Спорт
Хрватски фудбалер во животна опасност по сообраќајка
Борис Вукчевиќ, фудбалер на Хофенхајм и потенцијален хрватски репрезентативец, во петокот тешко настрада во сообраќајна незгода, јавија хрватските медиуми.
„Кардиоваскуларниот систем на Борис е стабилен, но се уште е во критична состојба. Се уште се наоѓа во вештачка кома“, вели тренерот Милер.
„Во договор со неговите родители одлучивме да го одиграме натпреварот против Аугсбург. Ќе играме под мотото `играме и се бориме за Борис`“, додава Милер.
Поддршка за настраданиот Вукчевиќ пристига и од Келн.
Германските медиуми јавуваат дека тој е успешно опериран.
Полицијата се уште не ја потврдила причината за несреќата, но Bild пишува дека Вукчевиќ заспал на воланот, затоа што заборавил да земе инсулин
Вукчевиќ боледува од дијабетес која може да доведе до несвестица, вртоглавица, умор, проблеми со концентрацијата, што наводно и му се случило на Вукчевиќ.
Тој на автопатот кај Баментал преминал во спротивната лента и се забил во камион. Возачот на камионот е полесно повреден, додека Вукчевиќ со повреди опасни по живот е пренесен во болница.
Според очевидците, пожарникари морале да го сечат автомобилот за да го извлечат фудбалерот.
Вукчевиќ во Хофенхајм замина од јуниорската екипа на Штудгарт, во 2008 година.
Сезонава ги одигра сите пет натпревари во Бундеслигата и постигна еден гол. /крај/ин/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.
Спорт
Ѓоковиќ: Разни „стручњаци“ ме испратија во пензија, им благодарам на тоа
Новак Ѓоковиќ, в недела ќе се бори за 11-та титула на Австралија Опен. Десеткратниот шампион во Мелбурн, во полуфиналето, во спектакуларен меч го победи бранителот на трофејот, Јаник Синер со 3:2 (3:6, 6:3, 4:6, 6:4, 6:4) за четири часа и девет минути игра.
„Никогаш не престанав да верувам во себе. Многу луѓе се сомневаа во мене. Гледам дека одеднаш се појавија многу „стручњаци“ кои сакаа да ме пензионираат или веќе го направија тоа неколку пати во последните години“, рече Ѓоковиќ и додаде:
„Сакам да им се заблагодарам затоа што ми дадоа сила и мотивација да им го докажам спротивното. Ова не е изненадување за мене. Знам на што сум способен“, рече Ѓоковиќ.
Неговиот настап прптив Синер, особено беше импресивен во петтиот сет, кога спаси осум брејк топки. Во текот на мечот Ѓоковиќ спаси 16 од 18-те топки за брејк.
Противник во финалето в недела ќе му биде Карлос Алкараз.
Foto/ depositphotos

