Спорт
Фудбалски мегдан меѓу навивачи и МВР

Дел од фудбалските навивачките фанови денеска ќе имаат несекојдневна можност да ги одмерат силите со припадниците на безбедносните сили на полицијата
Дел од фудбалските навивачките фанови денеска ќе имаат несекојдневна можност да ги одмерат силите со припадниците на безбедносните сили на полицијата, но на фудбалско игралиште.Членовите на навивачките групи „Комити“ и „Легија“ денеска попладне ќе одиграат фудбалски натпревар против вработените во полициската станица Центар во Скопје.Натпреварот под мотото „Да навиваме заедно“, го организира Агенцијата за млади и спорт со цел подигање и подобрување на општата комуникација меѓу спортските клубови, навивачите и полицијата.Ова е една од мерките кои Агенцијата заедно со спортските клубови, федерациите, Министерството за внатрешни работи и други субјекти ќе ги превземат за подигање на општата сигурност и безбедност на граѓаните. Стартот на фудбалскиот натпревар, односно проектот, ќе го означи Министерот за внатрешни работи Гордана Јанкулоска /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
ПСВ му изрече драконска забрана на хулиганот кој го нападна Марко Дмитровиќ

Хулиганот кој навива за ПСВ Ајндховен, а го нападна српскиот голман Марко Дмитровиќ на мечот против Севилја, доби жестока казна – 40 години забрана да влезе на стадионот.
Холандскиот клуб му изрече безмилосна казна на хулиганот кој направи голем скандал во Лига Европа откако го нападна Дмитровиќ среде натпревар.
Српскиот голман остана прибран и со еден потег го легна на земја, а потоа го предаде на обезбедувањето. Забраната за хулиганот се однесува за сите категории на натпревари на ПСВ Ајндховен.
Спорт
Френки де Јонг заработил повреда на „Ел Класико“ и ги пропушта мечевите на Холандија

Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг, поради повреда ќе ги пропушти претстојните европски квалификации на репрезентацијата на Холандија. 25-годишниот фудбалер ја заработи повредата при победата од 2:1 над Реал Мадрид во „Ел Класико“ во Ла Лига и ќе отсуствува околу две недели, открива холандскиот „Де Телеграф“.
Проблемот на Френки де Јонг е потврден денеска по снимките од магнетна резонанца.
Селекцијата на Роналд Куман поради повреда остана и без Стивен Бергвајн од Ајакс. На нивно место беа повикани Дониел Мален од Борусија Дортмунд и Џои Ферман од ПСВ Ајндховен.
Спорт
Џа Морант ја отслужи суспензијата и се враќа во тимот на Мемфис Гризлис

Ѕвездата на Мемфис Гризлис, Џа Морант, може да се врати во тимот откако отслужи суспензија од осум натпревари во НБА поради мавтање со пиштол во ноќен клуб.
Се очекува Морант да биде на клупата за резерви на вечерашниот натпревар против Далас. Неговиот клуб изјави дека тој нема да игра бидејќи треба да се врати во натпреварувачка форма.
Мемфис Гризлис објави дека Морант тренирал и се подготвувал за неговото враќање, а тренерот Тејлор Џенкинс истакна дека би сакал кошаркарот да работел со тимот или барем да учествува во шутерските тренинзи пред да се врати на натпреварите.
Морант беше надвор од теренот од 4 март, кога излезе во живо на Инстаграм и покажа како мавта со пиштол во стриптиз клуб во Колорадо по натпреварот со Денвер.
Истрагата утврдила дека Морант под дејство на алкохол поседувал огнено оружје, но не било докажано дека пиштолот е негов. НБА не утврди дали Морант имал пиштол на летот од Мемфис до Денвер.
По нивната истрага, полицијата во Колорадо заклучи дека нема причина да го обвини Морант за кривично дело откако ги испита околностите на видеото.
Во изјава за „ЕСПН“ на 15 март, Морант рече дека пиштолот не е негов и дека ја презема целосната одговорност за своите постапки. Суспензијата го чинеше 669.000 долари од платата, а тој рече дека отишол на советување за време на паузата.
Мемфис е второпласирана екипа во Западната конференција со ефект од 43 победи и 27 порази.