Спорт
Робен ја победи Англија, Франција победи во Германија

Холандија и Франција, како гости победија во контролните средби, против Англија односно Германија. Гостинска победа забележа и Аргентина, 1:3 против Швајцарија, а трите гола ги постигна најдобриот светски играч Лео Меси.
Холандија и Франција, како гости победија во контролните средби, против Англија односно Германија. Гостинска победа забележа и Аргентина, 1:3 против Швајцарија, а трите гола ги постигна најдобриот светски играч Лео Меси. Холандија на „Вембли“, предводена од Аријан Робен, во исклучително квалитетен меч, ја победи Англија со 2:3. Крилниот напаѓач на Баерн постигна два гола, а еднаш стрелец за „лалињата“ беше Хунтелар. Дефанзивецот Гери Кејхил и напаѓачот Ешли Јанг беа стрелци за „гордиот албион“. Раритет на овој пријателски натпревар е што четворица фудбалери поради повреди пред време го завршија мечот: Џерард, Смолинг и Стариџ кај Англија, односно Хунтелар кај Холандија. Франција со головите на Жиру и Малуда, во Бремен ја победи Германија со 1:2. Германците на овој меч настапија без повредените Швајнштајгер и Лам, додека кај Франција недостигаше Бензема. Во дуел на селекциите кои ќе играат на Еуро 2012, Данска загуби од Русија со 0:2, Широков и Аршавин погодија за „зборнаја“. Шпанија ја декласира Венецуела со 5:0, три гола на овој натпревар постигна напаѓачот на Валенсија Роберто Солдадо. Полска, кодомаќинот на Европското првенство, на отворањето на новиот стадион во Варшава, одигра без голови со Португалија. Изненадувачки пораз на домашен терен забележа Италија, која минимално загуби од САД. Резултати:Грузија-Албанија 2:1Летонија-Казахстан 0:0Молдавија-Белорусија 0:0Ерменија-Канада 3:1Унгарија-Бугарија 1:1Израел-Украина 2:3Црна Гора-Исланд 2:1Малта-Лихтенштајн 2:1Романија-Уругвај 1:1Турција-Словачка 1:2Данска-Русија 0:2Австрија-Финска 3:1 Швајцарија-Аргентина 1:3Германија-Франција 1:2Италија-САД 0:1Северна Ирска-Норвешка 0:3Полска-Португалија 0:0Република Ирска-Чешка 1:1Англија-Холандија 2:3Шпанија-Венецуела 5:0. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Интер испадна од клускиот Мундијал

Фудбалерите на Флуминенсе направија изненадување победувајќи го фаворизираниот Интер со 2:0 и се пласираа во четвртфиналето на Светското клупско првенство.
Интер доживеа шок во четвртата минута кога Херман Кано со глава шутираше ниско во средината на голо и го совлада Јан Зомер.
Победата бразилскиот тим ја потврди во судиското надополнување, во 93.минута, стрелец беше Херкулес.
Спорт
Турците се задоволни од Монтела

Италијанскиот стручњак Винченцо Монтела ќе остане тренер на турските фудбалери до јули 2028 година, објави Фудбалската асоцијација на Турција (ФСТ).
Според ФСТ, Монтела (51) потпишал нов договор и се обврзал на нелојалност до крајот на Европското првенство во 2028 година.
Монтела седеше на клупата на Турција во 2023 година, а на претходното Европско првенство ја водеше екипата до четвртфиналето.
Турција го очекува почетокот на квалификациите за Светското првенство 2026 во септември.
Екипата на Монтела е во групата Е, во која се и Шпанија, Грузија и Бугарија. Победникот од групата ќе обезбеди директно место на Светското првенство, додека второпласираната селекција ќе оди во плејофот.
Спорт
Еванс ја заврши кариерата, доби интересна работа во Јунајтед

Џони Еванс ја заврши својата 20-годишна играчка кариера и се пресели од теренот во канцеларијата.
Долгогодишниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, но и на бројни други клубови (Лестер, Сандерленд, ВБА) ќе ги извршува своите должности во клубот од Олд Трафорд, а неговиот опис на работното место ќе вклучува работа со млади играчи.
Тој ќе соработува со директорот на клубот Џејсон Вилкокс и директорот на академијата за подобрување и развој на младите играчи. Неговиот фокус ќе биде испраќање играчи на позајмица.
Во два периода во Манчестер, Еванс одигра вкупно 241 натпревар за „Црвените ѓаволи“.
Учествуваше во освојувањето на Лигата на шампионите и три титули во Премиер лигата, сите под водство на Сер Алекс Фергусон.
За репрезентацијата на Северна Ирска одигра вкупно 107 натпревари.