Спорт
Лав доби нов договор од Минесота Тимбервулфс
Најдобриот играч на Минесота, Кевин Лав, од клубот доби нов четиригодишен договор, вреден 62 милиони долари, со опција да може да ја откупи последната година од договорот.
Најдобриот играч на Минесота, Кевин Лав, од клубот доби нов четиригодишен договор, вреден 62 милиони долари, со опција да може да ја откупи последната година од договорот. Лав минатата сезона го доби признанието за играч кој најмногу напредувал во лигата, тој во сезоната 2010/2011 имаше просечни, по натпревар 20,2 поени и 15,3 скока, со што стана првиот играч по Мозес Мелоун и сезоната 1982/1983, кој во регуларниот дел од првенството имал повеќе од 20 поени и 15 скокови по натпревар. „Во Кевин Минесота има кошаркар околу кој може да го гради и подобрува тимот“, изјави директорот на Минесота, Дејвид Кан. Лав во тековната сезона, во просек, по натпревар, има 24,9 поени и 13,9 скока. Тој ја предводи лигата според остварените „дабл-дабл“ ефекти на натпревар, вкупно 16, четврти е на листата на стрелците, втор на листата на најдобри скокачи, и е играч со најголема минутажа. Лав студираше на универзитетот УКЛА, а како петти пик на Драфтот во 2008 година беше избран од Мемфис, но „Гризлис“ веднаш го испратија во Минесота во замена за О Џеј Мејо. Минатата сезона, Лав, имаше рекордни 64 „дабл-дабл“ ефекти, вклучувајќи 53 последовни, што е рекорд на еден играч на Минесота. крај/б92/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Вардар 1961 го декласира Сесвете
Ракометарите на Вардар 1961 го обезбедија првото место во Ф групата и пласман во Топ 16 фазата, во Европската лига. Вечерва на гостински терен го декласираа тимот на Сесвете со 38:24 (23:12).
Сесвете против Вардар 1961 се држеше до резултат 3:5, потоа црвено-црните се одлепија на 4:9 и од тој момент натпреварот стана еднонасочна улица.
Предноста на Вардар 1961 растеше со секоја следна минута.
Валах забележа 11 интервенции, а најефикасен беше Митровиќ со седум гола.
Црвено-црните ќе ка заокружат првата фаза во Европската лига со натпреварот против Тулуз на домашен терен.
Табела:
Foto/ rk vardar. com.mk
Спорт
ФИФА го одреди распоредот на ждрепката, Хрватска е во вториот шешир
Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) ги објави шеширите во ждрепката за Светското првенство во 2026 година, кое ќе се одржи во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико.
Победниците од шесте плејоф натпревари се во четвртиот шешир. Ждрепката ќе се одржи на 5 декември во 18:00 часот во Вашингтон. На Светското првенство во 2026 година за прв пат ќе учествуваат 48 репрезентации поделени во 12 групи.
Во првиот шешир се домаќините Канада, Соединетите Американски Држави и Мексико, како и деветте најдобро рангирани репрезентации на ранг-листата на ФИФА: Шпанија, Аргентина, Франција, Англија, Бразил, Португалија, Холандија, Белгија и Германија.
Во вториот шешир се Хрватска, Мароко, Колумбија, Уругвај, Швајцарија, Јапонија, Сенегал, Иран, Јужна Кореја, Еквадор, Австрија и Австралија.
Во третиот шешир е најдобрата репрезентација на европските квалификации, Норвешка, како и Египет, Алжир, Шкотска, Парагвај, Тунис, Брегот на Слоновата Коска, Узбекистан, Катар, Саудиска Арабија и Јужна Африка.
Во четвртиот шешир се Јордан, Зелено’ртските Острови, Гана, Курасао, Хаити, Нов Зеланд, како и победниците од четирите европски плејоф натпревари и две репрезентации од интерконтиненталниот плејоф.
Во групата А од европскиот бараж се Италија, Велс, Босна и Херцеговина и Северна Ирска, во групата Б се Украина, Шведска, Полска и Албанија, во групата Ц се Словачка, Турција, Романија и Косово, во групата Д се Чешка, Ирска, Данска и Македонија.
ДР Конго, Јамајка и Нова Каледонија се во првата колона од интерконтиненталниот бараж, додека Ирак, Боливија и Суринам се во втората колона.
За прв пат, ФИФА одлучи четирите најдобро рангирани репрезентации на ранг-листата да бидат сместени во различни делови од ждрепката, за да не се сретнат потенцијално пред полуфиналето.
„За да се обезбеди конкурентска рамнотежа, при изготвувањето на распоредот на натпреварите се утврдени два одделни пата до полуфиналето. Заради избалансирана распределба, четирите најдобро рангирани репрезентации на ранг-листата на ФИФА, Шпанија, Аргентина, Франција и Англија, ќе бидат случајно извлечени во спротивни патеки. Ова ќе осигури доколку ги освојат своите групи, дека нема да можат да се сретнат пред финалето“, објави ФИФА.
Во групите нема да има повеќе од еден претставник од истата конфедерација, освен од Европа, која може да има максимум две селекции во иста група.
Светското првенство ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули 2026 година во 16 градови во САД, Канада и Мексико.
Спорт
(Видео) Унион го шокира Галатасарај, Бенфика победи во Амстердам
Во првите два натпревари од петтото коло на Лигата на шампионите, гостинските екипи извојуваа победи, Бенфика победи против Ајакс во Амстердам – 2:0, а Унион Сен Жилоа победи против Галатасарај во Истанбул – 1:0.
Во Амстердам се сретнаа великаните на европскиот фудбал, воедно екипи кои се најголемите разочраувања сезонава во Лигата на шампионите. Ајакс и Бенфика беа на последните две места, без освоен бод. По петтото коло само Ајакс ќе остане без бодови, откако загуби со 0:2.
Победата на Бенфика ја најави Дахи во шестата минута. Потоа, Португалците ги затвоорија приодите кон голот, играа без ризик и чекаа шанса, до која дојдоа во 90-та минта кога Бареиро го постави конечниот резултат.
Лидерот во турскиот шампионат, Галатасарај доживеа шокантен пораз од првакот на Белгија, Унион Сен Жилоа. Гостите одиграа одличен натпревар, речиси совршен, на противникот му дозволија само една чиста шанса во текот на мечот.
Белгијците преку Сајкс ја погодија пречката во првиот дел, а голот за победа го постигна Дејвид во 57-та минута. Имаа чиста шаса и во 94-та минута, но Родригез беше себичен.
Во шестото коло Галтасарај ќе му гостува на Монако, а Унион ќе го пречека Олимпик Марсеј.

