Спорт
Пеле: Меси мора уште многу да работи за да ме стигне
Бразилската фудбалска легенда Пеле денеска изјави дека моментно најдобриот светски фудбалер Аргентинецот Лионел Меси мора многу работи да поправи за да еден ден се зборува за него како за најдобар на сите времиња.
Бразилската фудбалска легенда Пеле денеска изјави дека моментно најдобриот светски фудбалер Аргентинецот Лионел Меси мора многу работи да поправи за да еден ден се зборува за него како за најдобар на сите времиња.„Кога Меси ќе постигне 1.283 голови, колку што јас имав постигнато и кога ќе освои три Светски првенства, тогаш можеме да збориме. Фудбалот се менува, рекордите постојат за да се урнат, но мојот рекорд малку потешко ќе биде надминат“, вели Пеле.Тој рече дека „ многу го сака“ Меси, дека станува збор за „извонреден фудбалер“ и дека тие двајцата се на исто ниво што се однесува до техниката.Меси за Барселона има сторено големи работи, но кога игра за Аргентина не постигнува успех, рече Пеле.Тој смета дека своевремено имал многу поголем природен потенцијал од оној што сега го поседува Меси.„Никој не знаеше со која нога ќе шутнам, подеднакво добро ги користев обете нозе. Исто така многу голови дадов со глава“, рече Пеле.Бразилецот рече дека полемиките околу тоа кој е најдобриот фудбалер на сите времиња ќе се водат уште долго време. /крај/б/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Сити за полувреме го реши Брајтон
Фудбалерите на Манчестер Сити убедливo славеа на гостувањето кај Брајтон со 4:0 (3:0) во натпревар од 29. коло на англиската Премиер лига.
Актуелните шампиони сите дилеми околу победникот ги решија во првото полувреме и тоа во интервал од 17 минути кога постигнаа три гола.
Кевин де Брујне го постигна првиот гол во кариерата со глава во 17. минута, по центаршутот на Кајл Вокер.
Потоа два гола постигна Фил Фоден во 26. и 34. минута, првиот од слободен удар со малку среќа, а вториот по груба грешка на одбраната на домаќините.
Хулијан Алварез во 62. минута ги постави конечните 4:0.
Избраниците на Пеп Гвардиола се втори на табелата, го прескокнаа Ливерпул, а имаа бод и натпревар помалку од лидерот Арсенал.
Спорт
(Видео) Димитријевиќ МВП на ВТБ лигата
Кошаркарот на Уникс, Ненад Димитријевиќ е прогласен за најкорисен играч на регуларниот дел сезоната на руската ВТБ лига.
Уникс прв заврши во лигата, првпат во историјата, а Македонецот беше еден од најзаслужните за ваков успех.
Сезонава Димитријевиќ имаше просек од 19 поени по натпревар со 6,6 асистенции, 3,6 скока и 1,3 украдени топки.
Во минатогодишното финале на ВТБ лигата неговиот тим ја совлада Локомотива (4:1), а Димитиријевиќ беше прогласен за МВП на финалната серија.
Сезонава во решавачкиот меч за првото место во регуларниот дел против ЦСКА Москва забележа рекордни 40 поени со девет асистенции.
„За мене е голема чест да ја добијам наградата МВП за регуларниот дел од сезоната на ВТБ лигата 2023/24“, изјави Димитријевиќ и додаде:
„Оваа година победивме во многу возбудливи натпревари и славевме во регуларниот дел од сезоната. Мислам дека ова е резултат на напорната работа на целиот тим. Би сакал да им се заблагодарам на ВТБ лигата, на мојот тим Уникс, на стручниот штаб на чело од Велимир Перасовиќ, медицинскиот штаб и нашите верни навивачи. Најголема благодарност до моите соиграчи, кои ми помогнаа да станам подобар играч.“
Спорт
Адријан Њуи ќе го напушти Ред Бул
Главниот директор за дизајн на Ред Бул, Адријан Њуи, треба да го напушти тимот по контроверзата, која вклучува обвинувања против шефот на тимот Кристијан Хорнер.
Њуи, кој важи за најдобар дизајнер во историјата на Формула 1, одлуката да го напушти тимот им ја сооптшил челниците на Ред Бул, објави денеска Би-би-си.
Адријан Њуи е вознемирен од ситуацијата во Ред Бул, откако Хорнер беше обвинет за сексуално вознемирување и насилно однесување кон колешка. Хорнер ги негираше обвинувањата, а тимот по спроведена интерна истрага ги отфрли обвинувањата против Хорнер и жената ја суспендираше од работа.
Тој има договор со Ред Бул до крајот на следната сезона, а претходно беше поврзуван со преселба во Ферари.