Спорт
Миркуловски: Најдобри сме кога е најтешко
Македонската репрезентација, вечерва во Ниш, покажа квалитет, тимски дух и ментална сила, што зачинето со пеколната атмосфера, која ја направија навивачите, беше доволно да се победи Чешка 27:21 и да се избори пласман во следната фаза на Еуро 2012.
Македонската репрезентација, вечерва во Ниш, покажа квалитет, тимски дух и ментална сила, што зачинето со пеколната атмосфера, која ја направија навивачите, беше доволно да се победи Чешка 27:21 и да се избори пласман во следната фаза на Еуро 2012. Филип Миркуловски беше прво име во нашиот состав, бекот на Металург го одигра најдобриот натпревар, во досегашниот тек од првенството, постигна пет гола од исто толку обиди. Тој заедно со Лазаров , Темелков и Мојсоски ја предводеше Македонија до големиот успех. „Многу ми е мило што го победивме најпотребниот натпревар на ова Европско првенство, но морам да кажам дека ми е многу жал што ќе пренесеме само еден бод, доколку пренесевме три или четири бода, ќе имавме шанси за големи нешта, но ниту вака не е се загубено. Ние сме најдобри кога е најтешко.“ Миркуловски не заборави да ја спомене огромната поддршка која репрезентативците ја имаа не само на овој натпревар. „Во Белград се надеваме на иста поддршка како што ја имевме во Ниш, навивачите беа феноменални и ќе беше разочарување за целата нација и за нас доколку не ја поминевме групата.“Македонија, во следната фаза, во Белград, за противници ќе ги има Србија, Полска и Данска.„Добро се знаеме со сите репрезентации, игравме на СП во Хрватска (Полска и Данска), со Србија игравме пријателски утакмици. Полска веќе ја победивме во Хрватска, зошто да не ја победиме и во Белград, со Србија секогаш сме играле рамноправно, Данска е можеби поголем квалитет од нас, но сепак со поддршка од се е можно.“Миркуловски откри и која е целата на оваа генерација ракометари. „Таму ни треба една победа за нештата да бидат поинакви, целта ни е да избориме пласман на квалификацискиот турнир за Олимписките игри. Добро е што домаќинот Србија, од групата пренесува четири бодови и ќе му треба уште една победа, за да обезбеди пласман во полуфиналето, па во последното коло со нас може да ги штеди силите, што ние можеме да го искористиме за победа. “Македонија првиот натпревар во новоформираната група ќе го одигра во сабота против Данска. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Црвена звезда и Динамо Загреб изборија место во нокаут фазата во Лига Европа
Заврши првата фаза во Лига Европа. Регионалните великани Црвена звезда и Динамо Загреб изборија место во плеј-офот. Црвено-белите го освоија 15-то место, а модрите завршија на 23-та позиција.
Црвена звезда, во последното коло, осигра нерешено во Белград со Селта 1:1, додека Динамо забележа пораз во Данска од Митјиланд 2:0.
Комплетни резултати:
Астон Вила – РБ Салцбург 3:2, Базел – Викторија Плзен 0:1, Бетис – Феенорд 2:1, Селтик – Утрехт 4:2, Црвена звезда – Селта Виго 1:1, ФЦСБ – Фенербахче 1:1, Го Ахед Иглс – Брага 0:0, Генк-Малме 2:1, Олимпик Лион – ПАОК 3:2, Макаби Тел Авив – Болоња 0:3, Митјиланд – Динамо Загреб 2:0, Нотингем Форест – Ференцварош 4:0, Панатинаикос – Рома 1:1, Порто – Ренџерс 3:1, Штурм=Бран 1:0, Штутгарт-Јанг Бојс 4:2.
Директен пласман во осминафиналето изборија: Лион, Астон Вила, Митјиланд, Бетис, Порто, Брага, Фрајбург, Рома.
Двојки за плејоф, ждрепката е утре во 13 часот:
Селтик/Лудогорец – Штутгарт/Ференцварош
Фенербахче/Панатинаикос – Нотингем Форест/Викторија Пилсен
Динамо Загреб/Бран – Болоња/Генк
Црвена звезда/Селта – ПАОК/Лил
Спорт
Роберто Де Зерби ќе добие отказ поради чудо во Лисабон?
Тренерот на Олимпик Марсеј, Роберто Де Зерби, е во сериозна опасност да биде отпуштен, објави Радио Монте Карло Спорт (RMC).
Истиот извор наведува дека се во тек разговори меѓу сите страни за да се донесе одлука за иднината на Де Зерби на клупата на клубот од „Велодром“.
Статусот на италијанскиот стручњак беше доведен во прашање по елиминацијата на Марсеј од Лигата на шампионите.
И покрај поразот од 3:0 од Ливерпул во претходното коло, пред последниот натпревар, францускиот клуб имаше одлична шанса да се пласира меѓу 24-те екипи и да игра плејоф, но тоа не се случи поради неверојатниот крај на натпреварот во Лисабон.
Пред гостувањето во Клуб Бриж, Марсеј имаше дури 94 проценти шанси за пласман, меѓутоа, поразот од 3:0 во Белгија, заедно со победата од 4:2 на Бенфика над Реал Мадрид и други неповолни резултати доведоа до тоа францускиот клуб да заврши на 25-то место на табелата и да не продолжи со натпреварувањето.
Марсеј моментално е трет на табелата во Лига 1, седум бода зад лидерот Пари Сен Жермен.
Foto/ depositphotos
Спорт
Кристал Палас напаѓач најде во Вулверхемптон
Јорген Странд Ларсен е нов член на Кристал Палас.
Норвежанецот му се приклучи на клубот од јужен Лондон од Вулверхемптон, кој е на дното на табелата во елитниот ранг на англискиот фудбал.
Според медиумите на Островот, вредноста на трансферот е 52 милиони евра плус шест милиони што може да ги заработи преку бонуси. Ова е втор најголем трансфер во овој преоден рок, по оној на Антоан Семењо. Репрезентативецот на Гана за 72 милиони евра од Борнмут замина во Манчестер Сити.
Ларсен одигра 63 натпревари за Вулверхемптон и постигна 20 гола. Оваа сезона, тој ја погоди противничката мрежа шест пати во 25 натпревари.
Foto/ depositphotos

