Спорт
Лопез Контардо ги израдува Чилеанците
Чилеанецот Франциско Лопез Контардо и донесе голема радост на својата земја со победата во петтата етапа во категоријата мотори на две тркала, на релито Дакар
Чилеанецот Франциско Лопез Контардо и донесе голема радост на својата земја со победата во петтата етапа во категоријата мотори на две тркала, на релито Дакар.
Петтата етапа од годинешното издание на релито Дакар се возеше од Копиапо до Антофагаста на територијата на Чиле во вкупна должина од 416 километри.
Контардо ја заврши трката во време од 5 часа, 52 минути и 40 секунди,пред Французите Кирил Деспре и Давид Фретиње.
„Ова беше навистина долга етапа. Имав проблеми во етапите во Аргентина но, сега навистина сум среќен што победив на домашен терен. Во Чиле се е во ред. Победив на специјална етапа за мене и сега морам да мислам на вкупниот пласман“ изјави Контардо по трката.
Еден од фаворитите за титулата Давид Косто го заврши своето натпреварување откако во несреќен случај за скрши ногата.
Марк Кома пак имаше технички проблеми со гумите на неговиот мотор и загуби 39 минути и сега се наоѓа на седмото место во генералниот пласман.
Маркос Патронели по втор пат по ред беше најбрз до целта во категоријата мотори на четири тркала со време од дури 7 часа, 39 минути и 49 секунди.
Сонародникот Хорхе Мигуел Сантамарина етапата ја заврши на второто место со речиси половина час задоцнување зад Патронели а трет беше Шпанецот Хуан Мануел Гонзалес Короминас.
Американецот Марк Милер во категоријата автомобили беше изненадувањето на денот со победата во петтата етапа за која му требаше 5 часа, 6 минути и 19 секунди, пред второпласираниот во генералниот пласман, Шпанецот Карос Саинз, а трет до целта дојде Насер Ал Атила од Катар. Сите тројца натпреварувачи се од тимот на Фолксваген.
Тесна беше победата на Фирдаус Карбиров над неговиот ривал Владимир Чагин. Временската разлика помеѓу двајцата натпреварувачи во категоријата камиони беше само 19 стотинки во петтата етапа. На Кабиров му беа потребни 5 часа, 48 минути и 50 стотинки за да стигне до целта. Трет беше Шпанецот Џосеп Адуа.
Шестата етапа од релито Дакар ќе се вози од Антофагаста до Икуикуе во Чиле со должина од 372 километри. /крај/сл
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Првиот позитивен случај на допинг пред Зимските олимписки игри во Италија
Ребека Песлер беше суспендирана по позитивниот допинг тест утврден од Антидопинг агенцијата на Италија (NADO), поради супстанцијата летрозол метаболит, кој се користи за намалување на нивото на естроген и често е присутен во терапиите за рак на дојка, пренесуваат светските медиуми.
Италијанскиот олимписки комитет потврди дека таа веднаш е исклучена од олимпискиот тим, што е првиот позитивен случај на допинг пред Игрите во Милано и Кортина.
Песлер го постигна својот најдобар резултат во 2024 година на Светското првенство во биатлон во штафетата 4×6 км, а наместо нејзиниот прв настап на Олимписките игри, таа се соочува со подолга суспензија.
Нејзиниот чичко Јохан Песлер е двократен светски шампион и освојувач на олимпискиот бронзен медал во 1988 година.
Фото: ЕПА
Спорт
Алкараз беше „чудовиште“ и на 14-годишна возраст, вели Ферер
Давид Ферер, поранешниот трет светски тенисер, раскажа интересна анегдота за Карлос Алкараз, откако неговиот сонародник го освои Австралија Опен за прв пат во кариерата.
Алкараз ги обедини сите четири титули на Гренд слем со својот триумф во финалето над Новак Ѓоковиќ, а Ферер беше меѓу оние кои рано знаеја дека го очекува одлична тениска иднина.
Ферер се врати малку назад во времето, на повик од Хуан Карлос Фереро, поранешниот тренер на шампионот од Мелбурн, кој беше восхитен и упорен во намерата да го запознае со неговото следно спортско чудо.
🎙 David Ferrer tells a funny anecdote about training with Alcaraz when Carlos was just 14 years old:
When he was 14, I was already top 10 and Juan Carlos Ferrero told me:
Hey, I’ve signed a player from Murcia and he’s unbelievably good.
I said: I’m in Jávea, bring him over to… pic.twitter.com/J49X79iSPA
— Tennis Bettor nishi (@nishikoripicks) February 2, 2026
„Кога тој имаше 14 години, јас бев во првите 10, а Хуан Карлос Фереро ми рече: ‘Еј, потпишав играч од Мурсија, и тој е неверојатно талентиран’. Јас реков: ‘Јас сум во Хавеа, доведи го и нека тренира со мене’. Многу барав на тренинзите и реков: ‘Не ми го троши времето. Има 14 години и сакам сериозен тренинг; сум во предсезона’. Фереро рече: ‘Не, верувај ми’“, вели Ферер, кој наскоро ќе сфати дека погрешил:
„Бев без зборови. Се сеќавам дека го туркав. Секако, кога ќе се загреете и ќе почнете силно да ја удирате топката, обично млад играч не може да се справи со професионалец. Карлос ја враќа првата топка, втората исто така, а на третата забрзува. И мислите… што е ова?“ Тој ве воодушевува. Беше како Рафа кога беше дете. Четиринаесет години. Игравме одличен тајбрејк и победив со 10-8, но мислам дека ми дозволи да победам затоа што се колнам дека беше толку блиску до тоа да ме победи. Мислам дека тоа беше од почит, затоа што е како Рафа, но доаѓа од различна средина. Рафа е од Мајорка, тој е од Мурсија. Но, тој е неверојатен човек, не само како играч, туку и како личност. Многу нормален, многу природен. Секогаш насмеан. Многу пристапен.“
Скромноста и напорната работа на крајот се исплатија. На 22 години, Алкараз е седумкратен шампион на Гренд слем турнирите и има освоено 25 титули во кариерата.
Спорт
Нова бомба од НБА: Харден ги напушта Клиперс?
Американските медиуми јавуваат дека Џејмс Харден би можел да ги напушти редовите на Лос Анџелес Клиперс. Тамошни истакнати новинари пренесуваат дека „Брадата“ би можел да заврши во Кливленд.
Во тек е финишот на периодот за трејдови, а наводно Клиперс во замена би требало да го добијат 26-годишниот плејмејкер Даријус Гарланд. Според наводите, преговорите траат со недели, а се додава и дека во Лос Анџелес не сакаат лесно да се откажат од Харден.
Според информациите на Шемс Чарнија, новинар на ЕСПН, Харден би можел во наредните денови лесно да го добие својот шести тим во најсилната кошаркарска лига во светот. Сè ќе биде познато во следните два дена, кога завршува рокот за размена на играчи во НБА.
Се очекува уште еден голем трејд, со оглед на тоа што Јанис Адетокумбо речиси сигурно ќе го напушти Милвоки Бакс.

