Спорт
Тревога во Мадрид – Роналдо ја продава вилата во близина на Мадрид
На социјалните мрежи повторно се крена тревога заради можното заминување на Роналдо од Реал Мадрид, а причината беше објавата на интернет дека тој ја продава вилата вредна 5,4 милиони евра во близина на Мадрид.
Ако ништо друго, навивачите барем преку интернет можеле да ја видат внатрешноста на објектот во кој живее Роналдо.
Сепак, реално е да се очекува дека фудбалерот ќе остане во Реал. Кристијано Роналдо стигна во Реал во 2009 година од Манчестер Јунајтед за дури 94 милиони евра. /крај/дн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Харви Барнс му пресуди на Манчестер Сити
Фудбалерите на Њукасл го победија Манчестер Сити со 2:1, во последниот меч од саботната програма во Премиер лигата. Њукасл по пауза од седум години го победи Сити, воедно ова менаџерот Еди Хау дури во 19-то соочување со колегата Пеп Гвардиола ја забележа првата победа, претходно имаше две нерешени и 16 порази. Натпреварот на „Сент Џејмс Парк“ го реши Харви Барнс со два гола.
Брилијантен натпревар одиграа Њукасл и Сити на „Сент Џејмс Парк“, сите голови беа постигнати во второто полувреме. Њукасл беше подобар противник во првото полувреме, а големи шанси пропуштија Волтемаде и Харви Барнс. Казната не ги стигна домашните фудбалери во финишот на првото полувреме кога Фил Фоден го промаши голот од пет метри.
На почетокот на второто полувреме беше релативно мирно, а потоа сè беше решено за само седум минути. Њукасл поведе преку Харви Барнс, кој погоди од 16 метри во 63-та минута.
Радоста на „Сент Џејмс Парк“ не траеше долго. По големата гужва во шеснаесетникот на домашниот тим, Рубен Дијас одлично се снајде и го израмни резултатот на 1:1.
И кога се очекуваше Сити да притисне, во следниот напад, Барнс повторно беше на вистинското место, изворедно се снајде и ја испрати топката во мрежата. Потребно беше долго време да се провери дали на голот му претходеше офсајд, но на крајот беше одлучено дека е гол.
Сити напаѓаше до крајот на натпреварот, но тимот на Пеп Гвардиола не успеа да го избегне четвртиот пораз во сезоната.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Фиорентина и Јувентус ремизираа – Виола и по 12 рунди нема победа во Серија А
Фиорентина и по 12-то коло остана без триумф во Серија А. Тимот од „Артемио Франки“ шест пати ремизираше и забележа исто толку порази. Вечерва Фиорентина одигра 1:1 со Јувентус.
Натпреварот во Фиренца го обележа дивеењето на ултрасите на Фиорентина. Два пати на кратко, судијата Даниеле Довери го прекина мечот во првиот дел, поради расиситичките скандирања упатени на сметка на поранешниот играч на „виолетовите“, Душан Влаховиќ.
Јувентус поведе на крајот од првото полувреме, во шестата минута од судиското продолжение кога Филип Костиќ успеа да постигне гол за водство на тимот од Торино од 1:0. Сепак, по враќањето на теренот, во 48-та минута, Роландо Мандрагора постигна гол за израмнување, на асистенција на Моисеа Кен.
Јувентус напаѓаше до крајот на натпреварот, но не успеа да дојде до ново водство и победа.
Спорт
(Видео) Новиот „Камп Ноу“ отворен со покер голови во мрежата на Атлетик Билбао
По 909 дена поминати на алтернативни локации во градот, оваа сабота попладне играчите на Барселона се вратија на новиот, иако недовршен „Камп Ноу“.
Новата ера беше обележана со натпреварот против стариот ривал Атлетик Билбао, а Роберт Левандовски ќе биде запишан како стрелец на првиот гол на стадионот што ќе чини над една и пол милијарда евра.
Се играше петтата минута кога, Полјакот ја искористи неодоговорноста на Алекс Беренгер. Потоа Барселона имаше две шанси да ја зголеми предноста, а во последните 15 минути од првиот дел играчите на Атлетик притиснаа, но Нико Вилијамс и Унаи Гомез два пати не искористија добри шанси.
Во последните секунди, индолентноста на Јури Берчиче, ја казни Феран Торес.
Проблемите на Атлетик се зголемија во 50-та минута кога Ојан Сансет доби црвен каротн. До карјот на мечот Барселона постигна уште два гола преку Фермин и Феран Торес.
Со овие три бода, избраниците на тренерот Ханси Флик ќе ја поминат ноќта делејќи го првото место со Реал, кој утре ќе гостува кај Елче.

