Спорт
Над 50.000 фудбалери ќе го избираат тимот на годината
Повеќе од 50.000 фудбалери ќе имаат право на глас за најдобра екипа на сезоната во изборот што ќе го организира Светската фудбалска федерација(ФИФА).
Повеќе од 50.000 фудбалери ќе имаат право на глас за најдобра екипа на сезоната во изборот што ќе го организира Светската фудбалска федерација(ФИФА).
Свечената церемонија на доделување на наградите за најдобрите 11 фудбалери на светот во 2009. година ќе се одржи на 21. декември во Цирих.
Покрај најдобрата екипа, на церемонијата ќе се избира и најдобар фудбалер и фудбалерка за оваа година. /крај/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Вардар 1961 лесно славеше во дербито со Еурофарм Пелистер
Вардар 1961 го доби првото дерби во првенствот против Еурофарм Пелистер оваа сезона. Црвено-црните во Скопје славеа со 27:24 (15:11).
Првото полувреме, во кое Вардар1961 одигра речиси беспрекорно во одбраната, со која диригираше голманот Еспиња, му ја трасираше победата на домашниот тим. Еспиња во првото полувреме забележа седум одбрани, а сето тоа го зачини во финишот на второто полувреме кога одбрани два седмеци (Радивијевиќ, Кузмановски) и ги спречи играчите од Битола да внесат неизвесност во натпреварот.
Вардар 1961 прв пат се одлепи од протиникот во десеттата минута кога стекна предност од три гола (5:2, 6:3). На десет минути до крајот на првиот дел црвено-црните дојсоа до највисоката предност 11:6.
Првата половина од вториот дел им припадна на играчите на Пелистер, во 45.минута се доближија на гол негатива (20:19). Црвено-црните експресно се консилидираа и со серија 5:2 го одбија нападот на противникот.
Марко Срдановиќ го предводеше Вардар 1961 со осум гола, три помалку постигна ветеранот Гоце Георгиевски. Кај Пелистер најдобри беа репрезентативците Никола Митревски со десет одбрани и Филип Кузмановски зсо седум гола.
Спорт
(Видео) Палмер шоу на „Стенфорд Бриџ“ – Челси го победи Брајтон
Челси го победи Брајтон со 4:2 во шестото коло во Премиер лигата. Челси ја забележа првата победа дома во новата сезона, а Брајтон прв пат е поразен како гостин во сезоната 2024/2025. Двата тима одиграа едно од најдобрите полувремиња во последните 15 години во Премиер лигата. Полувремето го обележа Кол Палмер.
Палмер стана првиот играч во историјата кој постигнал четири гола во првото полувреме во натпревар од Премиер лигата.
Фудбалерот на Челси во интервал од 20 минути четири пати го совлада голманот на Брајтон.
Првиот гол го постигна во 21. минута кога ја искористи несебична асистенција на Николас Џексон. Во тој монент го изедначи резултатот, откако Брајтон дојде до предност со голот на Рутер во седмата минута.
Во 27-та погоди од пенал, а во 31-та изведе перфектен слободен удар од 27 метри за 3:1.
Брајтон накратко се врати преку Балеба во 34. минута, а потоа во 41. по асистенцијата на Санчо, Палмер од левата страна го погоди поблискиот гол за 4:2.
Челси со оваа победа „скокна“ на третото место на табелата со бод помалку од лидерот Манчестер сити.
Резултати:
Арсенал-Лестер 4:2
Нотингем Форест-Фулам 0:1
Брентфорд-Вест Хем 1:1
Евертон-Кристал Палас 2:1
Спорт
ФИФА го суспендира Емилијано Мартинез
Голманот на Аргентина, Емилијано Мартинез, доби суспензија од ФИФА на два натпревари поради повеќекратно неспортско однесување по натпреварите.
Суспензијата значи дека тој нема да може да и помогне на својата репрезентација во квалификациите за Светското првенство против Венецуела и Боливија во октомври.
ФИФА го суспендираше Мартинез на два натпревари поради непристојни гестови и удирање на ТВ камера.
„Дисциплинската комисија на ФИФА го суспендираше Емилијано Мартинез на два натпревари поради прекршување на член 13 од Дисциплинскиот кодекс на ФИФА (навредливо однесување и кршење на принципите на фер-плеј) за време на натпреварите Аргентина – Чиле на 5 септември и Аргентина – Колумбија на 10 септември“, пишува во соопштението на ФИФА.
32-годишниот голман на Астон Вила го привлече вниманието со своето однесување по финалето на Светското првенство во Катар, кога пред камера го држеше трофејот меѓу нозете, диво гестикулирајќи.
Сето тоа го направи повторно на крајот од натпреварот против Чиле, кога стави реплика на трофејот од Копа Америка меѓу нозете на истиот дрзок начин како што го направи по финалето против Франција на Светското првенство во 2022 година.
По мечот со Колумбија тој жестоко ја удри ТВ камерата која го следеше на теренот.