Спорт
Арсенал во најскоро време со американски газда
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/5a2c52ec-9f27-43fe-8477-2ee6d114ed77.jpeg)
Американскиот бизнисмен Стан Кронке денеска купи нов пакет акции на англискиот премиерлигаш Арсенал и со тоа продолжи да се доближува до моментот по кој може да стане сопственик на клубот
Американскиот бизнисмен Стан Кронке денеска купи нов пакет акции на англискиот премиерлигаш Арсенал и со тоа продолжи да се доближува до моментот по кој може да стане сопственик на клубот од северен Лондон.
Одборот на Премиерлигата на Англија соопшти дека Кронке купил уште 20 акции на клубот за 170,000 фунти. Американецот, кој живее во Денвер, поседува 29,9 отсто од акциите на Арсенал, откако претходно во понеделникот купи уште десет акции на клубот.
Доколку Кронке успее да стигне до 30 проценти, тој може да направи официјална понуда за купување на Арсенал.
Овој американски милијардер е сопственик на американските Колорадо Рапидс, Денвер Нагетс и Колорадо Авеланш./крај/бгнес/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Спорт
УЕФА сака да ги укине продолженијата во европските купови
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/gettyimages-2082039837.jpg)
Европската куќа на фудбалот (УЕФА), сериозно ја разгледува идејата за укинување на продолженијата во нокаут фазата на европските натпреварувања.
Информацијата ја пренесе британски „Гардијан“. УЕФА сериозно ја разгледува идејата за укинување на продолженијата во нокаут фазата на европските купови и, во случај на нерешено по 180 минути фудбал (два натпревари), да оди директно на пенали.
Оваа може да се каже револуционерна промена тешко би можела да се воведе пред 2027 година, кога ќе заврши тековниот циклус на телевзиските права.
Интересно, според последните промени во календарот и воведувањето на нов формат за Светското клупско првенство, кое за прв пат ќе се игра летово, 2027 година ќе биде прво лето кога фудбалерите од елитните клубови ќе имаат нормален одмор.
Натпреварите во нокаут фазата, кога по два натпревари нема победник, со пенали се решаваат практично практично од нивното основање во сезоната 1968/59.
Спорт
(Фото+видео) Роналдо доби статуа на Тајмс сквер, фановите викаа „сиууу“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/skysports-ronaldo-football_5974325.jpg)
Португалецот Кристијано Роналдо го доби веројатно најоригиналниот подарок за својот 40-ти роденден. Португалецот доби биста беше на Тајмс Сквер во Њујорк.
Бистата е дело на италијанскиот уметник Серџо Фурнари, познат, меѓу другото, и по создавањето на иконската њујоршка фотографија „Време за ручек на врвот на облакодерот“ од теракота и челик.
Тој сега создаде бронзена скулптура висока 3,6 метри за да ја „овековечи суштината на Роналдо не само како спортист, туку и како културна икона која инспирираше милиони луѓе ширум светот“, рече уметникот во соопштението за печатот.
„Кристијано Роналдо е повеќе од фудбалер, тој е симбол на упорност, извонредност и глобално единство што ме инспирираше да го создадам ова ремек дело“, рече Фунари во врска со ова негово дело, кое ќе се придружи на неговите многубројни познати дела.
Роналдо, поради професионални обврски, не можеше да присуствува на церемонијата на откривање, на која присуствуваа толпа негови обожаватели.
За оваа прилика Фурнари со помош на група навивачи се обиде да постави светски рекорд за групно скандирање на скандирањето „сиууу“, заштитен знак на Роналдо при секоја прослава на гол. Насобраните фанови во неколку наврати викаа „сиууу“, но не можеше да се утврди дали е соборен светскиот рекорд.
Откривањето на статуата на Роналдо се случи како дел од прославата на роденденот на познатиот Тајмс Сквер.
„Цврсто верувам дека со адекватен тренинг и ментална подготовка Роналдо ќе може да игра на Светското првенство во 2026. Целиот американски континент ќе го чека и ќе навива тоа да се случи“, изјави Фурнари.
🚨🚨
BREAKING:
Cristiano Ronaldo’s statue has been unveiled in Times Square for his 40TH BIRTHDAY. 🇵🇹🇺🇸pic.twitter.com/5MaGCTr82c
— The CR7 Timeline. (@TimelineCR7) February 5, 2025
Спорт
У21-селекцијата доби тешка група во квалификациите за ЕП во 2027
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/20241016100612.jpg)
Фото/ ffm.mk
Во Нион се одржа ждрепката за квалификациите за Европското првенство за фудбалери до 21 година, чии домаќини во 2027 година ќе бидат Албанија и Србија.
Македонските надежи добија тешка група, ждрепката ги смести во Е групата, а противници ќе им бидат: Италија, Полска, Шведска, Црна Гора и Ерменија.
Група А: Шпанија, Романија, Финска, Косово, Кипар, Сан Марино
Група Б: Португалија, Чешка, Бугарија, Шкотска, Азербејџан, Гибралтар
Група Ц: Франција, Швајцарија, Исланд, Фарски Острови, Луксембург, Естонија
Група Д: Англија, Ирска, Словачка, Молдавија, Казахстан, Андора
Група Е: Италија, Полска, Шведска, Македонија, Црна Гора, Ерменија
Група Ф: Германија, Грузија, Грција, Северна Ирска, Латвија, Малта
Група Г: Холандија, Норвешка, Словенија, Израел, Босна и Херцеговин
Група Х: Украина, Хрватска, Унгарија, Турција, Литванија
Група И: Данска, Белгија, Австрија, Велс, Белорусија
На завршниот турнир ќе се натпреваруваат 16 репрезентации. Покрај домаќините Албанија и Србија, директен пласман ќе обезбедат девет победници во групите и најдобрата второпласирана селекција.
Останатите второпласирани екипи ќе играат плеј-оф за преостанатите четири места.