Спорт
Македонија-Чешка 12:12, (полувреме)
Ракометните репрезентации на Македонија и Чешка, во овие моменти во нишкиот „Чаир“, водат жестока битка, за пласман во втората фаза на Еуро 2012. По првото полувреме резултатот е нерешен 12:12.
Ракометните репрезентации на Македонија и Чешка, во овие моменти во нишкиот „Чаир“, водат жестока битка, за пласман во втората фаза на Еуро 2012. По првото полувреме резултатот е нерешен 12:12.Шундовски започна со Лазаров, Мојсоски и Ангеловски како бекови, Темелков и Алушовски на крилните позиции и Стоилов како кружен напаѓач. По две минути игра Македонија поведе со голот на Мојсоски, откако го реализиравме дури третиот напад, чешкиот голман Стохл одбрани два удари. По пет минути, Чешка за прв пат води, 2:1, со головите на Хорак, но Лазаров ја врати рамнотежата со својот прв гол. Стоилов во 7. минута постигнува гол, но набргу враќа повторно Хорак, кој е најрасположен за игра во чешката репрезентација. Борко Ристовски му брани зицер на најопасниот Чех, Филип Јиха, но по загубената топка во нападот Врени и носи одново предност на Чешка од 4:3. Ангеловски израмнува на 4:4, а Темелков ја враќа Македонија во предност 4:5. Хорак, во 15. минута, со својот четврти гол носи ново израмнување 6:6. Македонија игра со играч помалку, исклучен Митков, во овој период за Чешка погодија Ночар и Врени, а Мојсоски за Македонија, резултатот е 8:8. Чешка, поведува, повторно во 22 минута, со првиот гол на Јиха, во следниот напад Лазаров промашува, а Ристовски го брани ударот на Штехлик и ја спречува Чешка да оди на два разлика. Исклучувањето на Хинек, прво во чешката репрезентација, „црвено-жолтите“ не го користа на најдобар начин, најпрвин примаат гол со играч повеќе, а потоа Алушовски возвраќа за 10:11. Филип Јиха го реализира првиот седмерец за Чешка, откако претходно, по втор пат, беше исклучен Митков. Чешка до крајот на првиот дел ќе игра со играч помалку поради исклучувањето на Кубеш. Ситуацијата со играч повеќе ја корсти Ангеловски за израмнување од 12:12, што е резултат на првото полувреме. Наумче Мојсоски со гола е најефикасен во македонската репрезентација, Стоилов, Лазаров и Ангеловски постигнаа по 2, а Миркуловски и Темелков по еден гол. Борко Ристовски успеа да одбрани 5 топки. Кај Чешка најпрецизен е Хорак со 4 гола, Јиха и Јан Филип постигнаа по 2 гола. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Црвена звезда и Динамо Загреб изборија место во нокаут фазата во Лига Европа
Заврши првата фаза во Лига Европа. Регионалните великани Црвена звезда и Динамо Загреб изборија место во плеј-офот. Црвено-белите го освоија 15-то место, а модрите завршија на 23-та позиција.
Црвена звезда, во последното коло, осигра нерешено во Белград со Селта 1:1, додека Динамо забележа пораз во Данска од Митјиланд 2:0.
Комплетни резултати:
Астон Вила – РБ Салцбург 3:2, Базел – Викторија Плзен 0:1, Бетис – Феенорд 2:1, Селтик – Утрехт 4:2, Црвена звезда – Селта Виго 1:1, ФЦСБ – Фенербахче 1:1, Го Ахед Иглс – Брага 0:0, Генк-Малме 2:1, Олимпик Лион – ПАОК 3:2, Макаби Тел Авив – Болоња 0:3, Митјиланд – Динамо Загреб 2:0, Нотингем Форест – Ференцварош 4:0, Панатинаикос – Рома 1:1, Порто – Ренџерс 3:1, Штурм=Бран 1:0, Штутгарт-Јанг Бојс 4:2.
Директен пласман во осминафиналето изборија: Лион, Астон Вила, Митјиланд, Бетис, Порто, Брага, Фрајбург, Рома.
Двојки за плејоф, ждрепката е утре во 13 часот:
Селтик/Лудогорец – Штутгарт/Ференцварош
Фенербахче/Панатинаикос – Нотингем Форест/Викторија Пилсен
Динамо Загреб/Бран – Болоња/Генк
Црвена звезда/Селта – ПАОК/Лил
Спорт
Роберто Де Зерби ќе добие отказ поради чудо во Лисабон?
Тренерот на Олимпик Марсеј, Роберто Де Зерби, е во сериозна опасност да биде отпуштен, објави Радио Монте Карло Спорт (RMC).
Истиот извор наведува дека се во тек разговори меѓу сите страни за да се донесе одлука за иднината на Де Зерби на клупата на клубот од „Велодром“.
Статусот на италијанскиот стручњак беше доведен во прашање по елиминацијата на Марсеј од Лигата на шампионите.
И покрај поразот од 3:0 од Ливерпул во претходното коло, пред последниот натпревар, францускиот клуб имаше одлична шанса да се пласира меѓу 24-те екипи и да игра плејоф, но тоа не се случи поради неверојатниот крај на натпреварот во Лисабон.
Пред гостувањето во Клуб Бриж, Марсеј имаше дури 94 проценти шанси за пласман, меѓутоа, поразот од 3:0 во Белгија, заедно со победата од 4:2 на Бенфика над Реал Мадрид и други неповолни резултати доведоа до тоа францускиот клуб да заврши на 25-то место на табелата и да не продолжи со натпреварувањето.
Марсеј моментално е трет на табелата во Лига 1, седум бода зад лидерот Пари Сен Жермен.
Foto/ depositphotos
Спорт
Кристал Палас напаѓач најде во Вулверхемптон
Јорген Странд Ларсен е нов член на Кристал Палас.
Норвежанецот му се приклучи на клубот од јужен Лондон од Вулверхемптон, кој е на дното на табелата во елитниот ранг на англискиот фудбал.
Според медиумите на Островот, вредноста на трансферот е 52 милиони евра плус шест милиони што може да ги заработи преку бонуси. Ова е втор најголем трансфер во овој преоден рок, по оној на Антоан Семењо. Репрезентативецот на Гана за 72 милиони евра од Борнмут замина во Манчестер Сити.
Ларсен одигра 63 натпревари за Вулверхемптон и постигна 20 гола. Оваа сезона, тој ја погоди противничката мрежа шест пати во 25 натпревари.
Foto/ depositphotos

