Спорт
Прва победа за новиот менаџер на Челзи
Наследникот на Андре Вилас-Боаш, на клупата на Челзи, Роберто ди Матео, со победа ја започна авантурата како менаџер на „сините“.
Наследникот на Андре Вилас-Боаш, на клупата на Челзи, Роберто ди Матео, со победа ја започна авантурата како менаџер на „сините“. Челзи, во повторениот осминафинален натпревар, во ФА купот, против Бирмингем забележа победа од 2:0. Шпанско-португалската комбинација, Хуна Мата и Раул Меирелеш, во второто полувреме ги постигнаа головите за Челзи. Победата на екипата од „Станфорд Бриџ“ можеше да биде и поубедлива, но Мата на 20 минуту до крајот не реализира удар од белата точка. Челзи за противник во четвртфиналето ќе го има вторлигашот Лестер, Болтон ќе игра против победникот од натпреварот помеѓу Тотенхем и Стивениџ, се игра во среда, додека ливерпулските ривали, Евертон и Ливерпул за противници ги имаат премиерлигашите Сандерленд, односно Стоук. Четвртфиналните натпревари во ФА купот ќе се одиграат на 17. и 18. март. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Сака ќе потпише нов договор со Арсенал
Букајо Сака и Арсенал нема намера да го напушти Арсенал. Фудбалерот и клубот се договориле за нов, подобрен петгодишен договор.
Еден од најдобрите играчи на Арсенал ќе остане во клубот до летото 2031 година. Финансиските детали од новиот договор не се објавени.
Актуелниот договор на Сака исекуваше во 2027 година.
Foto/ freerangestock
Спорт
Фиорентина доби засилување од Аталанта
Марко Брешанини е новото засилување на Фиорентина за вториот дел од сезоната.
Тимот кој собра само 13 бода од почетокот на сезоната и кој, според сите очекувања, ќе се бори за опстанок, мора да се засили и да биде таму каде што му диктира репутацијата – во горниот дел од табелата.
Виола е далеку од тоа, но Брешанини е делот што недостасува за клубот, а тренерот Паоло Ваноли веќе разговарал со него и се чини дека би можел да добие вреден играч во средниот ред.
Брешанини веќе тренираше со тимот, а договорот е до крајот на сезоната, станува збор за позајмица со право на откуп, што ќе се дискутира на крајот од сезоната.
Брешанини одигра само осум натпревари за Аталанта оваа сезона.
Foto/ freerangestock
Спорт
Алдегер се здобил со фрактура на бутната коска
Тимот на Гресини Рејсинг потврди дека младиот шпански возач Фермин Алдегер доживеал фрактура на бутната коска на левата нога за време на тренингот во Валенсија, само неколку недели пред почетокот на предсезонските тестирања.
20-годишниот Алдегер го имаше своето деби во Мото ГП шампионатот минатата година со тимот на Гресини, возејќи Дукати со спецификација од 2024 година, и ја круниса сезоната со титулата најдобар почетник, со историска прва победа на Големата награда на Индонезија. Оваа година требаше да се натпреварува со Дукати со спецификација од 2025 година, но неговите подготовки сериозно се нарушени од поредата.
Како што објави тимот, Алдегер ја претрпел фрактурата за време на тренингот во четврток во Валенсија, а операцијата е закажана за денес во Барселона.
Деталите за инцидентот не се откриени.
Повредата доаѓа во незгодно време, точно еден месец пред првиот предсезонски тест за сезоната 2026, кој е закажан за 3-5 февруари во Малезија. Официјалната презентација на тимот е закажана за 31 јануари во Куала Лумпур, додека тестирањето ќе продолжи на 21 и 22 февруари во Бурирам.
Сезоната започнува една недела подоцна со Големата награда на Тајланд.
Foto/ freerangestock

