Спорт
Реакции по отказот на Вилас-Боаш
Тренерите на Партизан, Тотенхем и Манчестер Јунајтед: Аврам Грант, Хари Реднап и Алекс Фергусон имаат свои коментари на вчерашната одлука на Роман Абрамович, сопственикот на Челзи,да му врачи отказ на менаџерот Андре Вилас-Боаш.
Тренерите на Партизан, Тотенхем и Манчестер Јунајтед: Аврам Грант, Хари Реднап и Алекс Фергусон имаат свои коментари на вчерашната одлука на Роман Абрамович, сопственикот на Челзи,да му врачи отказ на менаџерот Андре Вилас-Боаш. Новиот тренер на белградски Партизан, Аврам Грант, во 2008 година го наследи Жозе Мурињо на клупата на Челзи, со „сините“ тој стигна до финалето во Лигата на шампиони и го освои второто место во Премиер лигата. Израелецот смета дека одлуката на Абрамович е исправна. „Целта на Абрамович е да стане шампион на Европа. Не е добро тоа што екипа каква што е Челзи само еднаш играла во финалето на ЛШ. Тој ви ги дава сите услови за работа. Многу го сака фудбалот и потроши многу пари за да има најдобар тим“, рече Грант за Би Би Си. Предводникот на Тотенхем, Реднап, не е премногу среќен поради отказот на Португалецот. „На никого не му посакувам да остане без работа. Ќе се врати, ова нема да биде крајот на неговата кариера. Пред него се уште многу, многу години работа“, рече Реднап, кој, доколку ја прифати понудата на националниот сојуз може да го напушти Тотенхем. Алекс Фергусон, која на клупата на Манчестер Јунајтед се наоѓа повеќе од 25 години, смета дека од тренерите, во краток рок, се бараат успеси. „Веста не ме изненади. Подготовките во медиумите беа вршени подолго време, а и резултатите не беа поволни за него. Разочарувачки е тоа што тој е млад менаџер. Кога сте млади потребно ви е време, но очигледно во оваа индустрија не добивате премногу време, што на некој начин е тажно. Се надевам дека ќе биде добар, бидејќи поседува огромен потенцијал. Неговата работа во Порто покажа дека има потенцијал, но Челзи беше преголема задача. Се надевам дека наскоро ќе се врат“, рече Фергусон. крај/ndex.hr/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Драконска казна во Холандија – клуб исфрлен од првата лига
На фудбалскиот клуб Витезе му беа одземени 18 бодови, по што и официјално испадна од првата холандска лига, соопшти Фудбалскиот сојуз на Холандија (КНВБ).
„Независниот комитет за лиценцирање на КНВБ му изрече санкција на Витезе од минус 18 бодови. Клубот од Арнем ја доби оваа казна затоа што повеќепати не ги исполнуваше барањата од прописите за лиценцирање играчи во подолг временски период“, се вели во соопштението на КНВБ.
Витезе сега има минус еден бод и автоматски го загуби прволигашкиот статус на четири кола пред крајот на првенството.
Најголемиот успех во историјата клубот од Арнем го постигна во сезоната 2016/17 кога го освои Купот на Холандија.
Последен пат Витезе играше во Европа во сезоната 2021/22, кога беа елиминирани од подоцнежниот освојувач Рома во осминафиналето на Конференциската лига.
Спорт
Бакс без Јанис во првото коло од плеј-офот
Милвоки Бакс се соочува со значителен проблем пред почетокот на плеј-оф серијата во која ривал ќе им биде Индијана Пејсерс. Бакс нема да може да смета на Јанис Адетокумбo.
Како што пренесе Шамс Чаранија, Адетокумбо ќе мора да паузира од две до четири недели поради повредата на потколеницата со која се здоби на натпреварот против Бостон Селтикс.
Овие првични проценки за повреди секако значат дека Адетокумбо сигурно ќе го пропушти првото коло од плеј-офот и натпреварите со Индијана.
Плеј-офот за Бакс започнува ноќта помеѓу недела и понеделник, а тие се домаќини во првиот натпревар.
Спорт
Ивановиќ ќе добие отказ во Басконија
Кошаркарите на Басковнија, вечерва (20.30 часот) го играат решавачкио натпревар во Евролигата. Доколку го победат Виртус ќе играат во плеј-оф против Реал Мадрид.
Прашање е дали пласманот во плеј-офот може да ја спаси сезоната, бидејќи Басконија „виси“, кога е во прашање плеј-офот во домашното првенство. Во шпанското првенство се на прагот на плеј-офот.
Шпанските медиуми пишуваат дека Душко Ивановиќ би можел да ја напушти Басконија. Црногорскиот тренер го одработува четвртиот мандат во клубот. Пристигна во текот на сезоната од Црвена звезда.
Замена за Ивановиќ би требало да биде актуелниот тренер на Гран Канарија, Јака Лаковиќ, кој има клаузула во договоорт дека може да замине во тим што настапува во Евролигата.
Локалниот медиуми, „Ла Провинсија“ наведува дека Лаковиќ е првиот избор на баскискиот тим за следната сезона. Овој извор пишува дека Басконија ќе треба да плати одредена сума за да го нагажира Лаковиќ.
Лаковиќ лани со Гран Канарија го освои Еврокупот, претходно тој беше тренер на Улм.