Спорт
Најдоброто и најлошото од спортот во Македонија за 2009
Македонскиот спорт во 2009 година го одбележаа неколку светли моменти кои покажаа дека и покрај местењето на натпревари, скандали и беспарицата, со многу труд, упорност и желба можат да се постигнат одлични резултати.
Македонскиот спорт во 2009 година го одбележаа неколку светли моменти кои покажаа дека и покрај местењето на натпревари, скандали и беспарицата, со многу труд, упорност и желба можат да се постигнат одлични резултати.
Од позитивните достигнувања на македонскиот спорт за годината која изминува ги издвојуваме, подвизите на Сашко Кедев кој стана третиот Македонец кој успеал да се искачи на највисокиот врв на светот, Монт Eверест, и на Томи Стефановски кој стана третиот Македонец што го препливал каналот Ламанш.
Се разбира не може да се занемари одличното освоено 11-то место на Светското првенство во ракомет, од македонската репрезентација и рекордните 92 гола постигнати од страна на нашиот најдобар ракометар Кире Лазаров..
Позитивните моменти во спортот како да беа ставени во сенка на скандалите со необележаните влезници за пријателскиот натпревар со Европскиот шампион Шпанија, заминувањето на Слога Југо Mагнат, и Македонија Ѓорче Петров од првата лига, штрајкот на фудбалерите на Вардар, и обвинувањата за судијата Антон Генов од страна на УЕФА за местење на пријателскиот натпревар на Македонија против Канада.
Се надеваме дека 2010 ќе биде уште поплодна за македонските спортисти, и дека македонскиот спорт го чекаат уште светли моменти.Јануари 2009 година:
Трифун Костовски си поднесе оставка од функцијата претседател на ФК Вардар.
Со победата над Ј. Кореја Македонија од 32:31 на С.П. во Хрватска се пласира на 11-то место во светот, а капитенот Кире Лазаров е најдобриот стрелец на светот со постигнати 92 гола.
Февруари 2009
Македонската фудбалска репрезентација одигра нерешено 1:1 против репрезентацијата на Молдавија во пријателски натпревар. Горан Пандев го постигна својот 15-ти гол за репрезентацијата но Андроник израмни за Молдавија.
Март 2009 година:
Претседателот на ФИФА, Мишел Платини во посета на Македонија. Платини го посети споменикот на фудбалот во Скопје и изврши проверка на Арената Филип Втори чија северна трибина беше во фаза на финализирање.Ивана Рожман го освои последното 31 место на трката од 60 метри на Е.П. во атлетика во сала кое се одржа во Торино.Април 2009 година:
Каратистот Иво Цветковски освои злато во сениорска категорија до 67 килограми во Европската златна лига, турнирот кој се одржа ви Милано, а Симона Заборска освои бронза во категорија до 47 килограми.Мишел Платини ја поддржа осумгодишната суспензија за ФК Победа поради местење на резултати со дво мечот со Пјутник во квалификациите за ЛШ во 2004 година.
Мај 2009:
Македонскиот кардиолог Сашко Кедев стана третиот Македонец по Димитар Илиевски- Мурато и Глигор Делев кој го освоил највисокиот врв на светот Монт Еверест.
Мирасад Јонуз е именуван за нов селектор на Македонската фудбалска репрезентација по заминувањето на Сречко Катанец.
Јуни 2009 година:
Јошко Петровиќ е избран за селектор на женската ракометна репрезентација по оставката на Владимир Глигоров.Македонската фудбалска репрезентација во Скопје ја совлада репрезентацијата на Исланд со резултат 2:0. Стојков и Ивановски ги постигнаа головите за Македонија.
Јули 2009:
Македонската ватерполо репрезентација со три пораза и една победа се пласира на 13-то место на С.П. во водени спортови кое се одржа во Рим.
Поранешниот тренер на хрватската ракометна репрезентација, Лино Червар е именуван за нов тренер на скопски Металург.
Август 2009:
Шпанската фудбалска репрезентација со пресврт во второто полувреме ја победи Македонија на Арената Филип Втори со резултат 3:2. Македонија водеше во првото полувреме со двата гола на Горан Пандев, но Фернандо Торез, Џерад Пике и Алберт Риера и ја донесоа победата на Шпанија. Натпреварот против Шпанија беше ревијален натпревар по повод јубилејот 100 години постоење на фудбал во Македонија
Македонскиот пливач Томи Стефановски го преплива каналот Ла Манш за 7 часа, 42 минути и 32 секунди. Стефановски е третиот Македонец кој го препливал Ла Манш по Атина Бојаџи и Нико Нестор.
Септември 2009:
Македонскиот боксер Примислав Димовски го освои петтото место на С.П. во бокс кое се одржа во Милано.Македонската кошаркарска репрезентација го освои 9-то место на Е.П. во Полска. Македонија по пауза од 10 години повторно се натпреваруваше на едно Е.П. во кошарка.
Октомври 2009 :
Македонската фудбалска репрезентација ја порази репрезентацијата на Катар со 2:1 во пријателскиот натпревар кој се одржа во Скопје. Головите ги постигнаа Пандев и Христов по првичното водство на Катар. Горан Пандев со својот 18 гол стана прв стрелец во историјата на македонската репрезентација.
Фудбалерите на Вардар стапија во штрајк по незадоволството од финансиската состојба во која се наоѓа најтрофејниот македонски клуб.
Ноември 2009:
Македонската фудбалска репрезентација во пријателски натпревар одигран во Струмица ја совлада репрезентацијата на канада со резултат 3:0. Седловски го постигна првиот гол на натпреварот а Горан Пандев ги постигна останатите два, од кои еден од пенал.
Македонската ватерполо репрезентација во скопскиот базен Младост беше поразена од репрезентацијата на Хрватска со конечен резултат 9:7 од деби натпреварот од Светската лига во ватерполо.
Декември 2009:
Со две екипи помалку, без Слога Југо Магнат и Македонија Ѓорче Петров продолжи фудбалското првенство на Македонија.ФК Вардар најави повлекување од Првата македонска лига, а причина за тоа е раскинот на договорот со 17 годишниот Стефан Ристевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Фјури се враќа, ќе се бори против Махмудов
Тајсон Фјури (37) се враќа од пензија и ќе се бори против Арсланбек Махмудов на 11 април на стадионот на Тотенхем, во Лондон. Тоа ќе биде неговиот прв меч по речиси четири години пред домашна публика, а преносот ќе биде достапен низ целиот свет на платформата „Нетфликс“.
Поранешниот светски шампион во тешка категорија се повлече од боксот по два последователни порази од Олександр Усик.
Фјури, кој во текот на својата кариера имаше многу збогувања и враќања, има рекорд од 34 победи, два порази и едно реми во професионалниот ринг, со 24 нокаути.
Официјалната прес-конференција за најава ќе се одржи во понеделник на стадионот Тотенхем, со учество на двајцата борци.
Противникот на Фјури, Махмудов, е познат како еден од најопасните борци во тешка категорија. Во кариерата, тој нокаутирал 19 од 21 противник, има два порази во 23 натпревари и влегува во овој меч по најголемата победа во кариерата. Тој ја постигна со едногласна одлука против Дејв Ален минатиот октомври во борба за титулата во тешка категорија на ВБА Интерконтиненталната категорија.
Foto/ depositphotos
Спорт
Познат распоредот во Лигата на нации – Швајцарија во првото, Словенија во последното коло
Фудбалската репрезентација на Македонија, во новиот циклус во Лигата на нации, ќе се натпреварува во Б-дивизијата. Македонија е во Групата 1, заедно со Шкотска, Швајцарија и Словенија.
Првата фаза, во новиот циклус во Лигата на нации ќе се игра од септември до ноември оваа година. Македонија дуелите во Групата 1 ќе ги отвори на домашен терен со Швајцарија, а ќе ги затвори исто така на домашен терен против Словенија.
Првиот натпревар Македонија ќе го одигра на 26 септември против Швајцарија, а три дена подоцна следува гостувањето во Словенија.
Во октомври Македонија ќе ја пречека Шкотска (3 октомври), а на 6.10 ќе гостува во Швајцарија.
На 13 ноември Македонија ќе гостува во Шкотска, а три дена подоцна ќе ја пречека Словенија.
Foto/ EPA
Спорт
Ханси Флик за дебаклот на Барселона на „Метрополитано“ ги обвини судиите
Барселона, синоќа доживеа дебкла во првиот полуфинален натпревар во Купот на Кралот. На „Метрополитано“, Атлетико Мадрид победи со 4:0. Инспирираниот домашен тим головите ги постигна во првото полувреме.
По поразот од Атлетико, тренерот на Барселона, Ханси Флик, виновникот за дебаклот го најде во судиите, а не во лошата игра во дефанзивата на неговиот тим.
Спортна е ситуацијата во 53-та минута, кога по седум минути во ВАР собата донесоа одлука да го поништат голот на Пау Кубарси.
„Навистина не знам што друго да кажам за судењето во Шпанија. Ова е срам, целосен хаос, судењето е катастрофа. Не знам ни колку пати ја прегледав ситуацијата кога Кубарси постигна гол и навистина не разбирам каде некој од судиите виде недозволена позиција“, рече Флик и продолжи:
„Прекинот траеше повеќе од седум минути. Очигледно е дека бараа причина да го поништат тој гол на секој можен начин и со сета сила. Исто така, речиси и немаше комуникација меѓу судиите. Никој ништо не разјасни.“
Како алиби за поразот Германецот ја посочи агресивната игра на фудбалерите на Атлетико, иако е јасно дека тој беше незадовоелн од играта на неговиот тим, бидејќи првата измена ја направи во 35 минута од натпреварот.
„Судијата им дозволи на играчите на Атлетико да играат грубо, буквално им дозволи да прават што сакаат. Не само што не им покажа картони, туку дури и не им даде усна опомена. Уште од првата акција во играта, тие се жалеа кон судиите. Разочаран сум, навистина не можам да верувам што се прави во шпанскиот фудбал“, додаде тој.
„Судијата мораше да покаже жолт картон за првиот прекршок врз Балде, а зборуваме за самиот почеток на натпреварот. Тоа драстично ќе влијаеше на она што се случуваше подоцна. Нормално беше Симеоне да дозволи да нè малтеретираат кога виде дека судиите ќе му простат сè“, рече Германецот.
Интересно, Флик не го коментираше црвениот картон на Ерик Гарсија, бидејќи одлуката на теренот беше жолт картон. Дури кога доби повик од ВАР собата, главниот судија ја прегледа снимката и го исклучи дефанзивецот на Барселона, кој како последен играч во одбраната го фаулираше Алекс Баена.
Foto/ depositphotos

