Контакт

Спорт

Хрватска ја „збриша“ Франција

Објавено пред

Хрватска во дерби натпреварот од второто коло во Групата 2 од Европското првенство во ракомет вечерва во Нови Сад уверливо ја совлада Франција со 29:22.

dobivaj vesti na viber

Хрватска во дерби натпреварот од второто коло во Групата 2 од Европското првенство во ракомет  вечерва во Нови Сад уверливо ја совлада Франција со 29:22.„Коцкестите“ со оваа победа направија голем исчекор кон полуфиналето, но воедно ги исфрлија актуелните светски прваци од борбата за висок пласман.Доколку во последниот денешен натпревар на програмата, Словенија ја совлада Унгарија, Хрватите веќе ќе го слават пласманот во полуфиналето, во спротивно ќе мораат во директниот натпревар против Унгарија да решат која од овие две репрезентации ќе оди натаму.Франција на полувреме замина со минимална предност, но натпреварот беше решен во второто полувреме кое Хрватска го доби со 18:10. Јунак на мечот беше Марко Копљар со седум постигнати голови. /крај/ихр/ап/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Јувентус има подготвени замени за Влаховиќ

Објавено пред

Душан Влаховиќ во летниот преоден рок ќе го напушти Јувентус. Влаховиќ и неговите менаџер ги одбија сите понуди на клубот околу новиот договор, кој предвидуваше намалување на платата. Бидејќи има договор до јуни 2026 година, летниот преоден рок ќе биде последна шанса Јувентус да заработи од неговиот трансфер.

dobivaj vesti na viber

Челниците на Јувентус веќе имаат план како ќе реагираат по заминувањето на Влаховиќ. Нивната намера е да го задржат Рандал Коло Муани, Францускиот репрезентативец неодамна го засили клубот. Одлично се вклопи постигна три гола во првите два натпревари.

Планот на Јувентус е и наредната сезона да го задржат Муани на позајмица, а по завршувањето на сезоната 2025/2026 да го откупат од ПСЖ за 45 милиони евра.

Јувентус не сака веднаш да го купи Муани, бидејќи во летниот преоден рок за 30 милиони евра сака да го ангажира дефанзивецот на Феенорд, Словакот Давид Ханцко.

Покрај Ханцко, во летниот преоден рок, челниците на „старата дама“ ќе тргнат и по Виктор Осимен. Нигериецот сезонава е позајмен во Галатасарај, а се претпоставува дека Наполи ќе прифати 75 милиони евра.

Прикажи повеќе...

Спорт

Алаба (повторно) се повреди

Објавено пред

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Давид Алаба заработи повреда на тетивата на левата нога, соопшти шпанскиот клуб.

dobivaj vesti na viber

Алаба (32) ги пропушти повеќето натпревари во досегашниот тек од сезоната поради повреда на предните вкрстени лигаменти. Според шпанските медиуми, Алаба ќе отсуствува две до три недели.

Австрискиот дефанзивец, по пауза од 13 месеци, се врати на теренот на 19. јануари на натпреварот против Лас Палмас, по што влезе од клупата за резерви во следните три натпревари, за да го заврши претходното коло од шпанската Ла Лига против Еспањол како неискористена резерва.

Алаба му се приклучи на Реал Мадрид во 2021 година, како слободен играч од Баерн Минхен.

Реал Мадрид е прв во поредокот во Ла Лига со 49 бодови, додека во Лигата на шампионите ќе игра бараж со Манчестер сити за место во осминафиналето, откако заврши на 11. место по првата фаза од натпреварувањето.

Реал утре ќе му гостува на Леганес во четвртфиналето на шпанскиот Куп, а на 9.февруари во градското дерби ќе го пречека Атлетико. Овие натпревари и баражот со Манчестер сити ќе ги пропушти и Антонио Ридигер, кој се повреди во саботата против Еспањол.

Прикажи повеќе...

Спорт

Полицијата во Аликанте го пронајде телото на исчезнатиот хрватски фудбалер

Објавено пред

Телото на 24-годишниот хрватски фудбалер Јаков Јелкиќ, кој исчезна во Аликанте, Шпанија, ноќта на 1.февруари e пронајдено во понеделник попладне во водите на градското пристаниште, објави порталот „Informacion“.

dobivaj vesti na viber

Телото е предадено на обдукција, но шпанската полиција верува дека се работи за несреќен случај.

Јаков, кој бил жител на швајцарскиот град Зермат, последен пат бил виден во ноќниот клуб „Упикум“, по што му се губи секаква трага.

Тој беше во Шпанија бидејќи неговиот фудбалски клуб ФК Гранж-Пакот од Швајцарија играше натпревар во Аликанте.

Фудбалерите, во петокот вечерта, биле во споменатата дискотека „Упикум“, а откако ја напуштиле, фудбалерите се упатиле кон хотелот. Јаков се вратил во дискотеката бидејќи ја заборавил јакната.

Швајцарските медиуми пишуваат дека пријателите сфатиле дека тој не е во својата соба во саботата наутро. Тоа им било сомнително, па го пријавиле за исчезнат, полицијата во текот на истрагата успеала да го лоцира младиот човек на снимката од надзорните камери, на кои се гледа како сам оди кон областа „Дигитал Дистрихкт“ во пристаништето Аликанте. Токму на тоа место му бил прекинат сигналот од мобилниот телефон.

Следното утро полицијата го пронашла телото на Јаков на длабочина од околу два метри, на крајот од пристаништето.

Во вторник во Институтот за правна медицина во Аликанте ќе биде извршена обдукција за да се утврди дали е точна теоријата дека младиот човек починал од давење по несреќен пад.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

(Видео) Мицкоски: Нови 15 милијарди денари капитални инвестиции за општините, историски најголема инвестиција

Денеска на редовна седница на Владата практично отпочнавме со постапката за објавување на вториот повик преку Министерството за локална самоуправа...

Топ2 часа

Ја затворил поранешната девојка: ја удирал со тупаници и клоци, ја влечел за коса: распишана потерница по 40-годишник

Основното јавно обвинителство Битола поднесе обвинение против 40-годишник кој се товари за – Противправно лишување од слобода од член 140...

Македонија3 часа

Јакимовски: Трн во око им се маркетите, Владата воопшто не зборува за нивните миленичиња

Владата воопшто не зборува за нивните миленичиња, реагира на социјалните мрежи лидерот на ГРОМ и актуелен градоначалник на општина Карпош,...

Македонија3 часа

Момчето на Фросина: Биди ми спокојна горе помеѓу ангелите, не ни дозволија заедно да остариме

Момчето на Фросина Кулакова, која смртно беше прегазена на пешачки премин на „Партизанска“, со потресна објава се огласи на социјалните...

Топ3 часа

Загина 57-годишен маж од Кочанско: со возилото излетал од патот

Вчера во ОВР Кочани било пријавено дека во периодот од 23.00 часот на 02.02.2025 до 16.30 часот на 03.02.2025 на...

Македонија5 часа

Втор земјотрес во Македонија денеска

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија на сеизмолошките станици инсталирани во нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Регион7 часа

Грција не престанува да се тресе: најсилниот земјотрес утрово со јачина од 4,9 степени, десетици семејства чекаат на пристаништето во Санторини

Утрово четири земјотреси се регистрирани во морското подрачје југозападно од Санторини, од кои најсилниот бил со јачина од 4,9 степени...

Македонија7 часа

Почувствуван земјотрес во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Европа8 часа

Фон дер Лајен: Ќе ги релаксираме правилата за задолжување доколку земјите членки трошат за одбрана

Европската комисија е подготвена да примени флексибилност во примената на Пактот за стабилност и раст, кој пропишува фискална дисциплина, доколку...

Свет8 часа

(Видео) Ел Салвадор ќе ги прифати депортираните опасни криминалци од САД

Ел Салвадор вчера им понуди на Соединетите Држави да ги прифатат депортираните „опасни криминалци“ во нивните затвори, изјави американскиот државен...

Свет8 часа

Америка има нов министер за енергетика: претходно не се занимавал со политика, туку со нафта

Американскиот сенат синоќа го потврди Крис Рајт, директор на нафтена компанија без политичко искуство, за нов секретар за енергетика во...

Македонија22 часа

Обвинителството тврди дека Палевски го возeл „реното“ на денот на грабнувањето на Вања, одбраната негира

На денешното рочиште за грабнувањето и убиството на 14-годишната, Вања Ѓорчевска и убиството на велешанецот Панче Жежовски, Обвинителството прикажа снимка...

Македонија23 часа

Нема договор за минималната плата, ќе се дефинира официјална потрошувачка кошница, велат од Организацијата на работодавачите

Нема договор за минималната плата, но ќе има официјална потрошувачка кошница што ќе ја креираат синдикатите, Државниот завод за статистика,...

Македонија1 ден

Филков ја разреши судијката Алексовска-Стојановска од работната група за измени на Кривичниот законик: Да се преиспита целиот случај со прерано загинатата Фросина

Министерот за правда Игор Филков ја разреши судијката Даниела Алаксовска-Стојановска од членство во работната група за измени на Кривичниот законик,...

Македонија1 ден

Трајкоска-Стрезоски за случајот со прегазената Фросина: Одговорност на судијката не би требало да има, лично ја познавам

Претседателката на Академијата за судии и обвинители, Ирина Трајкоска-Стрезоски, оценува дека судиите се професионалци, кои работат во согласност со законот,...

Македонија1 ден

Не би сакал во вакви моменти на чувства да се носат избрзани одлуки, вели Камбовски за случајот на смртно прегазената Фросина

Судскиот совет будно го следи случајот со смртно прегазената Фросина Кулакова од Неготино, уверува претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски....

Македонија1 ден

Секоја година од рак на грлото на матката заболуваат речиси 200 жени, Владата итно да ги зголеми средствата, бараат здруженијата

Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените (ЕСЕ), по повод Светскиот ден за борба против ракот, ги повикува Владата...

Македонија1 ден

Се проширува истрагата во „Адитив“- осомничени осум нови лица, а тројца претходно осомничени се товарат и за перење пари

Од досега спроведената истражна постапка за предметот познат во јавноста како „Адитив“, во насока на проширување на постапката, под раководство...

Топ1 ден

(Видео) Претреси на повеќе локации во Скопје, Велес и Прилеп, уапсени 10 лица, запленети 500.000 евра: МВР објави снимка

На 02.01.2025 реализирана е меѓународна истрага координирана од страна на ЕУРОПОЛ, македонската и српската полиција, а под раководство на надлежните...

Македонија1 ден

Мицевски: Поднесовме барање за јавна расправа во Собранието за законски измени и зајакнување на безбедноста во сообраќајот

Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски преку социјалните мрежи информираше дека пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и...