ќе го продолжат настапот на 10-то Европско првенство, кое од 15-29. јануари се одржува во Србија. Чешка е противникот против кој Македонија ќе се обиде да ја оствари проектираната цел, пласман во втората рунда, чии натпревари ќе се играат во Белград. Чешка не е наивен противник, но Македонија има доволно квалитет за да може да се справи со оваа екипа. Дека избраниците на селекторот Шундовски го поседуваат квалитетот за настап на големите натпреварувања, потврдија првите две средби, против Шведска и Германија, од кои за жал наместо три или четири бода, освоија само еден. Против Шведска, ремито беше реален исход, против Германија, Македонија загуби добиен натпревар. Токму психолошкиот момент ќе биде многу важен за овој меч, и логично е дека се наметнува прашањето, дали македонските ракометари веќе заборавија и го архивираа незаслужениот пораз од Германија. Доколку го надминат тој момент, тогаш, без оглед што Чешка има квалитет, Македонија ќе биде блиску до пласман во вториот круг и до првата победа, воопшто, на европските првенства. За да стигне до посакуваниот резултат „црвено-жолтите“ ќе мора да ја подобрат играта во нападот, бидејќи одбраната во првите два меча функционираше речиси беспрекорно. Против Шведска, а особено против Германија, избраниците на Шундовски одигра одбрана достојна на најголемите европски селекции. Но, ако одбраната функционираше, нападот и не одеше така добро, без проблем функционираше само соработката на надворешната линија со пивотот Стоилов, останатите елементи во напаѓачката игра мора да се поправат, особено кога Македонија напаѓа со играч повеќе. Токму нападот со играч повеќе и лошата реализација на ударите од седум метри, се причините што ракометарите имаат само еден бод на своето конто. Според информациите кои доаѓаат од нашиот табор токму на овие елементи на последниот тренинг, (кој Шундовски го затвори за новинарите), работеле селекторот и ракометарите. Што се однесува до Чешка, тоа е репрезентација која во последните две години бележи релативно добри резултати, на ЕП во Австрија во 2012 година, Чесите го освоија 10-то место, а на СП во Шведска завршија на 12-то место. Европското во Србија е седмо учество на ЕП, а најдобриот пласман го забележале во 1996 година, кога завршија на шестото место. Играта на Чешка во многу нешта зависи од Филип Јиха, еден од најдобрите ракометари во светот, но внимание треба да им се посвети и на Кубеш, Ночар и Филип. Деветмина од овој состав на Чешка играат во Бундес лигата, што значи дека во играта негуваат сличен стил како и Германија. Статистички Македонија со Чешка нема добро искуство, двете селекции во минатото се соочиле пет пати, Македонија има само една победа, во квалификациите за СП во 2007 година, 36:31. Еден натпревар завршил нерешено, 27:27, во квалификациите за пласман на ЕП во 1996, а Чешка има три победи, последната е забележана во квалификациите за пласман на СП во 2007 година. Натпреварот Македонија-Чешка, во нишкиот „Чаир“ ќе започне во 20:15 часот. крај/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Македонија од -18 до победа над Азербејџан
Кошаркарската репрезентација на Македонија го задржа максималниот ефект во претквалификациите за Европското првенство во 2029 година. Во Баку, Македонија го победи Азербејџан со 78:70.
Македонија одигра исклучително лоши 17 минути против лимитиранот, со квалитет, состав на Азербејџан.
Домаќините, ги користеа грешките на противникот, погодуваа од сите позиции и дојдоа до водство 43:25. Кога се вклучи алармот, македонските кошаркари почнаа да играат, пред се во одбраната и со серија 12:1, на полувреме имаа „само“ седум поени негатива (37:44).
Долго Македонија го кршеше отпорот на противникот, тоа се случи во последните две минути од третиот период, кога прв пат поветоа момците во црвено (58:56).
Од тој момент се беше полесно, Македонија стечената предност не ја испушти и ја забележа четврттата победа во групата во исто толку натпревар.
Јакомвски со 22 поени беше најефикасен, двоцифрен ефект, 11 поени имаше и Ѓуровски, по осум поени постигнаа Хап, Магдевски и Мекиќ, Американецот имаше и девет скока, а плејмејкерот на МЗЅ пет асистенции.
Најдобар играч на Азербејџан беше играчот на Тенерифе, Ван Бек со 23 поени.
foto/ mkd.basketball
Спорт
Интер сериозно заинтересиран за Костов
Интер е сериозно заинтересиран за Василије Костов, големиот талент на Црвена звезда.
Според италијанскиот новинар Матео Морето, кој работи со инсајдерот Фабрицио Романо, интересот на „Неразурите за Костов е исклучително голем.
Морено тврди дека Интер не само што го следи играчот, туку дека се започнати почетни разговори за да се утврдат временските рокови и трошоците.
Тој додава дека неколку клубови се заинтересирани за Костов, меѓу кои и некои од Шпанија.
Затоа, тимот од Ломбардија сака навреме да ја утврди својата позиција и да го доведе младиот играч од средниот ред пред нивните ривали во трката за неговиот потпис да им ги расипат плановите.
Јасно е дека Интер и претседателот Бепе Марота направија пресврт и од слободни, но и привремени засилувања, се свртуваат кон помлади играчи чиј потенцијал и целосната трансферна вредност, сè уште не е достигната.
Костов одигра 33 натпревари во црвено-белиот дрес во сите натпреварувања оваа сезона, постигна 12 гола и има шест асистенции.
„Трансфермаркет“ ја проценува неговата моментална вредност на 10 милиони евра, меѓутоа, потребната отштета ќе биде неколкукратно поголема.
Спорт
Дали Роналдо ќе биде подготвен за Светското првенство?
Легендарниот португалски ас Кристијано Роналдо, според британските медиуми, би можел да го пропушти Светското првенство во 2026 година по повредата здобиена за време на викендот.
Напаѓачот на Ал Наср се повреди на натпреварот од Саудиската професионална лига против Ал Фајха, кој неговиот тим го доби со 3:1. Роналдо го напушти теренот во 81-та минута, откако сигнализираше на клупата дека има проблем со мускулите.
Пред да го напушти теренот, португалскиот ветеран промаши пенал при резултат 0:0.
Тренерот на Ал Наср, Жорж Жезус, потврди по натпреварот дека Роналдо ќе биде подложен на итни медицински прегледи.
„Роналдо почувствува мускулен замор, а медицинскиот тим веднаш ќе ги изврши потребните тестови за да ја утврди неговата состојба“, рече Жезус.
Според весникот „Сан“, се зголемуваат стравувањата дека посериозна повреда би можела да го загрози настапот на Роналдо на Светското првенство во 2026 година, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.
Роналдо (41) сака да влезе во историјата и да стане првиот фудбалер што ќе игра на шест Светски првенства. Тој играл на секое Светско првенство од 2006 година и е во елитно друштво со пет настапи, меѓу кои се Лионел Меси, Лотар Матеус, Антонио Карбахал, Андрес Гвардадо и Рафаел Маркез.
Доколку се опорави на време, Португалија ќе го игра првиот натпревар на турнирот на 17 јуни против победникот од плејофот во кој учествуваат Нова Каледонија, Јамајка и ДР Конго. Во групната фаза ги очекуваат дуелите против Узбекистан и Колумбија.
Foto/ depositphotos

