Спорт
ОИ хронологија: Минхен 1972

Донесуваме краток преглед на настаните од Дваесеттите олимписки игри, одржани во Минхен во периодот од 26. август до 11. септември 1972 година (според официјалните податоци на МОК).
– број на учесници: 7134 (1059 жени и 6075 мажи)- земји учеснички: 121- број на спортови: 23- број на дисциплини: 195Густав Хејнеман германскиот претседател ги отвори Игрите, втори кои се одржале на Германска почва, по оние во 1936 кога домаќин бил Берлин. Олимпискиот оган го запалил атлетичарот Гинтер Зан, додека заклетвата во име на спортистите ја прочита Хајди Шулер. По прв пат во историјата на едни ОИ имале своја маскота. Оваа олимпијада на која биле постигнати неколку извонредни резултати, мина во знакот на трагедијата која ја предизвикаа палестинските терористи од групата „Црниот септември“. Палестинските терористи убија 11 израелски спортисти, еден полицаец и петмина туристи. По трагедијата прекинати биле сите натпреварувања, но МОК, по нецели 48 часа реши Игрите да продолжат.На спортски план херој на олимпијадата бил Марк Шпиц, американскиот пливач освоил седум златни медали, поставувајќи исто толку светски рекорди. Врвно изненадување приредиле кошаркарите на СССР кои во финалето, со кошот на Сергеј Белов, постигнат во последната секунда ги поразиле лутите ривали САД. Американците кои сметале дека кошот е постигна по истекот на времето не се појавиле на доделувањето на медалите. крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Погребан Диого Жота, соиграчите од Ливерпул дојдоа со венци во форма на дресови

Погребот на португалскиот фудбалер Диого Жота и неговиот брат Андре Силва се одржа во Гондомар.
Членови на семејството, пријатели и колеги фудбалери присуствуваа на погребната церемонија.
Претставници на Ливерпул беа, меѓу другите, Вирџил ван Дајк и Енди Робертсон.
Едниот носеше букет цвеќе во форма на дрес со број 20 (бројот на Жота), а другиот со број 30 (бројот на Андре Силва).

Тука беа и португалските репрезентативци Бруно Фернандеш, Рубен Дијас, Жоао Феликс, Бернардо Силва, Руи Патрицио, а поранешниот соиграч Жоао Мутињо положи венец во име на Вулверхемптон.

Спорт
„Во Фенербахче ми нудеа допинг“

Францускиот фудбалер Алан Сен Максиман излезе во јавноста со многу сериозни обвинувања против Фенербахче, каде што играше претходната сезона.
Тој беше позајмен од Ал Ахли во турскиот клуб. Одигра 31 натпревар, забележа четири гола и исто толку асистенции.
Сен Максиман беше гостин во подкаст со францускиот јутјубер Зак Нани и искажа зборови што ќе одекнат.
Имено, тој изјави дека му нуделе допинг во турскиот клуб, со закани дека не смее да зборува за тоа.
„Фенербахче не стана шампион и не е шампион 11 години поради работи што немаат никаква врска со фудбалот. Клубот е опколен од надворешни влијанија. Дури и се обидоа да ме натераат да земам допинг таму во еден момент. Луѓето не го знаат тоа, бидејќи не можете отворено да зборувате за тоа кога сте таму, тие ви се закануваат од сите страни. Ти велат: „Ако зборуваш, ќе ти направиме ова или она“. Во Турција бев во ситуации што ги надминуваат границите на фудбалот“, рече Максиман.
Сепак, тој зборуваше со пофалби за Жозе Мурињо, но дека атмосферата во Истанбул е многу проблематична.
Се очекува Фенербахче да даде соопштение во оваа пригода.
Foto/ EPA
Спорт
Ливерпул остатокот од договорот на Жота ќе му го исплати на неговото семејство

Ливерпул ќе ги исплати преостанатите две години од договорот на починатиот Диого Жота на неговото семејство.
Како што објави португалскиот „Рекорд“, клубот од „Енфилад“, откако ќе го повлече дресот со број 20, ќе ги измири и преостанатите две години од договорот, кои ќе му бидат исплатени на семејството на починатиот Жота.
Фудбалскиот свет беше запрепастен од информацијата дека португалскиот фудбалер загинал во сообраќајна несреќа, кога тој и неговиот брат починале во Шпанија, во близина на португалската граница во областа Замора.
Жота беше член на Ливерпул, каде што пристигна во 2020 година и оттогаш постигна 65 гола во 182 натпревари. Со Ливерпул ја освои Премиер лигата, ФА Купот и два Лига Купа.
Во текот на својата кариера играше и за Пакош Фереира, Атлетико Мадрид, Порто и Вулверхемптон.
Играше 49 пати за Португалија и постигна 14 гола, двапати освојувајќи ја Лигата на нации.
Погребот на браќата Жота ќе биде оваа сабота.
Foto/ EPA/PETER KLAUNZER