Спорт
Јувентус шампион без пораз
Во средбата од последното 38-коло на италијанското фудбалско првенство, торински Јувентус пред своите гледачи ја совлада Аталанта со 3:1 освојувајќи го Скудетото без ниеден првенствен пораз.
Торинската „Стара дама“ го заврши првенството со 23 победи и 15 нерешени мечеви со гол разлика од 68:20. Со тоа Јувентус стана вториот клуб во Италија, по Милан од сезоната 1991/92 кога „росонерите“ ја освоија титулата со 22 победи и 12 нерешени исходи.
Уште една италијанска екипа ја завршила сезоната без пораз, Перуџа којашто во 1979 година имаше 11 победи и 19 нерешени натпревари, но беше само втора, зад Милан кој имаше три пораза но ја освои тутулата со три бода предност.
Во победата на Јуве во неделата против Аталанта, головите ги постигнаа Мароне во 10, Алекс Делпјеро во 28 и Барзаљи од пенал во првата минута од судиското продолжение, додека во 83 минута Лихтштајнер ја затресе сопствената мрежа.
Второто место го освои Милан кој на свој терен со пресврт дојде до победата против Новара којашто од поодамна ги загуби шансите за опстанок во Серија А. Головите за миланезите ги постигнаа Фламини во 55 и Инзаги во 82, додека гостите поведоа во првото полувреме со голот на Гарсија во 20 минута.
Фиорентина во пладневната програма од последното годинешно коло на Серија А одигра само 0:0 со Каљари, во средба на два тима коишто одамна обезбедија опстанок но немаа никакви претензии за горниот дел од табелата.
Вечерва се играат натпреварите Чезена – Рома, Наполи – Сиена, Киево – Лече, Лацио – Интер, Џенова – Палермо и Катанија – Удинезе, а дури четири клубови претендираат на третото место – Удинезе кој има 61 бод, Лацио со 59 и Наполи и Интер коишто имаат по 58 бодови./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Драконска казна во Холандија – клуб исфрлен од првата лига
На фудбалскиот клуб Витезе му беа одземени 18 бодови, по што и официјално испадна од првата холандска лига, соопшти Фудбалскиот сојуз на Холандија (КНВБ).
„Независниот комитет за лиценцирање на КНВБ му изрече санкција на Витезе од минус 18 бодови. Клубот од Арнем ја доби оваа казна затоа што повеќепати не ги исполнуваше барањата од прописите за лиценцирање играчи во подолг временски период“, се вели во соопштението на КНВБ.
Витезе сега има минус еден бод и автоматски го загуби прволигашкиот статус на четири кола пред крајот на првенството.
Најголемиот успех во историјата клубот од Арнем го постигна во сезоната 2016/17 кога го освои Купот на Холандија.
Последен пат Витезе играше во Европа во сезоната 2021/22, кога беа елиминирани од подоцнежниот освојувач Рома во осминафиналето на Конференциската лига.
Спорт
Бакс без Јанис во првото коло од плеј-офот
Милвоки Бакс се соочува со значителен проблем пред почетокот на плеј-оф серијата во која ривал ќе им биде Индијана Пејсерс. Бакс нема да може да смета на Јанис Адетокумбo.
Како што пренесе Шамс Чаранија, Адетокумбо ќе мора да паузира од две до четири недели поради повредата на потколеницата со која се здоби на натпреварот против Бостон Селтикс.
Овие првични проценки за повреди секако значат дека Адетокумбо сигурно ќе го пропушти првото коло од плеј-офот и натпреварите со Индијана.
Плеј-офот за Бакс започнува ноќта помеѓу недела и понеделник, а тие се домаќини во првиот натпревар.
Спорт
Ивановиќ ќе добие отказ во Басконија
Кошаркарите на Басковнија, вечерва (20.30 часот) го играат решавачкио натпревар во Евролигата. Доколку го победат Виртус ќе играат во плеј-оф против Реал Мадрид.
Прашање е дали пласманот во плеј-офот може да ја спаси сезоната, бидејќи Басконија „виси“, кога е во прашање плеј-офот во домашното првенство. Во шпанското првенство се на прагот на плеј-офот.
Шпанските медиуми пишуваат дека Душко Ивановиќ би можел да ја напушти Басконија. Црногорскиот тренер го одработува четвртиот мандат во клубот. Пристигна во текот на сезоната од Црвена звезда.
Замена за Ивановиќ би требало да биде актуелниот тренер на Гран Канарија, Јака Лаковиќ, кој има клаузула во договоорт дека може да замине во тим што настапува во Евролигата.
Локалниот медиуми, „Ла Провинсија“ наведува дека Лаковиќ е првиот избор на баскискиот тим за следната сезона. Овој извор пишува дека Басконија ќе треба да плати одредена сума за да го нагажира Лаковиќ.
Лаковиќ лани со Гран Канарија го освои Еврокупот, претходно тој беше тренер на Улм.