Спорт
Карло Кудичини на операција
Голманот на лондонскиот клуб Тотенхем, Карло Кудичини во петок ќе оди на операција, по сообраќајната несреќа во која тој беше тешко повреден вчера.На Карло Кудичини ќе му биде извршена операција на двата зглоба и на повредената карлица.
Голманот на лондонскиот клуб Тотенхем, Карло Кудичини во петок ќе оди на операција, по сообраќајната несреќа во која тој беше тешко повреден вчера. На Карло Кудичини ќе му биде извршена операција на двата зглоба и на повредената карлица. Официјалниот шеф на медицинскиот сервис на Тотенхем Вејн Дисел напиша на официјалниот сајт на клубот:„ Имаме водечки специјалисти кои се грижат за Карло и кога операцијата ќе заврши ќе имаме јасна претстава за времето кое тој ќе го помине надвор од теренот во рехабилитација“.Менаџерот на Тотенхем Хери Рендап, пак изјави: „Жал ми е за тоа што му се случи на Карло, но ни олесна кога дознавме дека повредите не се многу посериозни. Сите во клубот му испраќаат најдобри желби за побрзо оздравување“.Карло Кудичини пристигна на Вајт харт Лејн во Јануарскиот преоден рок по една декада помината во тимот на Челзи./крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ферстапен на пол-позицијата во Мајами, сезонава има шест од шест
Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, ја освои својата шеста пол-позиција на исто толку трки оваа сезона. Холанѓанецот беше најбрз во квалификациите за трката на Големата награда на Мајами. За Ферстапен ова е седма пол-позиција по ред и сега е на само еден до израмнување на рекордот на Аиртон Сена.
Ферстапен, кој неколку часа претходно триумфираше во спринтот на Флорида, ја забележа 38. пол-позиција во кариерата со круг од 1:27.241 минути. Тој за 141 илјадитинки беше побрз од Шарл Леклер во Ферари.
Двајцата ги следеше вториот возач на италијанскиот тим, Карлос Саинц Јуниор, кој заостануваше помалку од една десетинка зад својот тимски колега. Шпанецот за само пет илјадити делови од секундата беше побрз од Серхио Перез во Ред Бул.
Најдобар меѓу останатите беше Ландо Норис во Мекларен, пред тимскиот колега Оскар Пјастри и двоецот на Мерцедес Џорџ Расел и Луис Хамилтон. Топ 10 беше комплетиран од Нико Хилкенберг во автомобилот на Хас и возачот на тимот РБ Јуки Цунода.
Траката за Големата награда на Мајами утре ќе започне во 22 часот по средно-европско време.
Спорт
(Видео) Сасуоло повторно го победи Интер
Фудбалерите на Сасуоло славеа минимална победа над италијанскиот шампион Интер. Сасуоло сезонава забележа седум победи, две од нив се против Интер. Интересно ова се единствените порази на Интер сезонава во Серија А.Сасуоло остана на 19.место со 29 бода. Пред овој тим се Удинезе (29), Емопли (31), фросиноне (31), Верона (31), Каљари (32), но сите имаат натпревар помалку.
Стрелец на единствениот, гол беше Арманд Лориен во 20. минута откако Џош Доиг му ја одзеде топката на незаинтересираниот Дензел Дамфрис практично на гол-линијата и потоа му асистираше на Французинот во срцето на шеснаесетникот.
До крајот на сезоната Сасуоло ќе гостува кај Џенова, ќе го пречека Каљари и потоа ќе гостува во Рим кај Лацио.
Спорт
Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид
Тенисерката број еден во светот Ига Швјонтек ја освои титулата на Мастерсот во Мадрид. Таа во финалето ја победи Арина Сабаленка во три сета. За Швјонтек ова е 20-та титула во кариерата, а прва во Мадрид.
Резултатот по три часа и 14 минути борба беше 5:7, 6:4, 7:6 (9:7).
Спектакуларниот меч на двете најдобри во светот, кулминација доживеа во тај-брејкот во третиот сет кој Швјонтек го доби со 9:7.