Спорт
Вечната класика повторно возбудува
Во пресрет на неделното дерби во Барселона, мал историјат за најдобрите дерби натпревари во Ла Примера, натпреварите со најмногу голови, но и најинтересните моменти од вечната класика во Шпанија
Во 154-те меѓусебните дуели, најмногу победи издвојувал „Кралскиот клуб“ вкупно 68 а Барселона има вкупно 60 победи. Нерешено се одиграле вкупно 30 натпревари. Барселона на „Ноу Камп“ победила 38 пати а Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабе“ победил 39 пати. Најголемата победа Реал ја остварил во далечната 1935 година на домашен терен кога ја совладал Барселона со резултат 8:2, а најголемата победа Барселона ја оствари минатата година кога на Сантијаго Бернабе го совлада Реал Мадрид со 6:2. Најмногу голови на еден натпревар биле постигнати во 1943 година во Барселона каде конечниот резултат на натпреварот бил 5:5.Формата на Реал во изминатите 5 натпревари: 25 ноември Реал Мадрид-Цирих 1:0 (Лига на шампиони)21 ноември Реал Мадрид- Расинг Сантандер 1:0 (Ла Лига)10 ноември Реал Мадрид- Алкоркон 1:0 (Копа дел Реј)7 ноември Атлетико Мадрид- Реал Мадрид 2:3 (Ла Лига) 3 ноември Милан- Реал Мадрид 1:1 (Лига на шампиони)Формата на Барселона во изминативе 5 натпревари:24 ноември Барселона- Интер 2:0 (Лига на шампиони)21 ноември Атлетик Билбао- Барселона 1:1 (Ла лига)10 ноември Барселона- Културал леонеса 5:0 (Копа дел Реј)7 ноември Барселона- Малјорка 4:2 (Ла лига)4 ноември Рубин Казан-Барселона 0:0 (Лига на шампиони)Во прилог се најинтересните Ел Класико натпревари во изминатата декада:
1. Натпреварот со „Свинската глава“
23 април 2002 година првиот натпревар од полу-финалниот натпревар од Лигата на шампионите.
Барселона- Реал Мадрид 0:2Само две години пред овој натпревар Луис Фиго ги напушти „Каталонците“ за да потпише со вечните ривали „Кралевите“, а на овој натпревар тој се врати по повредата. Многумина неговото преминување во тимот на Реал го сметаа за предавство со оглед на фактот дека во редовите на Барселона тој беше еден од омилените играчи на навивачите на Барселона . Во текот на целиот натпревар Фиго беше исвиркуван, плукан но и навивачите фрлаа се што ќе стигнат по него. Но најужасниот момент на натпреварот беше кога Луис Фиго отиде во корнерот за да упати шут, и во истиот момент непознат навивач фрли свинска глава кон него. 2.„Галактикосите“10 април 2005 година, Реал Мадрид-Барселона 4:2„Најголемиот момент“ на Флорентино Перез кој и ги донесе „Галактикосите“ Луис Фиго, Зинедин Зидан, Роналдо, Дејвид Бекам и Мајкл Овен на Сантијаго Бернабе. За момент галактикосите заблескаа и ја победија Барселона 4:2 во Мадрид. 3.Чудото од дете созреа10 март 2007 Барселона-Реал Мадрид 3:3Натпреварот на Ноу Камп ја донесе можеби најдобрата игра од „Чудото од дете“ и штитеник на Барселона, Лионел Меси, со огледа на фактот дека го имаше своето деби во првиот тим само две години претходно. Меси го постигна својот прв хет трик во својата кариера и на три пати го израмнуваше резултатот. 97. 823-те навивачи присутни беа во делириум. 4.Тежок пораз на „Кралевите“ среде Мадрид2 мај 2009 Реал Мадрид- Барселона 2:6Сезоната се ближеше кон крајот но „Каталонците“ се соземаа и со головите на Пујол, Пике и по двата гола на Анри и Меси успеаа да го поразат Реал на домашен терен и да ја осигураат титулата во Шпанското првенство. По само неколку недели Барселона ја освои титулата и во Лигата на шампионите со Меси повторно во главната улога./крај/гол/сл
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Американките во драматично финале го освоија олимпиското злато
Поделени се медалите на женскиот хокеарски турнир, на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина. САД го освоија златото со победа од 2:1 над Канада во финалето по продолжение. Швајцарија ја освои бронзата.
Како и во претходните три, САД и Канада се сретнаа и во ова финале. И приредија спектакл. На крајот, сè беше решено во продолжението.
Херој на третото злато за Американките беше Меган Келер. Таа го постигна победничкиот гол во петтата минута од продолжението.
Но, Канада има многу за жалење. Водеше од почетокот на вториот период со голот на Кристин О’Нил, па сè до две минути пред крајот. А потоа Хилари Најт, на асистенција на подоцнежната хероина Келер, постигна гол за 1:1 и продолжение. Во кое Келер погоди за голема победа.
И Швајцарија забележа голема победа. За третото место, ја поразија Шведска, исто така по продолжение, со 2:1, и со тоа Швајцарките го освоија својот прв олимписки медал по 12 години.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Звезда победи во Лил, Штутгарт го декласира Селтик
Фудбалерите на Лудогорец ја спасија честа на домашните тимови во Лига Европа. Во првите осум натпревари, шест победи забележаа гостите, само Лудогорец победи на домашен терен, а Панатинаикос успеа да извлече реми.
Изненадувањето на вечерта го направи Црвена звезда со победата во Лил. Српскиот првак победи со голот на Тебо Учена во првата минута од надополнувањето на времето во првото полувреме.
Црвено-белите доминираа против Лил и само можат да жалат што победата не е изразена со повеќе голови разлика.
Инаку, Црвена звезда ја забележе првата победа на француска почва, во својата историја. Во претходните девет гостувања, црвено-белите имаа две нерешени и седум порази.
Селтик доживеа тежок пораз од Штутгарт (1:4). Во првото полувреме се истакна Мароканецот Билал Ел Ханус, кој игра за Штутгарт како позајмен играч од Лестер Сити.
Прво, во 15-та минута, искористи „бразилска“ асистенција со петицата на Денис Ундав, а во 28-та минута реагираше добро по центаршутот на Анџело Стилер и, заборавен од домашните играчи, повторно го совлада ветеранот на Селтик, Каспер Шмајхел.
Помеѓу двата гола на Штутгарт, Бенџамин Нигрен ја искористи конфузијата во одбраната на „Швабите“.
Сепак, во вторите 45 минути, Германците беа уште поубедливи.
Првиот, со прецизен удар на Џејми Левелинг, а потоа Тијаго Томас го постави конечниот резултат на крајот од натпреварот.
Лудогорец е единствениот тим што победи на домашен терен. Шампионот на Бугарија се сретна со Ференцварош во Раздград и победи со резултат од 2:1 (1:1).
Домашниот тим поведе со голот на Кванд Ду, Деле израмни за Унгарците.
Победата за Лудогорец ја донесе Шпанецот Сон во 67-та минута.
Foto/ EPA
Спорт
Меншик го победи Синер
Чешкиот тенисер Јакуб Меншик го победи Јаник Синер во четвртфиналето на турнирот во Доха.
Меншик славеше по два часа и 13 минути борба, со 2-1 во сетови – 7:6(3), 2:6, 6:3.
Ова е втората најголема победа во неговата кариера, откако го победи Новак Ѓоковиќ во финалето во Мајами минатата година.
За 20-годишниот Чех, ова беше прв дуел со Синер во кариерата, а првото полуфинале во Доха, ќе му го донесе и 13-то место на АТП листата.
Foto/ EPA

