Спорт
Милан-Барселона најатрактивна пресметка во четвртфиналето на ЛШ
Милан против Барселона, Апоел против Реал Мадрид, Олимпик Марсеј против Баерн Минхен и Бенфика против Челзи се паровите што ќе се сретнат во четвртфиналето од Лигата на шампионите.
Милан против Барселона, Апоел против Реал Мадрид, Олимпик Марсеј против Баерн Минхен и Бенфика против Челзи се паровите што ќе се сретнат во четвртфиналето од Лигата на шампионите.
Извлекувањето на паровите во петок напладне го направи големата светска фудбалска легенда Паул Брајтнер.
Според ждрепката, во првото полуфинале ќе се сретнат победниците од мечот меѓу Олимпик Марсеј-Баерн Минхен и Хапоел-Реал Мадрид. Во второто полуфинале ќе настапат победниците од мечот Бенфика-Челзи, односно Милан-Барселона.
Финалето ќе се игра на 19 мај во Минхен. /крај/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Батлер ќе прифати трејд само во Феникс Санс
Кошаркарот на Мајами Хит Џими Батлер ја отфрли идејата да им се приклучи на Голден Стејт Вориорс и јасно стави до знаење дека сака да ќе прифати трејд само во Феникс Санс.
Впечаток е дека никогаш нема да заврши сагата со 35-годишниот кошаркар на Мајами Хит.
Според Шамс Чаранија од ЕСПН, Батлер сака да се пресели во Феникс Санс и да го продолжи договорот со нив откако ќе му истече договорот ова лето.
„Батлер ја отфрли идејата да им се приклучи на Голден Стејт Вориорс, предупредувајќи дека нема да остане таму ако тие го трејдуваат. Јасно е дека дека тој би сакал да оди во Феникс Санс и таму да остане долго време. Во последниве недели, Мајами преговара со Санс и Вориорс, тимови кои го сакаат Батлер“, пишува Чаранија.
Феникс е целосно фокусиран на овој трејд, намерата е да го спојат Батлер со Кевин Дурант и Девин Букер пред истекот на преодниот рок, кој во НБА лигата трае до 6.февруари.
Спорт
Уште една катастрофа за Манчестер јунајтед
Манчестер јунајтед доживеа нов пораз, седми оваа сезона на домашен терен во Премиер лигата. Вчера на „Олд Трафорд“ победија фудбалерите на Кристал Палас победија со головите на Матета со 2:0.
Покрај поразот, Манчестер јунајтед, се чини на шподолг период остана без Лисандро Мартинез.
Аргентинецот ја напушти играта во 82. минута, а првичните информации од Островот говорат дека коленото му е тешко повредено.
„Ќе знаеме се во следните неколку дена, но се чини дека повредата е многу сериозна. Лисандро не само што е одличен играч, туку човек, кој ни значи многу во соблекувалната“, изјави Рубен Аморим, тренерот на Јунајтед.
Лисандро оваа сезона одигра 20 натпревари за Јунајтед и постигна два гола. Во Јунајтед дојде од Ајакс во 2022 година за 57,4 милиони евра.
Спорт
Рашфорд до крајот на сезоната во Астон Вила
Англискиот фудбалер Маркус Рашфорд официјално се пресели на позајмица во Астон Вила, соопшти клубот од Бирмингем.
Рашфорд (27) ќе биде на позајмица во Астон Вила до крајот на сезоната, а клубот од Бирмингем има опција да го купи, пренесува Би-Би-Си.
„Би сакал да им се заблагодарам на Манчестер Јунајтед и Астон Вила што ја овозможија оваа позајмица. Се восхитувам на начинот на кој игра Астон Вила оваа сезона и на амбициите на менаџерот. Возбуден сум што ќе играм овде“, изјави Рашфорд на Инстаграм.
Англискиот фудбалер оваа сезона забележа 24 настапи за Манчестер Јунајтед во сите натпреварувања и постигна седум гола. Неговиот последен настап беше на 12 декември против Викторија Плзен во Лигата на Европа, по што тренерот Рубен Аморим го избриша од составот.
Рашфорд целата своја кариера ја помина во Манчестер Јунајтед, одигра 440 натпревари и постигна 138 голови.
За репрезентацијата на Англија одигра 60 натпревари и постигна 17 голови.