Спорт
МЗТ нов лидер во првенството
Смена на врвот во кошаркарското првенство на Македонија донесе првото коло во Супер лигата, кое донесе два неизвесни дуели и сигурна победа на МЗТ, на дербито во Градски парк.
Смена на врвот во кошаркарското првенство на Македонија донесе првото коло во Супер лигата, кое донесе два неизвесни дуели и сигурна победа на МЗТ, на дербито во Градски парк. Кошаркарите на МЗТ победија на „вечното дерби“ против Работнички со 69:88, во натпревар во кој играа лошо во првото и фуриозно во второто полувреме, кога негативата од осум поени ја претворија во конечна победа. Игор Мијалиловиќ со 23, Ѓорѓи Чековски со 19 и Тодор Гечевски со 14 поени и 11 скока го предводеа МЗТ во победата. Немања Лелисијевиќ со 20 и Милош Павловиќ со 18 поени се единствените кај Работнички кои заслужија преодна оценка. МЗТ му ја фрли ракавицата на актуелниот првак Фени индустри, кој не го издржа притисокот на „жешкиот терен“ во Куманово. Кумановчани, во исклучително драматичен натпревар го победија Фени со 92:88, дури по продолжението, мечот во регуларниот дел заврши со резултат 78:78. Со третиот пораз во сезоната Фени падна на втората позиција, со ист скор, но послаба кош разлика од новиот лидер МЗТ.Првата победа во Супер лигата ја забележа и Торус СЦБТ, кој ја победи Лирија со 78:73, пред се благодарение на двоецот Караџовски-Трајковски кои постигнаа по 21 поен. Во следното коло, кое ќе се одигра на 11. февруари, МЗТ ќе го пречека Торус, Фени за противник го има Работнички, а Лирија ќе игра со Куманово. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ – Челзи го победи Вест Хем
Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3:2).
По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.
По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.
„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0:2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.
Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.
На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.

