Спорт
Доктор од трибините го спасил Муамба
Лекарот Ендрју Динер, веднаш откако Патрис Муамба се струполил на тревникот на „Вајт Харт Лејн“, станала од своето место на источната трибина за да му помогне на фудбалерот.
Лекарот Ендрју Динер, веднаш откако Патрис Муамба се струполил на тревникот на „Вајт Харт Лејн“, станал од своето место на источната трибина за да му помогне на фудбалерот.
Динер на стјуардите им објаснил дека е доктор кардиолог, па заедно со лекарските екипи на двата тима, како и со екипата на Итната помош, се погрижил Муамба да има вистинска нега.
Токму др. Динер советувал играчот на Болтон да биде пренесен во специјализираната кардиолошка установа „London Chest Hospital“, а не во некоја од другите две болници кои се наоѓаат во близина на стадионот. Докторот знаел дека во таа установа Муамба, во тие критични моменти, ќе добие најдобра лекарска помош.
„Бев преплашен како и сите други. Се работи за млад човек, кој минута пред тоа трчаше по теренот. Сепак, присуствував на магијата, кога група на луѓе, медицински професионалци, беа фокусирани на својата работа. Не сум експерт, но по она што го видов, можам да тврдам дека Муамба и натаму е со нас благодарение на тие луѓе“, рече играчот на Тотенхем, Асу-Екото.
Лекарските екипи на англиските стадиони не беа присутни до 2006 година и тешката повреда на голманот на Челзи, Петр Чех.
По тој настан е констатирано дека екипата на Итната помош не можела навремено да дојде до него, по што е донесена одлука, нивни екипи да бидат присутни до самиот терен, но и на сите возила на Итната помош да им се овозможи лесен пристап до стадионите.
По целиот настан пофалби доби и судијата Хауард Веб, кој со помош на четвртиот судија, веднаш реагираше, повика помош, а потоа без размислување го прекина натпреварот. Пишани правила за вакви ситуации нема, но Веб имаше максимална контрола во целиот хаос. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

