Спорт
Шпанија втор полуфиналист

Репрезентацијата на Шпанија, покрај домаќинот Србија, е втората репрезентација на која што и појде од рака, на коло пред крајот од групите, да обезбеди пласман во полуфиналето на Европското првенство во ракомет.
Репрезентацијата на Шпанија, покрај домаќинот Србија, е втората репрезентација на која што и појде од рака, на коло пред крајот од групите, да обезбеди пласман во полуфиналето на Европското првенство во ракомет. Во првиот натпревар од второто коло во втората група која се игра во Нови Сад, Шпанија го совлада Исланд со 31-26, со што веќе обезбеди едно од првите две места во групата.За неколку минути се игра дерби натпреварот помеѓу Хрватска и Франција, кој во многу може да одлучи кој ќе биде вториот патник од оваа група, но за тоа место рамноправно конкурираат и Унгарија и Словенија. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Тажен ден за црногорскиот фудбал – Почина Андрија Делибашиќ

Црногорскиот фудбалер Андрија Делибашиќ почина на 44-годишна возраст, објави јавниот сервис на Црна Гора (РТГЦ).
На поранешниот фудбалер на Партизан, Мајорка, Рајо Ваљекано и други клубови му бил дијагностициран тумор на мозокот во март 2023 година, додека беше тренер на Морнар. . По операцијата, Делибашиќ му се врати на фудбалот, минатото лето стана спортски директор на Будуќност.
Делибашиќ на 14-годишна возраст од Сутјеска пристигнал во младинската школа на Партизан. За првиот тим на црно-белите дебитираше во 1999 година и освои две титули во првенството и една во Купот пред да замине во Мајорка во 2004 година.
„Сите што ја сакаат црногорската фудбалска репрезентација вечно ќе го паметат 7 октомври 2011 година, магичниот гол за сензационално реми 2:2 против Англија и пласман во баражот за ЕП. И тие денеска ќе плачат, бидејќи на возраст од 44 години почина авторот на еден од најпознатите голови во кратката историја на нашиот фудбал, Андрија Делибашиќ“, објави РТЦГ.
Спорт
УНИКС сака да го врати Димитријевиќ во Русија
Македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ е подготвен да го напушти Милано.Ова вчера го објави новинарот Андреа Калцони. Според овој извор Милано за следната сезона има намера да го ангажира играчот на Тренто, Квин Елис.
Минатото лето, неколу екипи од Евролигата покажаа интерес за најдобриот играч во првенството на Русија. Димитријевиќ реши од УНИКС Казан да се пресели во Милано.
Македонскиот репрезентативец нема најдобра сезона во Евролигата има просек од 7,9 поени, додека во првенството одигра 13 натпревари со просек од 8,5 поени.
Откако се појави инфорацијата дека Нено ќе го напушти Милано, веднаш се јавиле од неговиот поранешен клуб, УНИКС. Русите дознале дека Димитријевиќ води преговори за прекин на договорот и наводно биле подготвени да го нагажираат веднаш.
Дресот на УнНИКС, Димитријевиќ го носеше во периодот од 2022 до 2024 година.
Спорт
(Видео) Спектакуларна прослава на 125. роденден на Ајакс

Фудбалскиот клуб Ајакс од Амстердам, синоќа го прослави својот 125 роденден, а навивачите на најтрофејниот холандски клуб на спектакуларен начин го прославија роденденот.
Неколку десетици илјади навивачи се собраа на централните улици на најголемиот холандски град и со многу пиротехнички средства ја одбележаа 125-годишнината од основањето на клубот.
Ајакс е основан во 1900 година од тројца пријатели, но никој од нив живеел до 1912 година кога клубот одлучил да игра во црвено-бели дресови.
Во својата богата историја, клубот освои 36 шампионски титули во Холандија и 20 пати триумфираа во националниот Куп, а четири пати ја освојуваа европската шампионска титула.
Како дел од големата кампања за прослава на 125-годишнината на клубот, Амстердам одлучи да го врати стариот грб, кој беше одлично прифатен од навивачите.