Спорт
Коби ги прелета Леброн и Вејд, Пирс и Рондо го скршија Њујорк

ЛА Лејкерси го совладаа Мајами со 93:83, во дерби натпреварот, во НБА лигата.
ЛА Лејкерси го совладаа Мајами со 93:83, во дерби натпреварот, во НБА лигата. До осмата победа во последните десет натпревари, „езерџиите“, ги предводеше Коби Брајант кој постигна 33 поени, од кои 18 во првата четвртина. Во 17-та победа, на последните 18 натпревари, кои Лејкерси ги одиграа како домаќини, Брајант поддршка доби од Ендрју Бајнам (16 поени и 13 скока), Пау Гасол (11 поени и 10 скока) и Мета Ворлд Пирс (познат како Рон Артест) кој реализира 17 поени. Леброн Џејмс со 25 поени и 13 скока, односно Двеј Вејд 16 и Марио Чалмерс 15 поени беа најистакнати во редовите на Мајами. Исклучително возбудлив натпревар одиграа Бостон и Њујорк, во кој Селтикс, по продолжението забележаа победа од 115:111. Пол Пирс го одведе Бостон во продолжение, откако погоди тројка на 4,9 секунди до крајот на натпреварот. Пирс беше најефикасен играч на натпреварот со 34 поени, Режон Рондо одигра вистинска симултанка забележувајќи трипл-дабл ефект, 18 поени, 20 асистенции и 17 скокови. По 18 поени кај победникот постигнаа Брендон Бас и Кевин Гарнет. Кармело Ентони со 25 поени го предводеше Њујорк, каде Амаре Стадемаер постигна 16 поени, на кои придодаде 13 скока, додека Џереми Лин, Иман Шумперт и Стив Новак реализираа по 14 поени. Продолженија се играа и во Хјустон, а домаќинот загуби од ЛА Клиперс со 103:105, во регуларниот дел мечот заврши 97:97. Крис Пол ги предводеше Клиперси со 28 поени и 10 асистенции. На другите натпревари:Шарлот-Њу Џерси 101:104Торонто-Голден Стејт 83:75Филаделфија-Чикаго 91:96Феникс-Сакраменто 96:88Сан Антонио-Денвер 94:99. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Дејвид ќе го предводи нападот на Јувентус

Она за што се зборуваше со денови, во саботата доби потврда, Џонатан Давид е нов играч на Јувентус.
25-годишениот фудбалер потпиша договор со Јувентус до 30 јуни 2030 година, а во клубот доаѓа како слободен агент.
Канадскиот фудбалер, ја започна својата кариера во Отава, а потоа играше за Гент и Лил.
Дејвид играше во Лил во претходните пет години и постигна 109 гола и 30 асистенции во 232 натпревари.
Тој одигра 67 натпревари за канадската репрезентација и постигна 36 гола.
Во моментов се шпекулира дека доаѓањето на Дејвид е знак дека раководството на клубот одлучило да го продаде Влаховиќ ова лето.
Останува да се види што ќе се случи во следните неколку дена.
Foto/ EPA-EFE/MOHAMMED BADRA
Спорт
Ферстапен со брилијантен круг до пол-позицијата на Силверстоун“

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, ја освои пол-позицијата пред Големата награда на Велика Британија, 12-та трка од овогодинешното првенство во Формула 1.
Актуелниот шампион стигна до најдоброто стартно место со неверојатен круг и време од 1:24.892 минути, со десетинка предност во однос на Оскар Пјастри во Мекларен.
Вториот возач на Мекларен, Ландо Норис, го имаше третото време, а неговиот сонародник Џорџ Расел од Мерцедес ќе стартува веднаш до него од вториот ред.
Рекордерот по број на победи на „Силверстоун“, Луис Хамилтон, ќе стартува од петтото место. Третиот ред го комплетира неговиот тимски колега Шарл Леклер.
Следува Андреа Кими Антонели, но возачот на Мерцедес има казна од три позиции и ќе стартува од 10-то место. Осмие е Оли Берман од Хас, зад него се Фернандо Алонсо (Астон Мартин) и Пјер Гасли (Алпин).
Големата награда на Велика Британија е закажана за недела во 16 часот.
Foto/ EPA/PETER POWELL
Спорт
Замена за Влаховиќ? Јувентус донесе нов напаѓач

Она за што се зборуваше со денови сега е официјално потврдено – Џонатан Давид е нов играч на Јувентус.
Овој 25-годишен фудбалер потпиша договор со Јувентус до 30 јуни 2030 година, а во клубот доаѓа како слободен играч.
Канадскиот фудбалер, кој игра на позицијата напаѓач, ја започна својата кариера во Отава, а потоа играше за Гент и Лил.
Давид играше во Лил во претходните пет години и постигна 109 гола и 30 асистенции во 232 натпревари.
Одигра 67 натпревари за канадската репрезентација и постигна 36 гола. Српските фудбалери Душан Влаховиќ и Филип Костиќ играат за Јувентус.
Моментално се шпекулира дека доаѓањето на Давид е знак дека раководството на клубот одлучило да го продаде Влаховиќ ова лето.
Останува да се види што ќе се случи во следните неколку дена.
Фото: ЕПА