Спорт
Недостиг на искуство нe' води во трагични порази
Македонската ракометна репрезентација, запиша, нов, незаслужен, пораз на 10-то Европско првенство. По Шведска и Германија, во групата во Ниш, во Белград, „црвено-жолтите“ ги шокира Данска.
Македонската ракометна репрезентација, запиша, нов, незаслужен, пораз на 10-то Европско првенство. По Шведска и Германија, во групата во Ниш, во Белград, „црвено-жолтите“ ги шокира Данска.
Натпреварот со Данска, во кој, светскиот вицепрвак, во еден момент беше на колена, целосно надигран, долго ќе се прераскажува и анализира. Каде и дали воопшто нашите ракометари погрешија, дали беа жртви на жестокиот ритам кои сами го наметнаа, ритам кој Данска во првите 25. минути не можеше да го следи.
Но колку и да се анализира, впечатокот е дека загубивме поради недостиг на искуство, кое доколку го имавме, сигурно немаше да се играат цепелини или да се прават обиди да се постигне гол преку целиот терен. За разлика од нашите момчиња, Данците го имаат заначајниот фактор, искуство, затоа што последниот напад, по кој Линдерг ја фрли во очај цела нација, е резултат на нешто што се вежба и работи на подготовките.
Сепак, никој не може да се отргне од помислата дека доколку ракометарите беа миленици на фортуната, сега ќе се зборуваше за пласман во полуфиналето, вака ќе се обвинува лошата среќа која репрезентацијата ја следеше на дуелите со Шведска, Германија и Данска.
„Лоша среќа беше мојот последен шут од ногата на голманот да заврши директно во рацете на данскиот играч кој, потоа, топката ја исфрли во контра од која Данска стигна до победата, но тоа е ракометот. Ние бевме надвор од игра, но успеавме да се вратиме и да влеземе во драматичен финиш. Ние ја плаќаме цената што не сме редовни учесници на големите настани, бидејќи немаме нерви и не сме смирени кога треба да се фокусираме на одржвање на нашата предност. Имавме цели шест гола предност, но не успеавме да ја сочуваме разликата. Ние и покрај поразот одиме со кренати глави, затоа што дадовме се од себе, но ќе биде тешко психички да се вратиме од овој удар, бидејќи се чини дека среќата не е на наа страна на овој турнир“, ја пренесува изјавта на капитенот Кире Лазаров, „ehf-euro2012.com“.
Слично како и капитенот веднаш по завршувањето размислуваше и селекторот Шундовски, додека неговиот колега Вилбек имаше доблест да признае дека последниот напад и голот за победа биле плод на среќа.
Македонија, утре од 16:20 часот, за противник ќе ја има Полска, репрезентација, која оваа генерација ракометари ја победи на СП во Хрватска. Неспорно е дека Македонија има квалитет да ја победа Полска, прашање е само дали „црвено-жолтите“ ќе успеат да ја архивираат трагедијата која им се случи со Данска. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Македонија од -18 до победа над Азербејџан
Кошаркарската репрезентација на Македонија го задржа максималниот ефект во претквалификациите за Европското првенство во 2029 година. Во Баку, Македонија го победи Азербејџан со 78:70.
Македонија одигра исклучително лоши 17 минути против лимитиранот, со квалитет, состав на Азербејџан.
Домаќините, ги користеа грешките на противникот, погодуваа од сите позиции и дојдоа до водство 43:25. Кога се вклучи алармот, македонските кошаркари почнаа да играат, пред се во одбраната и со серија 12:1, на полувреме имаа „само“ седум поени негатива (37:44).
Долго Македонија го кршеше отпорот на противникот, тоа се случи во последните две минути од третиот период, кога прв пат поветоа момците во црвено (58:56).
Од тој момент се беше полесно, Македонија стечената предност не ја испушти и ја забележа четврттата победа во групата во исто толку натпревар.
Јакомвски со 22 поени беше најефикасен, двоцифрен ефект, 11 поени имаше и Ѓуровски, по осум поени постигнаа Хап, Магдевски и Мекиќ, Американецот имаше и девет скока, а плејмејкерот на МЗЅ пет асистенции.
Најдобар играч на Азербејџан беше играчот на Тенерифе, Ван Бек со 23 поени.
foto/ mkd.basketball
Спорт
Интер сериозно заинтересиран за Костов
Интер е сериозно заинтересиран за Василије Костов, големиот талент на Црвена звезда.
Според италијанскиот новинар Матео Морето, кој работи со инсајдерот Фабрицио Романо, интересот на „Неразурите за Костов е исклучително голем.
Морено тврди дека Интер не само што го следи играчот, туку дека се започнати почетни разговори за да се утврдат временските рокови и трошоците.
Тој додава дека неколку клубови се заинтересирани за Костов, меѓу кои и некои од Шпанија.
Затоа, тимот од Ломбардија сака навреме да ја утврди својата позиција и да го доведе младиот играч од средниот ред пред нивните ривали во трката за неговиот потпис да им ги расипат плановите.
Јасно е дека Интер и претседателот Бепе Марота направија пресврт и од слободни, но и привремени засилувања, се свртуваат кон помлади играчи чиј потенцијал и целосната трансферна вредност, сè уште не е достигната.
Костов одигра 33 натпревари во црвено-белиот дрес во сите натпреварувања оваа сезона, постигна 12 гола и има шест асистенции.
„Трансфермаркет“ ја проценува неговата моментална вредност на 10 милиони евра, меѓутоа, потребната отштета ќе биде неколкукратно поголема.
Спорт
Дали Роналдо ќе биде подготвен за Светското првенство?
Легендарниот португалски ас Кристијано Роналдо, според британските медиуми, би можел да го пропушти Светското првенство во 2026 година по повредата здобиена за време на викендот.
Напаѓачот на Ал Наср се повреди на натпреварот од Саудиската професионална лига против Ал Фајха, кој неговиот тим го доби со 3:1. Роналдо го напушти теренот во 81-та минута, откако сигнализираше на клупата дека има проблем со мускулите.
Пред да го напушти теренот, португалскиот ветеран промаши пенал при резултат 0:0.
Тренерот на Ал Наср, Жорж Жезус, потврди по натпреварот дека Роналдо ќе биде подложен на итни медицински прегледи.
„Роналдо почувствува мускулен замор, а медицинскиот тим веднаш ќе ги изврши потребните тестови за да ја утврди неговата состојба“, рече Жезус.
Според весникот „Сан“, се зголемуваат стравувањата дека посериозна повреда би можела да го загрози настапот на Роналдо на Светското првенство во 2026 година, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.
Роналдо (41) сака да влезе во историјата и да стане првиот фудбалер што ќе игра на шест Светски првенства. Тој играл на секое Светско првенство од 2006 година и е во елитно друштво со пет настапи, меѓу кои се Лионел Меси, Лотар Матеус, Антонио Карбахал, Андрес Гвардадо и Рафаел Маркез.
Доколку се опорави на време, Португалија ќе го игра првиот натпревар на турнирот на 17 јуни против победникот од плејофот во кој учествуваат Нова Каледонија, Јамајка и ДР Конго. Во групната фаза ги очекуваат дуелите против Узбекистан и Колумбија.
Foto/ depositphotos

