Спорт
Волфсбург бара 40 милиони евра обештетување за Џеко

Голгетерот на германскиот клуб Волфсбург Един Џеко, најверојатно нема да замине во некој поголем клуб и покрај големиот интерес за него, бидејќи управата на Волфсбург бара обештетување од 40 милиони евра.
Голгетерот на германскиот клуб Волфсбург Един Џеко, најверојатно нема да замине во некој поголем клуб и покрај големиот интерес за него, бидејќи управата на Волфсбург бара обештетување од 40 милиони евра.
Ова во вторникот го соопшти агентот на Џеко, Силвано Мартин, потврдувајќи дека за репрезентативецот на Босна и Херцеговина биле заинтересирани неколку европски гиганти.
Тој информираше дека и покрај покажа интерес засега не стигнала ниту една официјална понуда за трансфер на Џеко, кој лично би сакал да заигра за Милан.
„Заинтересираните клубови ќе мораат да платат 40 милиони евра за Џеко, што е прилично скапо“, изјави Мартина.
Џеко (24), кој потекнува од школата на сараевски Железничар, минатата година беше најзаслужен за првата шампионска титула во историјата на Волфсбург. /крај/б/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Артета е горд на своите играчи и на она што го покажаа

Пари Сен Жермен се пласираше во финалето на Лигата на шампионите откако во реваншот на „Паркот на принцовите“ го победи Арсенал со 2:1. Со оваа победа, тие го потврдија триумфот од првиот натпревар на „Емирати“ со 1:0 и ќе играат против Интер во Минхен на 31 мај.
Тренерот на Арсенал, Микел Артета, даде изјава за „ТНТ Спортс“ по натпреварот.
„Прво, честитки до Париз за пласманот во финалето. Кога ќе погледнете кој беше нивниот клучен играч во текот на овие два натпревари, јасно е дека тоа беше нивниот голман, Донарума. Тој го реши овој натпревар. Мислам дека бевме многу блиску, многу поблиску отколку што покажуваат резултатите. Горд сум на моите играчи, за сè што покажаа вечерва и како го издржаа притисокот“, рече Артета.
Спорт
(Видео) Роналдо и третата сезона без титула – ги нападна своите соиграчи

Откако пристигна во Ал-Наср (во декември 2022 година), Кристијано Роналдо не успеа да го освои најважниот домашен трофеј.
Вечерва, во најважниот натпревар во овој дел од сезоната, Ал-Наср беше поразен од лидерот во првенството Ал-Итихад (2:3) и покрај водството од 2:0, со што остана и без теоретска шанса да се вклучи во борбата за титулата.
За да ја влоши ситуацијата уште повеќе за Ал Наср, неговите играчи и навивачи, Роналдо ги нападна соиграчите во текот на вечерта.
Со јасна гестикулација што секој во светот можеше да ја види, тој им порача дека спијат за време на играта.
Ronaldo telling his teammates that they are sleeping, meanwhile, he’s the one sleeping! 😭 pic.twitter.com/o0lkA7qSnU
— BeksFCB (@Joshua__Ubeku) May 7, 2025
Да се потсетиме дека тимот на Роналдо неодамна беше елиминиран од борбата за уште еден голем трофеј, Азиската Лига на шампиони.
Ал-Наср загуби во полуфиналето од јапонскиот Кавасаки Фронтале.
Кристијано Роналдо со Ал-Наср, досега го освои само Купот на арапските клубови во 2023 година.
Откако му се приклучи на Ал-Наср, Роналдо постигна 93 гола на 101 натпревар, но не освои ниту еден значаен трофеј.
Спорт
Мундо Депортиво: На Барса и пресуди пријателот на Реал Мадрид

Барселона и Интер во вторникот го завршија еден од најдобрите двомечи во историјата на нокаут фазата од Лигата на шампионите.
Откако двата натпревари завршија со идентичен резултат од 3:3, Интер успеа да постигне уште еден гол во продолжението и да се пласира во финалето. Полскиот судија Шимон Марчинијак исто така беше во фокусот по натпреварот.
Каталонските медиуми потсетуваат дека неговиот однос со Реал Мадрид е „пријателски“, а извлекоа и видео на кое тој има торбичка со логото на „кралскиот клуб“ во соблекувалната.
Марчинијак во корист на Реал го поништи пеналот на напаѓачот на Атлетико Мадрид, Хулијан Алварез, во осминафиналето од овогодинешната Лига на шампиони.
Barca, Bayern, Atletico fans, let us start a petition against Marciniak. We all got robbed by him within a year because he works for Real Madrid. It would be nice if someone started some sort of petition, I‘ll be the first to sign it. pic.twitter.com/dFDkB0HFYu
— – (@MusialaEra) May 7, 2025
Шпанскиот медиум „Мундо Депортиво“, како и тренерот и играчите на Барселона, тврдат дека Марчинијак судел во корист на Интер.
„Секогаш кога имаше спорна ситуација, Полјакот и неговите ВАР асистенти пресудуваа во корист на Интер. Марчинијак, кој има пријателско минато со Реал Мадрид, ја оштети Барса со своите асистенти“, пишува „Мундо Депортиво“.