Спорт
Ден „Д“ за Антиќ и Олимпијакос, Мекејлеб против Реал
Вечерва, во кошаркарската Евролига, ќе бидат познати сите учесници во четвртфиналето. За преостанатите три места, кои водат во четврт финалето, во конкуренција се пет екипи, од кои во најдобра положба се Монтепаски на Лестер Бо Мекејлеб и Билбао.
Вечерва, во кошаркарската Евролига, ќе бидат познати сите учесници во четвртфиналето. За преостанатите три места, кои водат во четврт финалето, во конкуренција се пет екипи, од кои во најдобра положба се Монтепаски на Лестер Бо Мекејлеб и Билбао. Пласман меѓу најдобрите осум веќе обезбедија Панатинаикос, Уникс, Барселона, Макаби и ЦСКА Москва.Екипата на Перо Антиќ, Олимпијакос, за противник пред своите навивачи ќе го има турскиот Галатасарај. Математиката за екипата на Антиќ е јасна, со победа од најмалку два поени разлика, Олимпијакос ќе се пласира во четвртфиналето, каде од оваа група веќе се наоѓа ЦСКА.Група Е:18:45 ч. Анадолу Ефес-ЦСКА Москва20:45 ч. Олимпијакос-ГалатасарајТабела: ЦСКА 4-1, Галатасарај 3-2, Олимпијакос 2-3, Ефес 1-4.Неизвесно ќе биде во Ф групата, каде три тима конкурираат за двете места кои водат во четвртфиналето. Најголеми шанси за пласман меѓу најдобрите осум од оваа група имаат Монтепаски и Билбао, додека на Реал му е потребно вистинско чудо за да биде во следната рунда. Реал ќе му гостува на Монтепаски и ќе му биде потребн победа со најмалку 23 поени разлика за да биде четвртфиналист, во секоја друга варијанта Монтепаски и Билбао се во наредната фаза. Група Ф:20:45 ч. Уникаха-Билбао20:45 ч. Монтепаски-БилбаоТабела: Монтепаски 4-1, Билбао 3-2, Реал 3-2, Уникаха 0-5. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Синот на Скоти Пипен започна тепачка во Мајами
Кошаркарите на Мајами Хит ја продолжија импресивната победничка серија, откако ги победија Мемфис Гризлис со 136:120.
Натпреварот го обелажаа Ендру Вигинс и Норман Пауел, како и инцидентот на крајот од натпреварот.
Вигинс го предводеше домашниот тим со 28 поени, шутирајќи импресивни девет од 10 од поле, додека Пауел додаде 25 поени.
Тие двајца беа клучни во третата четвртина кога Мајами доминираше со 39:26 и тука го реши победникот.
Кај гостите, Џарен Џексон постигна 28 поени (најмногу во сезоната), Џален Велс 25, Скоти Пипен 18 и Тај Џером 17 поени. Гризлис го претрпеа 11-тиот пораз во последните 14 натпревари.
На крајот од натпреварот се случи инцидент. На 1:19 пред крајот на четвртата четвртина, Скоти Пипен Џуниор налета на играчот на Мајами, Мајрон Гарднер, и го турна во првиот ред на трибините. Двајцата паднаа на подот и физички се судрија, а потоа двајцата беа отстранети од теренот.
Scotty Pippen Jr is 1000% in the right here btw
Total bush league stuff from Myron Gardner pic.twitter.com/iAhF4Ff3wS
— Josh Gattis (@speed_in_space) February 22, 2026
Спорт
Меси и Интер Мајами со пораз ја почнаа сезоната
Новата сезона на МЛС, американската професионална фудбалска лига, започна, а веќе во првото коло, актуелниот шампион доживеа дебакл.
Интер од Мајами, предводен од Лионел Меси, еден од најдобрите фудбалери во историјата, загуби од Лос Анџелес со 3:0.
Тимот од Градот на Ангелите беше подобар во првото полувреме, а добрата игра ја крунисаа со голот на Мартинез во 38-та минута.
Во вториот дел, Интер беше подоминантен, додека Лос Анџелес се повлече и чекаше можност од контранапад. Таа тактика се исплатеше и головите на Буонга во 73-та и Ордаз во четвртата минута од судиското продолжение го запечатија вредниот триумф.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Гол за „Пушкаш“ во режија на Пједраита
Името на Алехандро Пједраита, не е многу позанто во светот на фудбалот, но она што го направи Колумбиецот во дербито на Софија го направи хит на социјалните мрежи. Масовно се дели неговиот гол против Сзлавија.
Во 82-та минута, Колумбиецот го постигна единствениот гол за ЦСКА Софија во победата од 1:0 над нивниот голем ривал.
Интересно, ова е прв пат за Колумбиецот откако пристигна во Бугарија. Тој дојде како слободен агент оваа зима, откако му истече договорот со аргентинска Гимназија.
POTENTIAL PUSKAS WINNER 🤯🤯🤯
Colombian winger Alejandro Piedrahita with an absolute beauty for CSKA Sofiapic.twitter.com/dkJEpxebrV
— The 44 ⚽️ (@The_Forty_Four) February 21, 2026
🇧🇬 | Alejandro Piedrahita'dan sezonun golü. Olağanüstü. Puskas adayı.
⚔️ CSKA Sofia 1-0 Slavia Sofya
📷 @CSKA_Sofia pic.twitter.com/QnlD8roHL8
— Balkan Futbolu (@BalkanFutbolu) February 21, 2026

